Зар има поубав Понеделник од тоа кога кретен ти дојде и ти се замислува дека од Хардвард дошол? Комбинирано со мојот пмс, целиот ден ми е смс, wtf, ѓфгк Coktails: NOW!
Втор пат во животов ми се случува предизвик од ваков тип. Мали слепи мачиња оставени пред врата во кутија за кондури. Што треба да научам од ова? Ги наместив на термофор, им купив козјо млеко, шприцеви, ги ставив и на сонце, им пуштам музика, им ставив плишано мече да мислат дека е мајка им, им купив сунѓерче за да ги мијам небаре мајка им кога ги лиже... и си викам со паметов, Арна ли си ма ти? Пред 13 години имав мачка која умре, ми остави мачиња слепи, само што родени. Ги изгледав во цели мачаци. Цела фамилија се грижевме за нив. Сега пак... Од се нешто треба да се научи. Другарка ми ми вика - фрли ги ма, нема да ти преживеат. Што знам... две минијатурни створчиња, мали животчиња мене ми се вредни... Имам бебиња. Дојдете на мекици. Стварно, што треба да научам или повторам нешто што сум заборавила? Може време е за бебе?
Се радувам иако знам дека ќе биде кратко. Останувам иако разумот во мене на цел глас вика... да бегам оттаму.
Од понеделник почнувам на пракса во банка и спремна сум да научам нови работи, да се соочам со различни предизвици и да покажам што знам. Па дали ќе останам на работа или не, времето ќе покаже. Всушност сум премногу радосна конечно ќе почнам нешто по струка.
Април со променливо расположение... Топло-ладни бранови си поигруваат со мојата силуета како и временската разузданост. Расплетени мисли, филтрирани чувства и монотони ситуации ме будат во раните мугри. Проголтана доза кафе на стереотипното мени и растурени парчиња звуци ми го скротуваат медитативниот поглед. Нова сезона и продолжена надеж за поблиски можности. Природата е во полн ек за најколоритното издание, а јас ги чекорам најубавите години. Мирисот на цветови и храна ме провоцира да направам комбинации што тешко си подаваат рака. Го отворам личниот ентериер и се ослободувам од потребата за отстранување на насобраниот товар. Полесни полици и помалку отпад во себе и на себе за добро и убаво. Сакам шопинг и пешачење, ама задоволството го приклучувам на повисоко ниво кога сум во сопствено друштво. Не преферирам ништо со префиксот супер затоа што ми е пренагласено нереален. И тоа што е убаво треба да се селектира за да остане убаво. Доброто е добро кога го искусувам, а не кога напразно го слушам. Додека останатите љубопитно се расфрлаат со броеви, јас го вртам праменот коса и си ги подредувам буквите. Темите на разговор што не одговараат на мојот нарав ги вклучувам на бесчујна опција. Пасивноста полезно ја избирам само кога треба да избегнам напорни ситуации. Доброто, навистина е најдобро тогаш... На своја кожа...
Зошто некои луѓе не можат да сфатат дека едноставно за некои работи не размислувате исто и не, во никој случај не би постапиле исто како нив? Зошто сопствените грешки ги оправдуваат со тоа дека сите така би направиле? Не може ти да имаш поинакво гледање на работите од нив, ако кажеш нешто спротивно од нивното одма си ти таа што се правиш силна, нешто демек изведуваш, а нели секако на крај ќе постапиш идентично како што предвиделе, зашто сите луѓе сме исти нели, не може некој да е поразличен. Не бре, јас имам карактер за разлика од вас, многу пати сум го истерала своето и пак ќе го истерам. Никој нема да ме спречи. Ако кажам дека нешто ќе направам, така и ќе биде. Бегајте од вакви луѓе. Напорни се. Слепото верување во нешто и гледање само напред, без да се вртите лево, десно, па и назад ако треба, за мене е рамно на глупост и лудост. Работите не се црно - бели. Свртете се околу вас малку, научете нешто ново, не бидете толку затворени за нови информации. Да не сакате да слушнете нешто поинакво од секојдневното, да не сакате да видите нешто поинакво од она на кое сме научени, да не сакате да се мрднете од комфорна зона е жално. Да живеам онака како што друг ми сервира за мене е страшно и рамно на робување. Јас добра, а вие? Ве читам редовно, додека се возам во автобус, додека чекам автобус, на пауза на работа и така. Ама немам време да пишам. Уште сум најзаљубена, секој дека се' повеќе и повеќе, работата се' уште си ја сакам и ме исполнува, се ориентирав повеќе на спорт и здрав живот, ме чекаат некои нови предизвици... Само време ми недостига, барем уште два часа плус да имаше денот. Само толку ми недостига, да можев барем книгите да ги дочитам што ми стојат цел месец на полица и пропуштените епизоди од сериите да ги гледам ама ќе биде.
Кога сум настината, се чувствувам како да сум во делириум. Зборувам крајно неповрзани работи, ги носам на некое ниво на кое никогаш не би помислила да ги однесам. Ме живцираат "бош" муабети, уште повеќе луѓето кои пробуваат да направат small talk со мене. Да се разбереме - не користам никакви медикаменти кои би ја предизвикале оваа бура која непотребно ме исцрпува. Едноставно, настинката го извлекува најлошото од мене. Не ме барајте, деновиве сум прикована во кревет, заедно со мачката гледаме филмови од '80тите. Се враќам кога ќе ми изгрее сонцето
Воопшто не е одлична идејата да ја гледаш Казабланка кога си во пмс. Аман од мене денес Really, аман и од овој ден.
Зарем треба луѓево околу мене за се да ги потсетувам? Нели треба да памтите работи кои треба да ги извршите? Секогаш сум јас таа која потсетува секого...
Оти така ме гледаш? Оти толку убо се смееш? Оти секогаш ми зборваш? Оти глупости прашвам? Оти бе да ти се плукнам 1+ добив на математика тестот? И оти се радвав на то? Оти секогаш ме гледаш со насмевка? Оти си убав? Каде е таа храброст да ти го дознаам името? Чекајте бе малце...шо ми се дешава? Носот црвен,кивам,халуцинирам нешто со лепотанот...абе настината сум бре! Ете шо е
Премногу е понеделник за да правам било што. И сега, премногу математика и ИЧ желба и мотивација за вежбање. Се откажав јас од математика уште по првата 3ка (уште непреболена) и не добив мотив за повеќе да учам, зошто само успехот може да ми биде мотивација. Ах,зошто никој не ме предупреди дека тинејџерските години не се толку убави? Посебно не кога имаш 17 и се околу тебе те погодува.. а, и ова што сум во ПМС само ме тера да мразам математика уште повеќе, а и се околу мене!!
Нека почива во мир платата на мама бидејќи неделава ке ја трошам. Немам ич hard feelings кога давам пари за книга. Единствената дилема ми е која книга прво да купам. И потоа жалам што не можам да ги имам сите книги од саемот.