Овие новопечениве мајки се чудо. На фејсбук ги гледаш вака го облекла, тоа му направила за јадење, не напраило уште два саати од како е родено и одма на профилна го става. А кога ќе им отидеш дома... Ај мамо дај му за јадење, ај мамо избањај го, ајј мамо те молам испеглај му ги и испери му ги шпикозните, тргнале на пат и се избацува а мамо му зема млеко?? И следуваат муабети од типот леле немам време за ништо со детево многу обврски си сака. Ааалооо?!?! Тргни го телефонот од рака, заинтересирај се малце за мајчинството и сите пропратни работи околу него. Толку многу примери имам што во фамилија, што по комшии ми се гади чим ги видам. Алал да им е на сите оние што сами си ги средуваат сите обврски околу децата без помош од мама, што средуваат дома, па и на работа ако одат плус!
Сдк: @AngelOfArh нека е живо и здраво бебенцето цел живот убавини и среќа да го следат.Бацки и гушки до тебе и малото човече!
По очите на секој му се познава колку е добар, колку е лош. Тие никогаш не лажат, па кој што сака нека ми каже. Некој што се прави толку добар ала Мајка Тереза, а едноставно му ја гледаш таа линија, таа жичка на злобичка во него. Друг со намера се прави лош, само да се вклопи во друштвото, а во очите му гледаш дека само малку е изгубен, дека му треба некој да му каже дека дозволени се чувствата, дека е добар.
Не е нормално што живеам со таква шизофренија дека треба секогаш да сум на максимум. Или тоа е вкоренето во традицијата македонска? Да се срамиш од болката?! А ме пецне, а ме здоболи ....се осеќам вештачко. А болката е природна, природна тежина Толку се соочив со себе, што треба да се одсоочам.
Луѓето се навистина гадни, знаете нели? Не сфаќам зошто некој би се замарал со некој друг дури и на форум...
За мене беше совршен ден за отварање на нова тегла путер од кикирики, мхм. Кога ќе помислам дека постои такво совршенство понекогаш тешко ми е да бидам атеист. Сигурно за постоењето на путерот од кикирики е одговорен некој семоќен Бог.
Денес од сабајле бев на факултет, па на спремање во Прилеп, па пат за дома ем на сето тоа неспана... Значи денот нерва! И му викам на дечко ми сега како ми се јади сладолед лелелеле многу ми е мака да одам да си купам. Ми ѕвони слези долу и го гледам со сладолед! <3 Аххххх...Срце мое <3
Секој човек кој ќе се појави во нашиот живот е наш учител. Се појавува во момент кога не сме ни свесни дека ни е потребен, а неговото отсуство ни укажува на научената лекција. Некои учители остануваат подолго, некои пократко, но сите заминуваат. Сите не учат дека порано или подоцна, во еден момент од нашиот живот, ќе се соочиме со самите себеси, при што треба да го прифатиме и (за)сакаме одразот во огледалото. На крајот од денот, ние самите сме се што имаме - склоп од душевни отпечатоци.
Убав понеделник беше ова. Уморна сум, ама не можам да се натерам да си легнам. Тоа е тоа чувство, кога не ти излегува од мислите. Толку позитивна, прекрасна личност! Денес за првпат се фатив себеси како сама си се смешкам додека се враќав накај дома. Будала. Денови како овој не треба да имаат крај.
Аман де шо е со љубомората, значи не е порака туку обичен лајк. Шо ќе напраиш некој у продавница или бутик ако и се пушта, ќе го отепаш? Spoiler Кога ќе подразмислам малку ова доаѓа у момент една друга ми кажа дека не сме одговарале физички, а види ваму шо се случува еден мој лајк на некоја што одвај ја знам виртуелно внесува сомнеж. Уствари каков сомнеж, самата моја појава е причина за многу раскинувања За вкусовите не се расправа добро де сакав да се расположам малце, ништо друго
Добро до кое ниво им е спуштена самодовербата на денешниве мажи ? Абе некој 6 дена да те глеа како да ќе те изеде и да не ти пријде. Боже свашта...
Моето детство заврши во моментот кога тој реши дека едноставно му е доволно од овој земски живот и си замина некаде натаму... Богами, ниту јас не знам каде, ама уште си велам дека сигурно му е многу подобро од тука, не пробувам да се убедам или утешам, едноставно знам, затоа што како минува времето, не ти треба кантар да го процениш квалитетот на нечија личност. Година дена како не сум повеќе девојче, ами постанав девојка и еве не гледам никаква разлика - уште ме болат подеднакво исто ко првиот ден сите мои болки и ќудта ми останала иста, а толку мислев дека ќе ме удри така по глава, па ќе ме освести и ќе ме промени, ама попусто. Нејсе, сфатив дека со тек на време навистина се навикнуваш да живееш со нешто што те погодило и не е тоа никаков клише муабет, ама дека некогаш ќе заборавиш или дека сè ќе исчезне така лесно ко да е флека шлакната со она магично wanishing мастило - нормално дека не. И така, си куцам и си кликам, па се замислувам и се спенувам кога ќе ми довикне од некаде на која дестинација сум била во моментот. Хм, па како ли да ти кажам и објаснам, ама ај од негде да почнам - стартот ми е со седмиот лист од онаа глупава општинска зграда која ја шлакам ко ќерпич веќе два месеци и никако да ја дошлакам, па ми текнува дека имам дипломска за куцање и цртање (ми текнува и дека треба да ми сечеш каротни за макета, ама остај, ќе ме изнервираш и ќе те испратам на убаво место па ќе ми биде криво). Ми се мотаат во глава некои случајни стихови, па си се самопотсетувам да земам ливче и да си ги наредам во Хаику пред да ми избега мислата; ми се враќа филмот назад и ми текнува на муабетите на луѓе кои можеби и прв пат ме видоа во животот, а ми кажаа: „Боже Господе, плукната мајка ти.“ Па се смешкам така под брк кога ми светнува дека мајка ми ми кажа, нормално до негде и на шала: „Aј молчи си пред татко ти, ќе се натажи кога ќе чуе, не може човекот да се помири со фактот дека одамна веќе не си 3 години и не личиш на него.“ Сирот мој татко, барем останав плавуша на него, ако не друго - и тоа е нешто. ....чекај, златен, (до) каде бев (со мислите) ?! Нејсе, дај пушти Massive Attack. Уште оваа песна, му велам, па одиме дома. Доста беше за денеска. Ме гледа така бледо ко паднат од Марс, ми вика: „Абе, па јас те прашав што ќе јадеме, ти ми збориш глупости.“ Дајте други дроги муабет, од овие очигледно почела сам да чујем дечје гласове.
Морам да бидам фина со сите значи ... Оваа искреност ми донесе многу душмани . Климај си со глава , смешкај им се и тоа е . Море нека пукнат бе , бројам по 10 и пак ќе им плексам смирено се во лице ! Безобразна , дрска , брзоплета , иронична , саркастична ? Епа таква сте ме заслужиле ! Незнам јас како вас подмукло де, не ме учеле така!
Одамна имам пишувано овде за документарецот што го гледав за Северна Кореа пред неколку години. Хрватски новинар оди таму, му даваат виза благодарение на Тито и човекот многу убаво и реално зборува за тоа што гледа. Едно време се фасцинирав (не во позитивна смисла) со начинот на живот таму, како покорно си живеат, како ги колат и ги бесат за најбанални ситници... А на документарецот, луѓето насмеани од уво до уво. И вечно ќе му ги памтам зборовите на новинарот - Не знам дали се среќни само за пред камери или се навистина среќни, затоа што не знаат за подобро. Вчера, по не знам колку време, вниманието ми го привлече една добропозната емисија што оди на телевизија. Мажот и жената толку беа добродушни, толку смирено зборуваа, толку беа среќни и благодарни за тоа што го имаат, не можам да ви објаснам. Ги гледаш и се полниш со позитивна енергија. Знаете, во ликот некогаш се гледа тоа, дури и преку телевизор, ги гледаш и си викаш види, луѓево зрачат. Беа далеку од убави, се гледаше дека се, ете, така... поскромни, ама јас одамна немав видено попрекрасни луѓе. Се гледа дека немаат повеќе од некое сопче, дека се мачат и работат во некое поле... А зрачат ли зрачат. И колку беа благодарни бре, колку само беа благодарни, се засрамив колку малку имаа, а колку беа благодарни. Искрено, им позавидев. Јас ни во моите најсреќни и најисполнети денови не зрачев така како нив. Во тие мои денови, мислам дека од мене светеше само желбата за уште и за уште, да бараш, да грабаш, да се бориш. Не знам, дали е карактер во прашање, дали навистина секој си носи некоја лудост во себе, па зависи кај ќе ти штракне, со тоа ќе се бориш. Ама е огромна, море, велика особина, да можеш да се задоволиш толку многу со толку малку. Не велам ни најмалку дека сите треба да си копаме и да си бидеме среќни, да си живуркаме, не, не, ме знаете, јас прва ќе се пореметам така. Ама... Ќе се намирам ли некогаш? Ќе биде ли било што доволно за и јас да бидам како нив? Ќе биде ли некој доволно луд за да ги истрпи моите хирови? А, јас неговите? Нели е погубно ако и двајцата се такви, кој кого попрво да спасува? Ама би сакала да ја знам тајната на таквата внатрешна среќа, задоволство и мир. Затоа што еве, ги имам и по некое време, тап, ги снемува... И единственото нешто што може да ми ги врати е да се впуштам во нешто што ми го превртува целиот свет наопаку. Многу мислам, ептен. Може тоа е тајната, да не мислам толку.
Oвa мaлoвo пoчнa се пoреткo дa трчa oд рaдoст кoн врaтaтa кoгa си дoaѓaм oд рaбoтa, пoреткo се гушкa, се гaли, се умилкувa. Мoже е периoд, се преиспитувaм јaс дa не грешaм, иако претпоставувам дел од процес на растење е. Читам на нет, глумам кловн, пробувам на сите начини...морам да признаам ново е ова за мене. Да молам за внимание Добро вели маж ми -конечно некој што ќе ти го дотера паметот. Oвaa неделa јaдaм кo дa ми е пoследнo. Телoвo сигнaлизирa зa дoстa, сaмo си знaе кoлку му требa пa зaтoa имaм мaчнини вo стoмaк, пoдуенoст...aмa игнoрирaм упoрнo, психaтa си јa слушaм. А oнa зaпнaлa -јaди тa јaди.
По неа се познава колку "добро и влијае" врската. Вишок килограми, нема волја за средување, нема амбиции, а и да ги има, саканиот се потрудува секој пат да ја убаво спушти на земја. Нејзиниот најголем сон-Њујорк, а неговиот коментар пред сите нас беше: Нема ништо да биде од таа твојата Америка. И,и се исмеа во фаца. А највеќе од се, ја научи како секогаш да си ги гледа мааните. Самодовербата на нула, несигурноста +10. Првата нејзина плата, наместо на неа да ја потроши, не! Мораше да се купува поклони за него, мајка му, детето на најдобриот другар, неговите внуци и сл. И после, таа насамо: Ама тој е многу добар, прв тој предложи да идеме таму, тој сака јас да напредувам. Мене нема потреба никој да ми се правда, не е тој мој партнер, нема потреба да ми создаваш мене лажна слика за тоа што го гледам. Да си ти во 10-годишна врска и да криеш од партнерот дека си отишла на интервју за поголема позиција, во друг град, не знам кој се залажува. Затоа откако разбра, веднаш и најде работа, во фирмата на другарот, а не ја праша ни дали сака, таа веднаш мораше да тргне. И покрај се, наместо да се опамети, си го трошеше времето и секогаш доаѓаше со муабети за мојот, внукот на Ал Капоне. Тој бил лош и сешто се зборувало. Лош затоа што ме инспирира да се средувам, пред се за себе. Што секогаш е да сме најдобро дотерани, да се вежба, да се патува, да се сонува. Да бидеме на врвот. Нема да го наречам свој партнер ако ми се смее на амбициозноста. Кој како си ја нареди. Толку од мене.
Поминаа неколку месеци од таа случка, но како да беше вчера кога ми заsвони телефонот и ми кажаа. Останав без текст, се шокирав, бев изгубена кога одеднаш ги почувствував солзите како полека се спуштаат .... Се сеќавам дека плачев на цел глас, почувствував голема кнедла во грлото, а и уште ја чувствувам. Ми недостасува, навистина знам дека би сакала да ја видам уште еднаш, но нема да ја видам, а тоа ме прави да се чувствувам беспомошно. Никогаш нема да ја заборавам нејзината последна прегратка и последниот бакнеж. Се надевам дека е на некое поубаво место и сепак еден ден ќе се видиме, но сега е прерано. Те сакам, почивај во мир
Ти му викаш изборите се местени, луѓето се уценувани да гласаат, мртви луѓе гласаат, луѓе што не се во државата по 10плус години, луѓе шо воопшто не постојат! Тие упорно излезете на демократски и фер избори! Џизс Крајст! Прост народ до тука бива! Ако имаше демократија во земјава немаше на ова тереџе да сме дојдени. Море да си барам чаре да киднам од овде... Стрес ми е државата!
Едвај чекам да помине неделава. Мислам дека уште викендов ќе почнам да се пакувам. Време е да се излезе од Скопјево.