Trebalo da odime vo prodavnici cevli da kupime za matura i uste edna celosna promena za sabajlinata. Zgora na se i jas sum trebalo da kupam nesto.Pa ne mi e mene matura Sto nejkum za vikend vo prodavnica da odam. Cela sreka sto Speedy Gonzales treba da kupuva pa ke zavrsime za eden saat. A sto ke pravime so mene? Abe aje dete ke slusam. Alista miljon doma ke odam novi da kupuvam za da me ima na 3 sliki. Najtragicno nikoj nema da znae dali se novi
Утрово се вратив од екскурзија и ете ме уште сум под импресии и не можам да се присоберам.Прекрасни градови,прекрасни држави.Видов друг народ,запознав нова култура,научив нешто ново и најважно од се, се стекнав со спомени за цел живот. Спомени врежани во меморијата, а и во срцето кои ќе ме потсетуваат на прекрасни 7 дена поминати во прекрасно друштво и во прекрасни земји. Би ги повторувала овие 7 дена одново и одново и мислам дека нема да ми здосади никогаш. Во меѓувреме,денес славам 3 годишнина на форумот. Една витруела гушка до сите вас од кои секојдневно учам по нешто ново за секој сегмент од животот. Ви благодарам што ме мотивирате,инспирирате и ми го разубавувате секојдневието.
Во принцип сум човек што учи брзо. Во средно школо 10 лекции за 1 час ги имав научено и тоа на памет. Зборуваме со другарка за работењето со фискалните сметки и ми кажува дека е тешко, нејзе и било тешко да ја научи касата и мисли дека и мене ќе ми биде. Јас и велам тоа е проста работа ќе научам одма и другаркава се наљути. Па добро бре човек, јас за мене велам дека е просто, а не за тебе. Мислам што се натпреваруваш со мене, сите учат никој не се родил учен.
СДК, кога се предавате истовремено со другиот тим, вие сте полоши, ама нивното предавање беше побрзо и ја победвате партијата. Колку лоша игра еј.
Несоодветен ти е зборот проста работа. Можеш да кажеш дека сметаш дека тебе тоа нема да ти е проблем, се надеваш лесно ќе го совладаш, ти делува лесно и ред други работи без да го употребиш тоа проста . Делува надмено и навредувачки спрема другарка ти која има потешкотии со истото.
Кога имате соништа, цел која ви го обојува секојдневието, храброст која ве следи секогаш кога без премногу размислување се обидувате да направите разлика и срце кое знаете дека е храбро и моќно, кое знаете дека може неверојатно да сака... Ве молам затворете ги ушите за сите оние кои од петни жили се трудат да ве убедат дека животот не е игра, дека разумот пресудува и дека генијалноста, уникатноста и силата не живеат во вас... дека просечноста е збор кој ќе го опишува вашиот живот..... И секако земете ја „Патот кон величественоста “од Робин Шарма... и смејте им се на вашите„советници“ во секое ново поглавје....
Чудно е колку човек може да се смени за година дена. Околината, луѓето, случувањата можат многу да влијаат. Еве ја на пример не можам да се препознаам колку се сменив. Порано бев личност без самодоверба која паѓаше на провокациите и лошите зборови, наивна што верував во луѓето, а сега си ја вратив самодовербата, не ме интересира што збори некој за мене, нормално е да зборат, луѓе се, а и повеќе не сум наивна, отворив очи и повеќето работи ги сфаќам со резерва. Добро е кога си задоволен што си поработел на себеси и си се променил на подобро.
Сакам да ја имам самодовербата на оние кои живеат со умисленоста - образувана сум и вредам, во време кога сите сме образувани на факултет, но не и поинаку... Такви кои не се образувани за самите себе си, кои се и што сакаат во животот.
Од утре решив да вежбам јога. Случајно фатив емисија за тоа, па после гледав и видеа и читав искуства од многу луѓе, и мислам баш тоа сега ми треба. Го опушта цело тело, го ослободува мозокот, учиш да дишиш правилно, срцето почнува побавно и полесно да работи, се блокира стрсот и нервозата. Плус со доволно и подолго вежбање почнуваш ТИ да ги конторлираш емоциите, мозокот и мислите, а не ТИЕ тебе да те контролираат. Едноставно со јогата си ја превземаш конторлата со свои раце, и можеш да се спраиш со секаква стресна ситуација. Ама нормално трпение треба, не може од 2-3 вежбања и одма резултати да има. И мора да почнам што повеќе вода да пијам, за почеток доволни се 5 чаши на ден, после може плус по една да се накачи, па да се дојде до 8 чаши на ден...а сега може 3-4 чаши пијам, што е прилично малку И за неа читав кои "моќи" ги има. Добра е и за внатрешен и за надворешен изглед, ама ние ја имаме во секое време при рака па не ја цениме толку. Абе вода...ех, абе вода, ама ај прашај ги тие од Африка дали и за нив е "АБЕ ВОДА". Инаку пред некој ден во парк одма во наша близнина седеа млади рдители и малечко девојче, од прилика немаше повеќе од 2 години. И мајката го прати таткото да купел не знам што, не ни слушнав вадеше пари од ташна, а тоа малечкото вика; Тато ќе ми купиш чоколатце? Од тие убавите, а ние ќе те чекаме овде. Знаеш колку ќе те сакам ако ми купиш такво чоколатце? И овој се смешка, и вика добро ќе ти купам. Тргна човекот, се оддалечи, а девојчето на цел глас: Тато, тато, ама и ако не ми купиш чоколатце јас пак ќе те сакам Слатко душиче, ај како може на такво суштество да повишиш тон или да не му купиш едно чоколатце. п.с. сега правев пауза од учењето и еве овде ја искористив по форумов да се едуцирам нешто плус ама се откажав. Си влегов во кафе муабети и ми помина паузата
Како беше тоа, со некои луѓе губиш време а со други губиш чувство за време. Се радувам зашто имам таква личност во животот. Деновите и часовите ми поминуваат за миг. Е во такви моменти сакам да го запрам времето, но тоа не го можам. Можам само да уживам во секоја секунда, знаејќи дека ако ништо друго, кога се ќе заврши ќе ги имам најубавите спомени. Доаѓа уште еден понеделник, а јас обожавам понеделници. Обожавам почетоци, обожавам да сум продуктивна, и обврските да ги извршувам со задоволство. Ви посакувам најубав почеток на новата работна недела!
Понекогаш во животот доаѓаат и тие моменти кога е потребно да се затворат некои врати засекогаш, не поради неспособност за справување со проблемите, не поради сопствено его, гордост, суета, туку поради тоа што можноста зад тие врати згаснала... Мразам кога морам да кренам раце од нешто кое навистина ми е значело, т.е. и сеуште ми значи, мразам кога давам се од себе и не добивам фидбек, мразам кога сум немоќна да влијаам и кога работите не зависат само од мене, но највеќе мразам да си давам лажна надеж... Да, сакам да верувам во ова...