Se veriv na 1- vi April. Uste neznam dali e shega ili ne. A be, samo mene ova mojt da mi se slucit xD
На моменти се чувствувам празна,неисполнета. Очајно ми фали друштвото што остана во Америка. вчера се гледавме на камера, во последно многу сум кревка во душа не искажувам ама во себе пукам. Почнува да ми фалат работи кои се смешни. Ми фали дрвото под кое чекавме автобус ,а јас дури вчера заприметив дека го нема, каде што се кикотевме со часови, се тешевме.. Во последно сум толку затворена личност што ни самата не се препознавам. Ми ја нема смислата за хумор...
Може едно признание онака понеделнички? Да? ок, фала. Ова униформиве низ градов ми ги полудеа хормониве скроз нас скроз и работава е дојдена до тоа што отварам статии за протестиве исклучиво за да гледам слики од мажиштава. Гледам и лиги ми течат. . guilty as charged! M, Spoiler п.с. ми нема потажна песна од оваа на @ninja35 , на понеделничка дождовна депресија уште ова фали
Некогаш треба да се откачиш од некои луѓе во животот за да ти тргне. Тру стори. Не сакам луѓе кои се лутат кога намерно им го правиш истото што ти го прават они тебе. Кога ќе ги конфронтираш - во нивниот случај секогаш е поразлично. Да поразлично е што си сероња. И такви кои ќе зезнат работа и чекаат реакција твоја, не преземаат ништо и не се извинуваат. Овака се прави селекција на пример.
Среќата е вонвременска димензија по која секој трага. Знаеме да ја забележиме, да ја почувствуваме и да ја споделиме со другите. Има невидлив израз, неутрален мирис, доминантна моќ и вознесена големина сместени во различно пакување што од некаде не демне со подотворена врата. Копаме до неа, правиме планови, ама зад тоа наидуваме на куп препреки и интриги. Некогаш толку малку чекори не делат од неа, а чиниме толку сме пропешачиле до таа причинско-последична врска. Очекувањата имаат континуиран пулс што успеваат да го поместат невозможното и сосема пропорционално да се подредат по една насока кога најмалку се надеваме дека ќе биде насока. Во тој правец со себе носам неколку бавни среќи и уште толку интензивни таги. Патем, не се сеќавам кога последен пат сум видела да потечат солзи-радосници по нечии образи за да ги запознаам пријателски. Можеби скоро и одблиску, тоа ќе бидат моите, кои ќе ги гледам од другата страна на огледалото и ќе ги оставам да се тркалаат по кожата.
Луѓево почнаа периодов да ме прашуваат зошто сум толку насмеана, дали имало некоја радосна вест што не сум ја споделила со нив. А бидејќи нема ништо спектакуларно, баш се замислив што правам поинаку од друг пат. Сума сумарум рецептот е: караоке по дома додека сум сама, со играње, со пеење, се се.. онака буквално сета енергија да ја исфрлиш; оргазам; конечно задоволна од сопственото тело и прифаќање на многу нови шанси. Понеделнички со розови очила.
Ја па сакам кога врне, ама да сум дома. Ми е убаво. Или си гледаш филмче на такво време или спиеш. Или едниставно лежиш и уживаш, зошто да не. Решив парите што требаше да ги дадам за мај, да ги дадам на нешто повредно и одлично се чувствувам поради тоа Дет ис ол
Подобра диета од; ме мрзи да си купам/направам не постои. Проверено. Одамна немам вака јадено свежо овошје.
Демек сум зрела, а компромиси не сакам.Нит знам што е добро, а што лошо. Исклучително лесно ми е да викам, изгледа така треба. Ваистина е, немам желудник за тоа. Тој пак , пресреќен, вика ти си совршено мало биќе. Има прекуокеански нозе и раце, пак се осеќам како зрнце песок. Како се викаше тоа , симбиоза? Битно е да се друшкаме и гушкаме, ај да видам како дишеме заедно.