Јас живеам во два света. Првиот е оној, мислам овој реалниов свет во кој сите живееме. Или преживуваме.. За кого како. Е. И нели овој свет е многу голем. А јас сум мала. Минијатурна, незабележлива, неважна. Мене овој страшен свет со смрдени грди луѓе не ми беше доволен. Па, свој си создадов. Што? Ме прашувате каде е? Еве го, во мојата глава. Не можете да дојдете. А, можеби и веќе сте таму. И во мојот свет има многу луѓе. А знаете што е разликата? Јас сум таму главна. Тој свет е мој. Епа чао свете смрден, заминав јас во мојот.
Не јадам, не читам книги, не се смеам, не разговарам со никој, не станувам од кревет. Не чувствувам среќа, болка. Ништо. Не живеам веќе. Како да ме проголтала некоја огромна празнина. Не знам ни кај сум. Не знам ни дали некогаш веќе ќе видам светлина, убавина. Сѐ е темно и празно.
Некогаш ти е нејасно, ем убаво, да се осеќаш како бродче у шишенце... Никаде не припаѓаш, онака, лежерно...Се знае по нешто за тебе, негде-другде,ама уште недоволно.... Почесто не ти е така убаво, си мислиш исто ти е... Исто е, ама не е . А што е она нормалното? За мене е тоа непостоечки поим....
Понекогаш застанувам, застанувам и со разум и со срце и со целава душа што ја имам во себе и се чудам, дешифрирам и размислувам што ли тоа е љубовта?! Кој ја створил?! Дали е можно да не можеш да дишеш од љубов?! Од чуства за одредена особа?! Како ли се створил тој дел во нас..толку мал, невин, неважен, невидлив и недопирлив.. а уствари толку голем, енормен, семоќен дел, дел со зилион чуства и емоции, дел каде што при секоја тага се кршиш од болка, се превиткуваш до безвест и патиш, липаш и трепериш како лист пред толку мало чуство, мал дел, мало парче тајна.. тајна бесконечна и неограничена. А.. при секоја радост плениш, зрачиш и се смееш од задоволство и кејф.. Ех.. што тоа беше љубов.. Како се створи.. Кој го измисли тоа чуство, ден проклето, ден незамиаливо среќно и задоволно. Потребен ми е, потребен ми е секогаш и во секоја секунда од мојот живот, не би издржала да не му ги видам тие прекрасни очи и тој бесценет блесок во него, од камен да сум пред него се рушам од најмалиот можен здив, од камен да сум се губам во неговата непроцелива прегратка. Толку ли може да е интензивно и проклето сакано чуство, чуство на се, буквално се во мојот живот. Љубов е кога умееш да се разбереш со еден збор, една мимика, еден крик, еден поглед и еден потег.. Љубов е кога на себе не мислиш ами на тој.. Љубов е кога обожаваш да го погледнеш неговото задоволно лице од се тоа што го имаш направено за него.. Љубов е и кога вриштиш од болка а тој не е тука.. Љубов е и кога вриштиш од среќа кога тој најневеројатно и сосема случајно пробува и цел свет ти го послужува во тацна.. Љубов е и кога едвај го чекаш да дојде.. да приумриш покрај таа бескрајно топла прегратка, се губиш во тој еден и единствен бакнеж.. Љубов е и кога знае што ти е без да те праша.. го знаеш .. те знае, збор по збор - цела бајка.. Љубов е кога умееш да го љубиш толку силно како никого и никогаш досега.. кога посакуваш да летнеш над некој облак од некоја несвесно минијатурна негова постапка.. А тој вели.. Љубов е и кога ќе те барам насекаде и во мојот втор, трет и билионски живот.. А што тоа беше љубов?!
Она кога те држат емоции по гледање на некој многу добар филм. И не сакаш да се вратиш во реалноста. Возбуда, среќа и страст
Е па не сте фер … Не сум ни за во Младинско ќоше, ниту за во… ајде ќе речам Зрелото ќоше. Па не сум ни Мамичка. Гледам погоре се пожалиле другарите ама стварно во право се, ќе треба да ве тужиме за дискриминација. Навистина многу се подели форумот. @RainBow ние во која група спаѓаме?
СДК... Моментите што треба да ги препознаеме низ чувствата не треба да ги означуваме со фразата мислам дека, дури и кога одговорот го нема саканиот вкус. Одвиткувањето на чувствата е потешка фаза од заробувањето на мислите ако слоевито сме ги спакувале и поттурнеле таму некаде...
Понекогаш чувствувам како да нема тема на која не припаѓам, ко сите мои да се А другпат како никаде да не ми е местото, отпадник. За секој случај ќе си најдам една забаталена, и сама ќе почнам да си пишувам во неа. Никој да не ми се меша
Па каде ти е удобно, таму пишувај си. Не е поделен, само си бараат членките слободен простор за неврзани муабети на повеќе теми. И јас како Бриџи, некогаш сум сегде, а некогаш па нигде. Има периоди, па и од обврски не можам да пишувам, а има и периоди кога не ми се ни пишува ич - ама баш на ниедна тема.
@Bridget се сложувам со тебе, но кога ти е потребна некоја информација сега незнаеш каде да бараш. Сите се поделивте по основ на годините, семејството, мајчинството па и по основ на љубовниот статус. Навистина не ја разбирам потребата да се декларираме и делиме толку многу. Еве јас кога ја отварам темата Младинско ќоше се чувствувам како некоја старка која сака да се подмлади. Ете такво чувство ме обвива. Знам дека не треба, но јас не чувствувам пријатно. Да но @Abrakadabra oд тие неврзани муабети добиваш многу информации. Се запознаваш со мислењата на младината, дознаваш нови места за излегување, даваш и добиваш податоци за нешта што не си ги знаел. Од мајките учиш за во иднина како да бидеш подобра мајка исл. Незнам, мене реално овој начин на поделба не ми се допаѓа.
Денеска имав убав ден Секој ден има своја убавина, сепак секој ден е дар од Бога. Бев на заболекар и не ни викнав друштво. Не сакав. Сакав сама да си бидам. Доста ми е од бла бла и празни муабети кои повеќето само негативно ми влијаат. И на заболекар можеш да си поминеш убаво хаха. Имаше еден млад дечко , вајда на пракса и многу многуу cute На враќање шетнав по некои бутици си најдов фармерки Треба да ги земам деновиве, ако се точни Си земав за јадење и полека си се прибрав. И убаво ми беше цел пат си се смешкав заради типот Абе да му е мерак на човек да иде на заболекар Ја ќе си пуштам филмче и се читаме утре Бидете ми со одлично расположение и убава вечер
Моментот кога при внесено читање ќе дојдеш до некој пресврт кој толку ќе те изненади, што за дел од секундата инстинктивно ти иде возбудено да го извикаш на некој до тебе како да е некоја вест од реалноста, пред да се сепнеш дека личноста до тебе нема поим за книгата ниту пак ликовите во истата... #first world problems на бегалци од реалноста во книгите
За поделбиве, на некои им одговараат, на некои не, тоа е. Ако се вклопиш некаде ќе ти е ок, ако не, ќе луташ насекаде. Така гласаше народот, сега да рушиме споменици не бива Тука е СДК, таа е некако најнеутрална. Да ја прогласиме за кул тема за личности кои не сакаат да се делат по разни основи. Кога не знаеш каде да пишеш, пишувај тука. Кога си сам, и тажно е се, на СДК ти сети се
Она кога се бориш самата со себе,разочарана си,но се обидуваш да заборавиш на тоа чувство,да го потисниш,а сепак пак,испливува на површина... А,роденден ми е...
Како што е изреката, секој човек во животот ни е испратен со причина. Да, се согласувам со тоа. Секој човек не учи на нешто. Секој ни остава лекција. Проблемот е кога не успеваме да научиме навреме. Или уште полошо, го знаеме исходот. А не преземаме ништо. Секоја разделба е тешка, секоја загуба е болна. Овојпат, решив да поминам низ ова сама зашто од споделување со "пријателите" не добивав ништо. Само губев. Но ете ја лекцијата. Повеќе не се присутни во моето секојдневие. Тешко е кога не споделувам, но подобро да ги истурам мислите, сомнежите и страдањата на хартија. Па и на форум. Не сум сама. Морам да се убедам во тоа... И што кога околностите налагаат да се разделам со некого. за кого се приврзав толку многу, за толку кратко време? Зошто среќата трае кратко? Но ги имам спомените. Толку убави споделени моменти. Зборови, насмевки, погледи. Тоа е тоа што вреди. Ќе ми фали многу. Личноста што ми ја врати вербата во себе, во љубовта, во животот. Нема да дозволам да паднам, зашто знам дека не сака да ме види на дното. Нема да те изгубам! Ги имам спомените, и те имам во срцето!
Велат со вино уште подобро било. Пијте дур во животот приоритетот сте си самите на себе. Ќе се пие и одпосле,ама поинаку.
Се прашувам - дали гостиве знаат дека човек треба да се избања, а кога веќе не знаат дека заради нив наместо во 6, ќе треба у 5 да станам, дали знаат барем дека треба да бидат потивки за на раат човек да спие!? Арно викаше татко ми - теле се учи, вол не А "суптилно" да им се избацам у пижами, дали би погледнале на саат?