Имај разбирање за се, ако се десе ти го злоупотребат, и за тоа имај разбирање. Еден ден ќе си пукнеш, па они ќе имат разбирање и така.
Како не им е срам на полицајците, приморани да одат на протести, да бранат криминалци да им даваат расипана храна? Сувомесно од едната страна црвено од другата зелено?
АААААААААААААААААА! MATCHDAY! Превозбудена сум за финалето лига Европа! Клоп е многу добар тренер во помалце од една сезона ги изваде на прав пат играчите! Вечер ќе биди напнато! Одвај чекам! Ајдеееееееее муцињааааааа можите вие! YNWA!
Лежејќи во кревет веќе трет ден во болница си враќам стари спомени. Се чудам каде е онаа старата јас колку само лани бев упорна во некои работи кои ми го променија животот. Може од досада се сеќавам . Секој положен испит,матурата на брат ми и многу други работи ми правеа еуфорија и гордост се сеќавам на секој ден колку бев исполнета и креативна. Сега бледа,ненаспана и уморна ја примам 17 инфузија и земам пополека да учам, колоквиуми ме чекаат. А на секоја посета се радувам како дете. А и овoј период ми е ранлив ги мразам разделбите посебно со оние што се со мене нон стоп во последнава година . Ми се случува дежа ву ќе помине. Уште 4 дена ќе издржам и ќе се вратам старата јас онаа тврдоглавата,упорната и позитивната.
Мај - кај и да е ќе се оправи, уште недела - две, толку му е силата. Е потоа доаѓа јуни, па јули и август. Лелеави фустани, краток шорц, голо стомаче... Убаво е сето тоа, ама девојки НЕ си ги истакнувајте недостатоците... Пример, ми падна во очи оваа слика Spoiler
@jovanovska94 Јас јес може да сум малку при ќора Ама сепак да си прашам, кој е недостатокот на сликата?
Интересно е колку смислата за хумор го комплетира впечатокот за некого и отсликува многу аспекти од карактерот на една личност. Понекогаш е доволно да видиш со што се шегува и на што се смее човек, за во голема мера да ја процениш неговата интелигенција, софистицираност, самокритичност и внимателност да не се повредат нечии туѓи чувства... или пак недостатокот на истите. Некои шеги сериозно зборуваат и откриваат многу за луѓето што се смеат на нив...
Штознам, можеби фустанот.Како во долна облека и пењоар да излегла. Недостаток во однос на физички изглед не гледам.Ама вкус е во прашање, а за вкусови не се расправа.
Ваљда градите и малото прсте на ногата е чудно Инаку има ли нешто поважно од здравје и семејство? Да, нормално и парите се битни, фала богу, ама зошто ти се премногу пари за кога ќе појдеш дома да нема кој да те пречека? Нема кој да ти се израдува, нема со кого да ги поделиш, нема на кого да купиш нешто...Или здравјето ти е слабо, тебе или на некој близок...ќе уживаш во парите? Не. Сите им се смејат на циганите, ама верувајте тие 1000 пати се посреќни од некој што плива во пари, а е премногу осамен. Кај нив секогаш по куќичите е преполно со луѓе, деца, млади, стари, сите се среќни. Секогаш музика пуштена и си играат. Убаво си прават на душата, си гледаат душата да им е исполната и среќна...а за пари ете, ќе го пратат Рамче да продаде нешто ќе донесе некој денар, ќе го пратат Љузим да собере шишиња, ќе ги продаде и тој ќе донесе некој денар, ќе ја пратат малата Касандра да проси по семафори и на неа ќе и дадат некој денар...и ете го денот поминал...битно дома се насмеани и весели, а не се сите за глава фатени. А другите во депресија паднале, стресови, срцев удар, несоници... Чувајте си го здравјете и семејството, верувајте ништо друго не е поважно, а за секој проблем има решение.
## Шо убаво им покажаа Севиља шо е фудбал! Сори ама не можев, а да не те тролам! Абе абе абе зошто ми заврши омилената серијаааааааа?! Како јас сега да живеам без Касл?! Со тешко срце ја преболев ЦСИ Мајами, ама Касл? Фали уште Боунс да ми ја укинат. И нема да има што да гледам веќе на тв.
Добро во второто полувреме ствано беа подобри, признавам. Ама не може, а да не се спомнат трите игри со рака кои судиите ги игнорираа посебно едната која беше чист пенал! Тој пенал можеше да го смени целиот исход. Како било сега, пак јас најмногу си ги сакам мај редмен
Уште утре една тура учење и готово! Доста е за оваа година. Ама, ќе го биде. Убаво е чувството кога ќе се видиш прв на листата со сите освоени поени. Дава мотивација. Да ви кажам, какви ќофтенца од тиквички сум си направила, прсти да излижете. Ја убедив мајка ми дека нема да се распаднат! Ќе ги сликав, но не можев да им одолеам, па веднаш им седнав. И уште нешто. Ми се игра. Мноооооооогу! Многу весела песничка. Да посакаш да станеш и да се изнаиграш. Не ја разбирам нешто многу првата реченица од рефренот зошто е таква, ама океј.
@Summerlover троа широките стапала... Погледни го левото стапало!!! Трите прсти "во" сандалата, останатите два надвор... А и малото прсте од десното стапало едвај се држи...
Леле главата не знам кај ми е. Дали е можно да се полезбејчувам дури сега, или само си имам комплекси, па уживам да зјапам по девојчиња? Шта ми се то дешава Не, озбилно, не знам што правам со себе. Јас мислев лесно било да се омажиш, ама сум се заебалааа... Кај бивало со вториот дечко да се мажиш? А јас мислев добро бирам... Иста сум како Тошо малерот, маста им ја вадам, оди 2-3 години, шутни ги... Абер немам да се поправам, не знам од кои грешки да учам попрво. Ма само да се вработам и осамостојам, барем моите нема да ми мрчат толку. Ваљда.