Сакам многу да кажам! Но, од каде да почнам. Пред малку читав книга ( Живот без граници - Ник Вујичиќ ) и прочитав нешто што ми е жал затоа што не сум го знаела порано. Некој човек по име Карсон на четиринаесет годишна возраст му бил дијагностициран тумор на мозокот, кој се ширел кон 'рбетот. Покрај сите маки, тој сепак се трудел да се однесува како нормално дете. Често го цитирал својот омилен бибилиски стих. Тоа е Исус Навин 1:9 "Еве, ова ти го заповедувам јас: Биди цврст и храбар, не плаши се и не се ужасувај, зошто Господ твојот Бог е заедно со тебе, каде и да одиш" А Карсон велел дека тоа не е стих за ракот, туку стих за животот. Ако додадам нешто, само можам да го расипам ова погоре.
Многу сакам кога имам обврски и кога имам со нешто да се занимавам. А и таков човек сум, не можам да поднесам нешто незавршено да ми виси над глава. Затоа пак, кога нешто навистина не сум во можност да направам од причини кои не зависат од мене, се нервирам и не можам да се успокојам. Завчера горам од температура, блинг, хемија ми пишува на месенџер да сум направела презентација. И ме знаете мене, како може да не однесам презентација, затоа завршив на дежурен тој ден. И не направив презентација, и следниот ден автоматски ми се расипа. Така што, ако мислите дека животот на перфекционистите е многу лесен, сега знаете дека не е. Туку, што кажував, ми се допаѓа кога имам работи кои ми се случуваат во животот, иако понекогаш ми треба одмор и денови исполнети со гледање филмови и серии. На пример, утре одам на екскурзија со класот. Во меѓувреме веќе девет дена го чекам тој мејл за датумот на интервјуто со Американците. Дури и да не ме примат во кампот, повозбудена сум за интервјуто, баш да видам колку знам англиски. И секако, за околу еден месец за првпат ќе патувам со авион! Седиштето ми е до прозорец. Покрај овие, доаѓа глупавата полуматура и екстерното, треба да купувам фустани, чевли, глупости... Ама еј, неколку дена по полуматурата ќе патувам со авион, еве доволна причина да ја преживеам таа кобна вечер. Have a nice day, everyone. And don't forget to hustle hard! П.С. Многу е тешко да се типка на тастатура без да се користи показалецот. Да, го скршив ноктот до пола. Да, боли, пече. Да, и крв течеше.
Мислам дека цел живот сум некој потаен „роб“ на ритуалите. Не оние обредни, чувај Боже, туку оние секојдневни ритуали на установен ред, кои веќе до таа мера преминале во секојдневие, што дури и не ги чувствувам ако не ми светне понекогаш да си ги проанализирам дејствијата. Секојдневие од типот - отварам очи и посегнувам по бокалот со вода, сипам во ѓезве и ставам на рингла. Затетеравена се упатувам кон Венеција, не на биенале, туку да одбавам хигиенски обврски и додека убрзано четкам заби со лева рака (да, дајте ми четка за заби во десна рака и гледајте сеир - нема да умеам да си ги измијам забите ко човек ), си бројам секунди и се чувствувам како некој вид божество, да не речам Господ, затоа што богами, од мене зависи уште колку време ќе спие оваа моја блесава (во позитива, нормално) другарка. Излегувам и додека матам две пекол-жешки нес кафиња, во ист момент ќе свикам: „Стануј мала, кафе е на маса веќе!“ И слушам тегнење, пцуење од мајка нагоре и така натаму, затоа што денот мора да почне нели , па веднаш насочувам мисли кон некој друг - леле,колку време спие, ај рано му е, од 9 е на работа, нека поспие ко човек. Не дека е недоветен и нема да стане, ама јас не би била јас ако не се грижам за луѓето повеќе и од сопствените им мајки - будала девојка. Е да, следниот ритуал ми е најомилен; додека седам на трпезариската маса и буквално „крадам“ срамежливи голтки од омилениот филџан кафе, си го местам огледалото и сум во процес на „заличување на човек“ - во случајов, на девојка која спиела барем 6-7 саати, ако не повеќе и толкувам сонови додека оваа меле ко воденица муабети како на пример: „Да видиш што сум сонувала, ќе се помочаш од смеење“. Е ај, тестирај ме, за бога милога. Со лева сркам кафе, со десна ставам маскара и шлакатурници и видиш, сум се средила веќе, а на сонот уште не можеме да му најдеме корен. Упатувам поглед кон жолтиот старински будилник и ете, знаев - пак доцниме мори златна, а имавме за принтање. Натегнување фармерки и било што, па фаќаме промаја низ врата. Нормално, цело време до станица се прашуваме - Заклучи? - Е, јас мислев дека ти заклучи. - Абе како!? - Ај да не се глупираме, заклучив, клучот ми е во левата преграда од ташната. Тоа се тие маки, поголеми од оние „исклучена пегла“ или „исклучена рингла од шпорет“. Актуелен ритуал ми е повик за добар јутар, со уште нерасонет чикен војс, ама цепажа е. До толку откачив, што дури и на мајка ми и кажав: „Ваков да си најдеш, лепотице.“ Ми рече да си седам мадро, затоа што татко ми не го менувала ниту за Колин Фарел (вечниот симпатија на мајка ми). Добро, јас само да кажам за да не ме мислиш... И еве, два дена сум сама и сама пијам утринско кафе - штуро ми е. Наместо две шолји, ставам една. Нема по кој да свикам да стане, нема кој да ми ја замати главата уште од 7ч, нема кој да прашам дали сум заклучила или не... Си велам, леле будало девојче, ќе ми фалиш летово. Ама донеси појќе спрејчиња ВС и ќе ти опростам. Шлакната си, ми вели, ама она малецконо куферче знам со што ќе го наполнам специјално за тебе. И така луѓе, сам човек ко гол човек - за ништо не е.
4ри години веќе поминаа откако си кажавме да и си ветивме дека ќе се чуваме и во добро и во лошо. И четвртава најубаво ни помина, си го проширивме нашето мало семејство, си ја проширивме и љубовта. Само убавини и понатаму да ни следуваат и да ни се множат заедничките години со насмевки.
@RainBow да ви се множат И јас да искористам прилика да кажам, да ни се множат деновите поминати работно, со убав пречек на летото, но и да си ги припомнам успесите од минатото. Вечерва ќе има матуранти, па ќе одам да ги гледам
СДК да не се потценуваат и игнорираат луѓе, секој си има своја вредност. Денес можеби ништо не ни значи нивната вредност зашто не ти се од корист за ништо, ама никогаш не се знае што носи иднината....да не дојде да зависиш од некој ,,таков,,
Како што стареам така се фаќам себе дека немам трпение за никого, дека немам трпение за ничии каприци, за ничии правила, за ничие мислење... Како што стареам и се повеќе крварам во себе, како што листата на телефонски броеви кои со задоволство би ги завртила станува се помала, а јас се посреќна со тој податок... Како што стареам се повеќе се запознавам... Како што стареам се повеќе сонувам... Како што стареам се помалку се плашам од тие соништа... Како што стареам се повеќе храброст имам за нив...
Пуштете ми позитивни мисли за утре, ќе ми требаат. Ме чека тежок ден и голем предизвик. Ако успеам, ќе бидам пресреќна.
10 години од матура... Десет, еј! Деценија. 10% од еден век (а нели вчера беше 2000-та бе!? ) 28 години имам? Пффф, само на хартија! Апсолутно се' е сменето... и апсолутно ништо не е. Работам и заработувам пари, а се' уште најубавите моменти се „бесплатни“. Живеам сам, а се' уште не можам без моите. Сакам да играм фудбал и кошарка со другарите, и да одам во фенци кафичи и клубови, а се' уште не можам да поднесам кафански амбиенти. Сакам флерт и кавалерство, а се' уште не можам да поднесам let's f*ck дејтови. Сакам да се изгубам играјќи видео игри или гледајќи серии/филмови, а се' уште мразам виртуелен чет (дружете се во живо, луѓе!!! Боди ленгвиџ се бара!!!) Сакам благо... премногу... и се' уште чипсовите знаат да ме држат сит со саати... па и денови. Англискиот јазик ми е се' уште помил од се' друго. Комуникацијата со странски луѓе/пријатели/клиенти се' уште ми ја исполнува душата како ретко што. Работите што ме правеа на 18 години среќен, ме прават среќен и денес. Е добро, кога ќе размислам, музичкиот вкус ми е од корен изменет... веројатно на полошо, но што е, тука е... 19-ти мај, 2016? Слободно одземи 10 години и насликај ме ист... ништо не е сменето... а сепак ништо не е исто. И да, знаете она, кога велат дека глупостите се прават во тинејџерските години, за потоа да следи сериозниот и созревачки период? Во мојот случај, веројатно поголема невистина не постоела. Тинејџерските години ги минав во порцелански свет, невин и заштитен од се' што можеше да ми наштети. Во адолесценцијата лежи правото с*ање. Тука се испокршија секакви копја и извлеков xyz број на искуства, поуки, лекции и последици... веројатно доволно за наредни четири животи! Ајде, за наредни 10 години! Мај, остани свечен, носталгичен и прекрасен, каков што си секоја година. Cheers!
Да имав не едно, цел колач ќе го изедев. Ама бидејќи немам ни трилече ни било какво благо за тагување, ќе си читам поезија и ќе се надевам дека ќе ми се оправи расположението пред да пукнам. А ќе пукнам кога и да е. Реков дека нема да зависам од други и дека нема да се потресувам, и се' уште не научив како потполно да си го исполнам ова ветување. Но, не е толку страшно. Се чувствувам сама, по не знам кој пат, ама и сама ми е добро. Сама ми е најдобро. Не знам зошто упорно го заборавам тој факт. Ми се плаче, а ги задржувам солзите да не протечат затоа што повеќе ќе боли така. Колку и да сакам да е супер ова нашево, не е. Јас со малку не знам да бидам среќна. И чувствата почнуваат да ми избледуваат. Прилично сум сигурна дека нема уште долго да трае. Не знам да чекам, не знам, а и не сакам. Не ме интересира дали вреди ова нашево или не. Ми се здосади да бидам јас таа која е упорна, таа која дава, која се бори, која превртува планини и мориња... Не ја сакам истата приказна повторно. Можам да кренам раце и да си заминам, и да не жалам.
И така повторно си ставам заштитен ѕид пред себе (пази:СВЕСНО!) Знам дека не треба, знам дека не чини, знам дека треба да се движам во луѓе и дека седењето дома и мислењето нема да ми донесат позитивни резултати туку само отупивање, отуѓување, самотија. И се чудам после зошто вака ми е. Кажете ми колку треба да си будала, идиот да и кажеш на девојка дека не сакаш гушкање и милување? Изрод (Господи прости ми на израз, ама ич не е точен че се молам за него) Пмс, вчера и се налутив на една ученичка бидејќи ме победи во домино. Најсериозно ви кажувам... Еве до сите што ме познаваат тука и приватно Малку позитивизам. Лека ноќ!
Се потсетив на убав период од животот.. на детството, толку сме биле спокојни мирни, единствена “обврска“ ни беа игрите по цел ден надвор, криенка, копање, правење замоци, си готвевме со треви собрани надвор, па трчавме дома да земеме сол, вегета, демек за јадењето, од кал правевме колачи, ги сушевме на сонце, игравме со машките камај камај ( јас бев лекарот и повредените ги носеа кај мене, имавме направено куќичка од некои вишок непотребни тули, најлони, черги ), па ќе не викнеше некоја од бабите во комшилук ни даваше да јадеме леб со маргарин и вегета ( бесценети моменти ), собиравме по некое овошје, па си делевме една јаболка мене, една тебе.. Немавме телефони сите, ако им требаше на домашните нешто од комшии ние бевме “поштарите“ оди кажи и на Трајанка да дојде на кафе или земи од Стојанка брашно на заем нека ти даде, а со телефоните после од сите школски основно си ги имавме домашните броеви, па ај ќе се јавуваме едни на други, одевме на пикник по ридови, ќе купевме од продавница смоки, сок, ресана, секој по 10-20 денари ќе дадеше, абе господски живот невиден, радости. Тетреси, чипичани, тоа беа играчките и тоа луксузни беа тие. И се знаеше цртанот во 7 или 7:30 и во кревет, немаше лигавење по дома или да се инаетиш не спијам.. Имаше ред ! Поздрав до сите што заспиваа со Мечето ушко
СДК матуранти, нека ви е честита матурата! Јас матурирав пред три години но годинешниве матутанти некако ме допреа за разлика од претходните кога бев тотално рамнодушна. Ме вратија во времето кога јас прославував и ми ги вратија тие прекрасни чувства. Па јас сега сакам нешто да им порачам: Ова е ваша вечер. Од оваа вечер многу нешта ќе се променат. Всушност, една вечер нема да ви го промени животот туку само ќе започне тој процес. Сеуште сте мали но сега веќе почнувате да газите по тие скалила кои ќе ве воведат во сосема нови нешта кои ќе ви донесат големи промени и искуства. Ќе станете поинакви личности и ќе се спознаете себеси, животот, светот. Ќе изгубите некои пријатели, ќе се споите со други. Ќе станете посилни. Помудри. Похрабри. Од мали кревки волчиња ќе станете вистински волци спремни да се борат и за себе и за своите сакани. Оваа вечер е една од вашите најубави и незаборавни вечери. Играјте и пејте колку што ве држи снага и глас. Оваа вечер нема да ја заборавите. Само немојте да претерувате со алкохол, особено немојте да возите во таква состојба! Дома вашите ќе ве чекаат живи и здрави. Уживајте во вашата неповторлива забава.
E znaci nedaj boze da otidnes so dedo da kupis telefon vo vip , konkretno vo Tetovo denes cekavme celi dva casa , a covekot sto kupuvase telefon za vnukot , mu dadoa dokumenti za potpishuvanje , nebare kupuva cela zgrada a ne telefon , duri vo eden moment ni rece : kukjata da ja prodadev ke zavrsev so eden potpis , ova za eden telefon nebare zgrada kupuvam . Najmalku 15 pati se potpisha