Тие на фб што се означуваат на секој чекор и што оставаат слики на 5 мин, се тотално неизживеани, желни за внимание, патетични личности. КОму е гајле ако си бил на свадба, крштевка, роденден, на кафе? На тие што им е гајле сигурно се до вас или ви се јавиле и ве слушнале. Мора 50 слики да направиш во вц од некој хотел и да ги оставаш на фб? Наместо да посветите малку внимание на луѓето околу вас, малку да се вратите во реалноста, вие гледајте во телефоните и означувајте се Која е целта на означувањето? и која е воопшто целта на фб? Јас лично го користам само ако ми треба некој да му пишам нешто, можам 2-3 пати во текот на денот да се уклучам и да видам што се десило, на профил имам моја слика колку да се знае дека сум јас, и толку...ни слики, ни означувања, и тоа не значи дека сум била на кафе? не значи дека сум била на роденден? Убаво татко ми вика: Фејсбукот е најглупо нешто што се открило и што зело толкав замав во последно време, а тие па што го користат повеќе од 10 саати дневно, и што се означуваат кај да појдат се неизживеани, па ај еднаш излегол и да се означи човекот. Па тие што се разведуваат заради фб, или што растураат врски, карања, тепања заради лајк...е за нив немам коментар. Замисли 10 саати дневно се губиш во виртуелен свет. Замисли колку си популарен во тој виртуелен свет...сите "те сакаат", лајкови ти ставаат, коментари, стикери, а да се сретнши на улица не ти зборува никој од тие, и тебе нормално ти е глупо што никој не те рецка во реланоста па затоа пак затвориси се во виртуелнито свет. Таму си сигурен, безбеден и сите те сакаат. Инаку денов толку глуп, депресивен, никаков...да посакаш цел ден по пижами да седиш и филмови да гледаш ама ај, уште да можеше така... Расположението ми се менува ко времето надвор. Сонце, дожд, земјотреси, ветар, сонце, дожд...ајде ми е гајле за расположението, таман се прибрав, сите заспале па ќе си ги гледам Сем и Дин
Некако почнав добро да се чувствувам во оваа моја кожа, иако е уште истата со лузни и рани од себеказнување, иако е уште истата бела и нежна, некако поинаку ја чувствувам... Убаво е кога поставиш граници кои малкумина можат да ги прејдат, убаво е кога не чувствуваш недостиг на луѓето кои добро не носат... Некако и сама чудна сум си, но трагам, барам начин за канализирање на целата оваа рамнодушност која ме обојува, ме обојува во боите на неже валцер во кој сигурно никој нема да ми ги нагази стапалата...
Да не веруваш, сонце ми фалело. По студенилата сум повеќе, ама денес сонцево мислам ме прероди. Дојдов дома со желба да спуштам ролетни и филм да гледам (3 часа сонце доволно е за цел ден), па таман ги убедив моите да ми ослободат и лаптоп и телевизор, таман си одбрав филм после пола саат барање, после 10 минути изгаси лаптопот. Па уште пола саат што ми е, како му е, таман се оправи мене меракот ми помина. Ќе спијам. Друго, сакав да кажам колку е досадна темана за готвење без мене Се трудат, ама не е тоа тоа Се смеам ѓомити се шалам, а озбилна сум
Y vendrán amores y no habrán temores y tendrás felicidad Си ја слушам можеби веќе два часа без престан, ми носи спокој на душава. Ме теши дека некако се' ќе биде добро, дека ќе се разберам себе си, ќе се пронајдам..
Сакам да вриштам, а не можам глас да пуштам. Сакам да плачам, а солзи никаде нема. Сакам да пишувам љубовни приказни, а не можам да одберам зборови. Сакам да трчам што подалеку од ова место, а немам сила ни да станам од кревет.
Скржавиот секогаш дава дупло од тоа што го стиснал себично в џеб. Парата сама по себе е различна а не пак кога се работи во износот на најразлични продукти. Може да се купи 20 продукти за 50 евра исто како што може да се купи едно или две за исти пари, но таа вредност, квалитет и времетрање никогаш нема да биде иста, во никој случај. Не за џабе се си носи своја цена.
И пак се потврди мојата теорија точна. Баталете другари, мугарки... Гледајте ТОЈ да биди како шо треба. Него да му биде добро,секогаш да биде насмеан, љубен од вас. Бесценето е вашето внимание кон него. Само ТОЈ ќе биде тука кога ви треба рамо за плачење. Кога ви треба насмевка, а другарките тоа не го можат(секоја чест за исклучоците ). Пожелна е силна машка рака и прегратка. Позз
Пасиониран колекционер сум на сапунчиња со интересна форма/текстура и убав мирис. 70% од времето користам гел за туширање. Ми се плаче од тоа како ги фрлам парите. Само вакво нешто ме теши кога ќе ме погледнат “наопачки„ од дома.
Со секој скршен пар очила ми се крши и дел од срцето. Па биваше ли толку емотивно да се приврзувам за вакви ствари
Лошо е да си заљубен во лоша и погрешна личност, уште полошо е да не ти е возвратена љубовта од таа погрешна и лоша личност, а најлошо знаете што е? Да го искористи тоа што сте заљубени во него/неа и да ве манипулира. Да си игра со вас, да ве понижува (без да сте свесни), да не ве рецка со недели и после кога му/и е досадно да ве бара ко резерва, и вие трчате ко луди стварно љубовта била слепа. Ми иде да ги акнам од земја таквите луѓе (заљубените). Зар толку сте слепи бре? Подолу од ѓубре ве прави, ама љубов било...абе каква љубов ало? Имате малку гордост, достоинство? Ок е да се попушти некаде, да се потклекне на некои искушенија ама толку време бе? Толку дооолго време да сте слепи? Тешко е така љубениот да ви прави ама ќе издржите да ставите крај. Стисни заби и издржи, нека боли, нека корни, а после ќе бидете слободни...срцето ќе ви биде благодарно. Ставете точка додека има време. Ама во депресија ќе паднела ама не знам што...абе каква депресија човече? На луѓе колку пострашни и полоши работи им се случуваат во животот па ете ги живи, здрави, а некој за ЕДНА личност во депресија ќе падне? Не заслужува никој толку чест...без секого се може...
Соништата ми се изгубени. Се изгубив... Не знам што да правам, дали да останам во оваа наша мизерна држава, или среќата на друго место да ја барам? Бев мотивирана, исполнета, желна да го работам тоа што го сакам...а сега? Би работела келнерка во Катар... каков пад на моите амбиции... Ама ќе шетам, си се тешам... Ама ќе запознавам луѓе... Ама таму нема малограѓанство како тука си велам...
POBEDAAAAAAAAA 28MA TITULA CAO HEJTERI pozdraF.Dvojna pobeda neka posrekjna od meneee dobra vi nokk VISCA BARCAAAAAAA ,MES QUE UN CLUB!!!!!!
Си викаш... само уште овој пат, само уште оваа чаша, само уште оваа епизода, само уште оваа ноќ, само уште овој залак, само уште оваа страница, само уште овој пат ...ветувам... И се заебуваш. Секој пат. Секој ебен пат кога ќе изговориш само уште... Никогаш не е само уште овој пат. Ниту некогаш била само уште оваа чаша.
Драга тоа не е пад, тоа е почеток. Колку луѓе започнале од ништо, продавале лименки, работеле во Мекдоналдс, а сега основаат свои бизниси, не се разочарувај не знаеш што носи животот.
Бараш работа по страните за огласување, позиција келнерка или продавачка. Од квалификации потребно ти е само да си ,, нормална ,, , со ,, регулиран брачен статус ,, , да си млада, ама да имаш долго искуство, платата е ,, пристојна за во денешни услови ,, ( или ќе се договорите очи во очи ! ).... И сево ова го побаруваат полу( не )писмени лица кои не знаат да користат кирилица, гoлема и мала буква, или не дај Боже запирки и точки ! И под никој случај не се пишува име на локалот или фирмата ! Закон, златни закон треба за приватњациве оглас да се прави по одреден шаблон, на кирилица, со назив и плата и се, и законски да се обврзат работодавците сите заинтересирани да бидат повикани на интервју, и во одреден рок да се известат дали се примени или не.
Викендов третиот бран на мажачки од генерација се издеси. Мојов ме гушка и ми вика - тамам за нашата свадба ќе почне првиот бран на разводи од твојата генерација и вториот од мојата при што спокојно продолжи да си гледа фудбал. Барселона изгледа победи,па расположено замина доцна по јагоди до не толку блискиот гранап. Ова ми дава надеж дека мооожда и грешам кога мислам дека без еден развод нема да сум у животов. А потоа замина по калцоне во пекара, со што уште толку ја дотолчив диетата и утврдив дека ова дефинитивно мажот на мојот живот. Он ме сака и ваква, мислам хелоу деца ќе му раѓам, нека се навикнува на заоблени форми.