Сфаќаш дека некој од твоја околина (другар/комшија/школси/колега) се заљубива во тебе. Меѓутоа ти во никој случај не можеш да го замислиш ко љубовен партнер, и наместо да се правиш дека ништо не знаеш, да почекаш да видиш кој како ќе реагира понатаму, што ќе ти каже, како ќе се одвива работата, дали воопшто нешто ќе ти каже, може ти погрешни си заклучила, па ако ти признае дека те сака ќе му кажеш дека не го гледаш така, дека ти е другар или слично...сепак од ведро небо се решаваш да му кажеш во лице дека знаеш дека тој има симпатии спрема тебе, дека осеќаш дека се заљубува во тебе, дека не можеш да дозволиш да дојде до нешто посериозно, дека премногу забегала работата, му викаш да не те бара повеќе, подобро ќе биде да не се гледате некој период, го блокираш на сите социјални мрежи, му го блокираш бројот и исчезнуваш Ова му се случи на колега пред 3-4 месеци (од страна на негова другарка), и човекот уште пати по неа. Зар заслужува толку да и се посветува внимание на таква личност? Да скратам, муабетот ми беше дека некои личности немаат срце. Драги луѓе, може не сфаќате и неверувате (ама не само за оваа случка туку општо има 1000 случки, ама тоа ќе го задржам за мене)...најсериозно некои личности немаат срце и емоции, ништо не допира до нив, на свадба не пејат, на погреб не плачат... ПАЗЕТЕ СЕ, изгледа се повеќе и повеќе роботи ја населуваат земјата...посебно жените се премногу лоши суштества. Убаво татко ми вика: Полошо од жена има ли? Нема...Во право е, нема. Себични, саможивни, бездушни... страшна работа се денешните луѓе. Дури преку глава ми се дојдени и посакувам и ја да немам душа.
@JollyGirl Абе види сега, не е толку работата до бездушност во таков случај, како што е ствар на голема неудобност. Ич не е лесно да те сака некој, кој ти не го сакаш за возврат. Неугодност Level: 2000 На прв поглед, јасно е дека испаѓаш бездушен, ама подобро да се кажат како стојат работите уште на самиот почеток, отколку да се одолговлекува. Во тој случај, уште повеќе ќе му се скрши срцето на несреќно заљубениот бидејќи подобро е да му кажеш дека не го сакаш, отколку да му дадеш мала надеж, па уште толку да се закомплицира. Тоа е како цело време да одлагаш кога еднаш ќе му го скршиш Ама сите сме возрасни, не треба да се залажуваме. А тоа прекинување на секаков контакт е многу добра опција, како лек за идната-што можела да биде- рана Така, малку и ќе се оладат чувствата и се полека ќе се среди.
950+ збора; 5470+ карактери. Read at your own risk. Spoiler: Импресии од тригодишната најтиева илинденска одисеја Мај, 2013 година. На дада ви @calliope и' зборував како живеењето на Водно и не е така цвеќиња како што многумина сакаат да мислите, а истовремено, комотно можев да продавам крв за секој месец едвај да ја скрпам киријата со сите сметки. За што? За пренапумпана локација над државна? Не, благодарам! Со други зборови, бев спремен за нов предизвик. Почнав да листам онлајн огласници и не требаше многу време пред да налетам на нешто што делуваше предобро за да е вистинито - опремена гарсониера со 2 кревети, комплет со купатилo, кујна + балкон во едно, за 5000 денари месечно, сметки вклучени? САМО КАЖИ КАДЕ ДА ПОТПИШАМ!!! Но на самиот крај од огласот, една кочница: локација - Илинден. До тој момент, за мене Илинден беше име на голем македонски празник и име на некое илузорно кралство од бајките за кое само ќе слушнеш, а никогаш нема да го видиш. Што да се прави? Пуфкај се, туфкај се, ја собрав дада ви Калиопе еден ден и со автобус правец Илинден, во разнебитување на митот за ова кралство. Сепак, како човек што до тој момент живеел во Карпош, Влае и Водно, во мене преовлада љубопитноста да ја проучам и „другата страна“ на Скопје... океј, преовладаа и финансиските поволности. Човекот кој ми стана газда во наредните 3 години и 10 дена (заклучно денес) не' чекаше на автобуска. Едвај шест години постар од мене, кул, висок домаќин со градско-селски манири. Ни ја покажа гарсониерата, и се случи еден многу важен момент - немаше никаква измама! Сликите што ги видов во огласот беа апсолутно исти во живо. Убава, уредена гарсониера, токму по мој мерак. Не ми требаа ни пет минути, а по кратка консултација и климање со глава со фамозната ви дада Калиопе, платив капар и решив да се преселам таму на неодредено. Тоа неодредено испадна, како што кажав, 3 години и 10 дена. И тоа какви три години, човече! Три години исполнети со (нај)големи стресови, радости, успеси и падови како на личен, така и на професионален план. Научив што значи да се молиш да дојде автобус за викенд, кога истиот го нема. Научив што значи со едвај 500 денари да можеш комотно да излезеш 2-3 пати на сокчиња, пиво, коктели и брза храна, и да истраеш цела недела. Научив што значи да те гледаат како да си дојден однадвор: -Ете го дечкото од Скопје што си работи од дома. -Остај, велат многу пари вадел и си живее сам, блазе си му... Притоа, бев сведок на - факт - ненормално брзата трансформација на оваа општина пред самиот влез на Скопје. Инвестиции, инвестиции, as far as the eye can see... A истовремено, иако секојдневно во контакт со Скопје и Скопјани, Илинденчани се тотална спротивност од тоа што сме ние, „метрополците“. Конзервативно-домаќински воспитани, со различни гледишта за многу животни прашања и, најважно од се', задоволни од она што го имаат на дофат. Од луѓето што ги запознав, ретко кој рече дека има потреба да оди до Скопје за каква било работа или разонода. Илинден им е и повеќе од доволен. За викенди цела општина се собира кај општинската зграда, зашто таму се главните кафичи, барови ( и фамозната дискотека Милениум (во која немате појма колку скопски „манги“ висат, секој е*ан викенд). Поминувањето со кола е небаре последно ниво од видео игра, живи пречки насекаде, но атмосферата е едноставно превесела и те понесува, нема лутење... Моите врсници и нешто помладите генерации живеат за тие денови. Но, најважното нешто што го научив во Илинден е да пронајдам внатрешна хармонија. Го сакам Скопје, мој град е, и се радувам што денес се вратив на позната територија, моја територија - Карпош. Но нешто што во Скопје полека исчезнува (и срце ми плаче за тоа) е мирниот начин на живот. Саде брзање, роботски распореди и „бркање“ по нешто/некој... Како дечко што го сака активниот ноќен живот и се пронаоѓа себеси во големи кругови на луѓе и забави, МОРАМ да напоменам дека после секој таков викенд, за мене немаше ништо подобро од тоа да се вратам во Илинден, да исклучам светло, да легнам на кревет и да го вперам погледот во ѕвездите и планетите на таванот што си ги залепив (знаете де, од оние фосфорните). Тоа за мене беше време за прибирање на импресии и чувства, време за собирање енергија за наредните предизвици, и... време кое беше само, и САМО мое. Денес го оставив Илинден, гарсониерата и мојот досегашен газда - вреден и чесен фамилијарен човек каков што ретко се гледа во овој модерен век. Ќе ми фали природата во Илинден. Ќе ми фалат разминувањата со луѓе за кои бев „интересниот странец“. Ќе ми фали задоволството што го доживеав со оние луѓе кои ги кандисав да ми дојдат на гости (пошто, нели, Илинден е поим од бајка за 90% од луѓето што не се оттаму ). Најмногу од се' ќе ми фали гарсониерата што ја чувствував КАКО своја и која ја уредив целосно по мој вкус - моето лично засолниште, и мојот непресушен извор на енергија. Не сум ист со дечкото кој првпат стапна во Илинден пред 3 години. Денес сум многу понезависен, поодговорен и посамостоен. Ќе одам натаму неколкупати во годината; Сакам да видам што се случува, до каде е мојот газда со неговите бескрајни градежни проекти, и до кој степен е трансформацијата на општината која лета со светлосна брзина. Но истовремено... се радувам што сум назад во Карпош, во стан кој ќе биде онаков каков што јас сакам, и лично мој. Се радувам што ќе бидам на 10 минути пешки од моите, па ќе можам почесто да ги посетувам и да минувам пријатно време со нив. И на крајот од денот, без потреба да се лажеме - се радувам што сум назад во срцето на Скопје! Затоа што вакво или такво, Скопје било, е, и ќе биде мој град! ПС. Стигнавте до самиот крај? Ви се поклонувам.
Така ми текна за примеров пошто пред малку бевме со човекот излезени и спомна дека уште срцето и чувствата му се уништени, значи замисли колку треба да си бездушен за да направиш едно човечко суштество со месеци да биде повредено и тажно? Зар не сме луѓе? Зар нема таа душа па да седне и на убав начин тоа да го каже? Како може да биде таа на раат кога некој секој ден ја мисли и плаче по неа. Ама, ете за ова да речеме не е ни битно, но колку други работи пред очи ни се случуваат и ни се докажува дека стварно некои немаат срце. Некој човек проси, нема една сува корка да касне денес, а покрај него (во текот на цел ден) поминуваат 50тина бизнисмени, го клоцаат, го прескокнуваат, не му даваат ни 5 денари...тие имаат душа? Или некое малечко куче талка по улици, не знае кај тера, ама поминува некој го клоца, или го гази со кола и бега...тој има душа? Или се јавува некој кај шефот да му каже дека сестра му ја удрило кола, дека е на операција, дека ќе задоцни саат време, а шефот вика не може, појави се кога треба на работа или леташ од работа...па? таков човек има душа? Има уште многу, многуу, премногу примери дека со роботи ја делиме земјава, најсериозно.
Денес денот го потρошив на глупости. До κога ќе ме допиρаат глупости? Аххх глава моја буκова. Добρо баρ ги ρасчистив. Сега баρ ми е миρна главава. Добρо, делумно миρна- оти не ми се тρаат κомшииве и нивниот им ρоденден, а јас испит за тρи дена. Неκаκо многу се жалам. Пмс
Се преплaшив вечервa и тoa мнoгу. Некaде oд спрoти oвaa библиoтекaтa зaбележaв еден тип и oди еднo 10-15 метри пред менеи свртувa левo нaкaј згрaдите кaј шo живеaм си викaм oвoј кoмшијa мoждa ми е a не гo знaм. Вртaм и јa левo и нaеднaш се свртувa и ме пoгледнувa oнaкa...дa не речaм лутo. И тргнa дa се врaќa нaнaзaд Тaa секундa кoгa се рaзминaвме се препoтив. Не сaкaм дa верувaм декa ме следел некoј, немa зoштo. Бaш дo пред влез кoгa стигнaв, тргнa дa се врaќa нaнaзaд. Туку денес прв пaт прoбaв путер oд кикирики Меџик. Кoлку енергијa дaвa ејјјј и кoлку е вкусен. Бaш се зaчитaв нa некoј сaaт oвие мaрaтoнциве oд кaј нaс штo јaдaт пред тркa и читaм две пaрчињa 'ржaн леб и путер oд кикирики. Жити се, си викaм oвoј дa јaде кo шo требa сo Кенијциве ќе се бoри зa пoбедa Дoбрo нa шaлa aли мене кaкo aмaтер ми беше чуднo И еве денес прoбaв истoвo и речиси 5 мин пoбрзo нa дистaнцa oд 10 км Ме мoтивирa вaкa кoгa oткривaм мaли, пoзнaти ствaри зa светoт. Се oсеќaм кo дa игрaм плејстејшн и сум нa aмaтер нивo и секoј ден учaм нештo нoвo. Мaлку е чуднo мoждa, aмa не сaкaм у месец двa сите мoжни инфoрмaции дa ги дoзнaaм. Здрaвје oд септември у клуб. И тaкa пoстoв oд преплaшенoст, преку вкусoт нa peanut butter, зaврши сo некoј клише мoтивaцискo недoискaжaн гoвoр
и колку искуство да имаш во нешто, секојпат тука се оние типови на лујѓе што врска си немаат и се прават 10 пати попаметни од тебе. зошто
Што да кажам, настината сум, со затнат нос па и грлово боли а јас од сладолед не се откажувам. И да, не сум љубител на кафе ама од денес почнувам да учам и ќе ми биде потребно. И уште ова, акаунтов официјално постои точно 6 години на фемина и сеуште успешно опстојува.
Колку еден возрасен човек може да биде детињаст никогаш нема да биде свесен за самиот себе. Кај другите полесно се приметува. Колку човек може да погреши,исто поуочливо е кај другите. А зошто колку може да биде силен,вреден,праведен,добар најчесто согледува прво од себе? Знаеме да кажеме,бегај од човек што покажува со прст. Не! Бегај од човек за кој ке приметиш дека е упорен со прстот свртен кон себе само за позитивните работи. Оние другите можат да се поправат,но вториве никогаш. Не е возможно еден човек да биде жртва во рацете и очите на сите а само за себе најдобар. Ваквите најчесто бараат постојано допадливост кај секого.
Верувај на никого не му е се подредено во животот колку и тоа да ти изгледа така запрашај се можеби и твојот живот на некого му изгледа супер подредено но не е така и ти како што мислиш дека на некого му е се подредено не му е, секој има свои проблеми и грижи на никого не му е совршен животот таков човек не постои!