Завршив трета, тоест скоро завршив. Мај малку стресен беше со завршни тестови. Но вистинскиот стрес е неделава. Екстерното - најголемата глупост во овдешново образование. Цела година мачи се, прави тестови после секоја тема, учи за секој час, прави презентации, избори се за 5, а на крај? Цел труд ти паѓа во вода во еден саат и 30 прашања. А убаво викаат - на тие најодличните им е најтешко. Сите ми се 5, сега се плашам дека некое 4че или 3че ќе ми штрчи во свидетелство. Не ми е до толку криво за самата оценка, колку за причината за таа оцена. И која е логиката? Прва ситуација - Некој цела година добива 2ки и 1 на тестови, на крај му се паѓа предмет само со теорија, ќе ги набуба прашањата на памет и вади детево 5ка. Втора ситуација - Цела година правиш посебно тест за секоја тема, на крај ти се паѓа предмет што е малку потежок, не можеш да ги запамтиш сите решенија на задачите и вадиш пониска. И демек од плати ќе им одземеле, па затоа се плашат да стават повисока ако има простор професорите. Да, луѓе ок е значи, разбираме дека храните фамилија, но со самите нивни зборови, тие од една страна му придаваат значение на екстерното дека реални оцени дава, од друга страна го потценуваат трудот на ученикот. Самите знаат дека екстерново е глупост, и дека ние сме против,така да зошто на таа страна да се покоруваат, а не се ослонат на нас?
Умнициве машала ниκнале. Ајдееее да си честитам: ми доаѓа умот. За тебе ρоден??? Хахаха. Песна неκоја на Маκфест сега оди. Мρш бе!!! Ич не си убедлив. Алапача сум сигуρно забележувате. Ајде одам- да не досадувам многу.
Да ти е**м корумпираната држава. Ми се јавија со понуда за работа во државна институција соодветна на моето образование, арно ама да платам 2000€ плус 200€ за трошоци на две рати. Дал да плачам, дал да се смеам?! Подобро никогаш нема да работам по мојата професија, него ли да си ги продадам своите верувања и морални вредности на некоја џукела!! И ко демек нешто се сменило овде.
@SV1911 Немој заради 1 џукела или група такви кои узурпирале институција и мислат дека е од татко им наследена па ќе ја продаваат како они сакаат да ја пцуеш државата. Државата тоа сме ние и не треба да се навредуваат сите заради некој кретен. Ако си конкурирала на оглас и ти побарале пари тогаш пријави но не плукај по цела држава т.е сите нас само затоа што некој ти побарал пари. Многу е лошо кога се бара колективна вина наместо индивидуална. Корупција постои и во Америка, само што тамошните грагани пријавуваат во полиција а ние плукаме по интернет. Зошто не ја кажеш јавно институцијата или тој кој ти побарал пари кога веке си решила да зборуваш за тоа?
Ако продолжи да ме носи по настани со чикици и вмро, ја еве тука ветувам дека ќе раскинам и не му раѓам деца. Два и пол саати седам со оптегната насмевка и чудно чувство, мислам дека устата ми испука. Битно коментарот е - ПРЕКРАСЕН ПАР, ЈАСНО НИ Е ЗОШТО ЈА ЧУВАШ ВО ТАЈНОСТ. Тајност? Ќе праиме муабет дома. А он вика дека тоа е форма во комуникација за правење лице...Ја не сум за на планетава земја...ако ова е начинот. Ете тоа сакав да кажам. А околу другите работи како никад нема да успеете во државава и зошто утре треба да протестирате рецимо. Све мој до моега. И ја некад замишљав дека ќе станам професор на факултет...аха...партија брате, партија. На трпезава само ја сум непозната. Мразам настани со елегантна музика, со непријатни тишини и чувство како да си голтнал стап од метла и броиш чаши вино да не се натрескаш и се обраќаш на вие и гисподине, секако ти возвраќаат ама дај бре да се начукаме... Бар гласна да е музикава да не ти е незгодно.
Ми отиде една прекрасна личност... Си замина мојата бабичка... Жена со лавовско срце... Засекогаш ќе те носам во моето срце, ти беше мојот идол!
Возбудена сум за утрешниот ден! Лани во ова време со солзи во очите лежев во болница и примајќи терапии се молев Бог да го исчува тоа мало ембрионче и да го родам...а сега, точно година дена подоцна, имам едно петмесечно маженце кое животот ми го прави поисполнет и посреќен, кое за скоро ќе го воведеме во вера Ти благодарам Боже за овој благослов, за неизмерната радост и неопишливата љубов, и Те молам не заборавај ги оние кои сеуште не го доживеале тоа, нека поскоро ја почувствуваат радоста, љубовта, исполнетоста и среќата! Благословена сум!
Нема по awkward момент за мене од тоа татко ми кога ќе седне до мене и ми зјапа во лаптопов што правам. А мене пустото, фемина отворено и тоа на некоја незгодна тема, иди па објасни се. Ми се залепи баш кога ја читав „17 години а не сум смувана“. Си се зачита, ми даде чуден поглед и полека си стана. Упс.
Дали сум една од ретките што не и пречи дождот.Напротив го обожавам. Обожавам кога врне а јас сум се свиткала под ќебе, или едноставно да го отворам прозорецот и да почуствувам спокој. A и поубаво учам кога има дожд. Дај боже да ја исчисти оваа злоба од луѓето или да им го разбистри умот.Не знам оти сите го поврзуваат со депресија или расипување на плановите. Излезете танцувајте на дождот,создадете моменти вредни за паметење. Или пак помислете дека некој каде што има суша многу го чекал и му се израдувал.
Бидејќи ова е форум и поради лична приватност нема да откривам детали. За ваквите "методи" на работа знам уште одамна, не ми е новост ова. Откако завршив со студирање ми биле понудени неколку вакви работни места, ама овие денеска ептен алчни ми се видоа, затоа ваквиот излив на пцовки. Да ги пријавам велиш? Каде? Кај истите тие што ми нудат работа преку "врски"? Па после да си го комплицирам животот ради идиоти?
Не бе јас не сум како нормалниве луѓе што велат "легни си порано, стани си порано". Сега си велев ти напрај си уште некој аларм во случај да се успијаш.
Slep si ili takov se prajs? Od avion se gleda deka te sakam. Te sakam budalo. A ti samo mi vrtis nekoi muabeti za drugi zenski. Ti ke bidis moj taka da si znajs
И дa легнaм уште вo девет, и дa седaм дo пет, истo ми се фaќa. Вo oсум пaк сум нa нoзе. Си гo мрaзaм метaбoлизмoв.
Малер сум од ко сум родена.Несреќа за несреќа, како еднаш бе, само еднаш да ми се насмееше во нешто среќата. Полагам германски екстерно, најубајте наочари за видот ги скршив, т.е брачедами ми ги скрши седна на нив и едно извини не рече.Ми доаѓа да убијам некој.Сеа правец по нови наочари. Плачам, плачам, плачам оти ништо не ми оди од рака.
Феминки мои, денес имам посебен јубилеј... една деценија искината меѓу два животни удари... една деценија континуирано растење...континуирана храброст и непокорно смеење... за мене, за вас, за истата сила да не следи секој следен ден, го пронајдов, па споделувам текстов со вас... Ова е за сите жени чиј живот не е романтична приказна Ова е за сите жени кои пораснале барајќи ги соништата кои сакаат да ги остварат и личностите во кои сакаат да прераснат, а не само барајќи мажи кои би ги турнале со нога и би ги спасиле од нивната секојдневна реалност. За жените кои се надевале дека нивниот живот ќе биде трилер, авантуристичка новела, комедија и повремено еротски филм, но никогаш обична и едноставна романса. Никогаш само одраз на она што го имале да го понудат некому. Ова е за жените кои имале големи планови за главниот лик во својата приказна. Ова е за жените кои пораснале сакајќи повеќе. Повеќе независност, повеќе знаење и повеќе можности од тоа што некогаш се надевале дека ќе постигнат. За жените кои биле учени да молчат, но сепак го пронашле гласот во себе. За жените на кои им било кажано да бидат скромни, но избрале страст. За жените кои биле учени да седат и молчат, но избрале да станат и да се борат. Ова е за жените кои никогаш премногу не мечтаеле за живот како во бајките кои ги прочитале. За жените кои одбиле дадени сценарија и решиле да напишат свои. Ова е за девојките кои пораснале со валкани раце и изгребани колена. За оние кои сакале лично да го искусат светот со сиот свој здив, без скриени намери или амбиции да му се допаднат на некој друг. За дамите кои кон своето тело се однесувале како да е нивни храм – да учат, доживуваат, растат и постигнуваат, наместо едноставно да заведуваат и импресионираат. За жените кои сакале да бидат заведени од мистериозните тајни на светот кој ги опкружува. Ова е за жените кои знаеле дека заслужуваат да ја истражуваат страста на херојот од нивната омилена детска книга. За оние кои не чекале да дојде некој друг и да им го покаже светот. Ова е за жените кои биле осамени. За оние кои ги почувствувале падовите и тешкотиите на животот кои немаат никаква врска со љубовта – кои гледале како нивните пријателки се омажиле, како нивите партнери си заминувале и како животот продолжувал понатаму без нив, бидејќи нивните цели не биле по мерка на другите. За жените кои со гордо крената глава и искрено срце се соочиле со осудите, свесни дека се горди на животот кој го избрале – дека сопствениот успех им значи повеќе од туѓиот и дека нивната среќа е нешто што само тие имаат право да го дефинираат. За жените кои ја почувствувале тежината на своите одлуки, но сепак ги донесувале – бидејќи знаеле каков е животот и не им било страв да го живеат со полн здив. Ова е за жените кои се бореле да станат свои сопствени спасители, свои хероини, силни протагонисти во својата победничка приказна. Ова е за сите дами кои сами се спасиле и за хероините кои не чекале да бидат спасени. Ова е посветено на жените кои ја ценат романтиката, но знаат дека тоа не е животната среќа која ја бараат. За оние кои знаат дека нивната приказна ќе заврши дури тогаш кога ќе видат сè што сакале да видат, ќе научат сè што сакале да научат и ќе ги постигнат сите цели кои си ги поставиле во детството. Ова е за сите жени кои знаат дека во својата животна приказна се оние кои го држат пенкалото во свои раце и ја создаваат таа приказна.
Се додека има побарувачка, ќе има и понуда. Јавна тајна, за која сите подшепнуваат. Лошо е, ама само така се може во денешно време, ми велат. Епа не! Нема да бидам крпа со која некој ќе си ги брише нозете. Нема да им идам по паметот на несовсените створења колку да се вклопам и да бидам социјално прифатена. Ова веќе не е само за една работна понуда, ова е само почетокот. Тешко е да бидам оптимистична, кога вакви луѓе ги држат конците. Ми се гади од вас, идиоти продадени, слепи овци кои одите каде ве туркаат. Имајте бе луѓе свое ЈАС! Јас ќе се снајдам, дали тука или на друго место. Жал ми е за останатите слепци кои никој и ништо нема да ги разубеди дека има избор, а тој избор од нив зависи.