Аман веќе ќе пукнам ! Преку глава од себични манипулатори ! Секогаш на нив им е лошо, секогаш они не се добри, се човек нив треба да ги гледа и да им се тресе над глава, за све во животот они се жртви. Судбината нив ги изиграла. Сите се лоши, безчувствителни, не ги сакаат, не ги почитуваат , а всушност тие сами себе неможат да се истрпат ! Ќе ти донесат чаша вода и 5 дена ќе ти го зборат огромното хумано дело што го направиле за тебе и колку тоа ги чинело нив и како им влијаело. Сироти, греота, за жалење. Најлошо е што пробуваат во свеста да ти влезат, да те изманипулираат како ако ти не им одиш по газот си лоша, себична,проклета, нечовек ! На секое твое "не", ронат солзи, прчат нос и почнуваат сожалувањата. Имате ли граница ?! Има ли трошка жал во вас за другите ?
Немат жал, бидејќи нив никогаш ништо не му е погодено, секогаш некој друг му е крив. Тие не знаат што значи зборот љубов, бидејќи ни самите не се саакат.
Ме гледаат комшиите сабајлево, се враќам дома со торбици, по тренерки и растурена коса, штотуку симната од планина. Едно кафе на тераса и за пола саат излегувам пак - нашминкана и дотерана, брзам накај автобуска. Од птици и зеленило, од свежина и запален оган, се вратив во градските гужви, чекање на семафори, а сега седење под клима. Малку ми е тешко да се вратам во колосек Ама ај со песна да ја почнеме неделава
Јас бев од тој тип, велев: "Абе не ми е симпатија " Ама затоа знаев кој хороскопски знак е, која боја му се очите и дека е леворак Нели, пошто не ни знам за кој ми зборуваа Инаку, неделата не можеше подобро да започне!
Вчера бев на гости во населбата во која живеев 8 год. Ме фати желба да шетам,да си се присетам каде учев,по пат го сретнав типацот за кој цело школо зборуваше дека ме сака, а јас го сметав само како постар брат... Веднаш ме препозна си останал истиот позитивен ,откачен. Немам сомнеж ќе биде предобар татко,зошто беше предобар другар. Ги сретнав и сите мои симпатии,другари од клас, сите собрани пред школо играат кошарка,не се промениле. Баш си ги прочистив мислите и чувствата. Толку се радував што ги видов некои личности.А cе изненадив од другарките поточно од најверната на моето здраво како си? Ми упати поглед и ништо не прозборе,застана да чека бус и почна да ме гледа со крив поглед. Ми падна криво што и презборев. Заминав кај другарка која не ми беше блиска која кога ме виде ептен се израдува, ме покани дома. Гледавме цд од приредбите од патронатот, од оправдано присутни и од музичките идоли. Толку се смеев на самата себе си. Во 7 одделение ја пеев песната од Рири Unfaithful сум погодила некој збор ,но си се смеев што сум изведувала на песните од casi angeles. Ги гледав помаливе како играат народна онаа игра со топка и ми доаѓаше да им се придружам. Толку бев среќна што после 5 години ги видов некои личности,што се исти спрема мене и со кои ќе продолжам да се дружам. Би останала уште неколку дена но обврските си го прават своето ...
Го гледам вчера Ноле и искрено му се восхитувам.Како може еден така сосема обичен човек ,хуманист ,да си ја брани својата држава? Како Бог да им компензира на србите се низ неговите победи.И ако е така нека е.Ние од покојниот Тоше немаме ништо слично во спортот,културата ,музиката.Што е тоа што тие го имаат а ние не?Можеби дека се свесни за својата земја ,историја,народ,православието.И горди се на тоа. А ние?Што се случува да на оваа грутка земја не се роди некој таков човек,премногу ли сме влезени во лавиринтот на лажниот,исполитизиран живот,па не знаеме да се посветиме на квалитетот.Дури го имаме и тоа проклетсво се што е добро да уништиме. Од тоа и ќе се сотреме,од самоуништување.
Од кога почна да ми е гајле за сите, прекрасно се чувствувам. Никого не барам,ниту вртам ниту се секирам како се. Од таквото секирање на другите да им е добро и да бидат среќни се запоставив себе си. Ако некој мисли дека треба да ми се јави, нека повели. Линијата е отворена. Преку глава од себични луѓе и дволични личности. Ме заболе мене за сите. Како што сите ги заболе за мене.
Не бива... Не бива да бегам од самата себе, признавам јавно дека ми недостига, дека почнав пак да го сонувам... Но ќе помине... Период е... Пак ќе ми биде сеедно за него, пак ќе го заборавам...
Деновиве животот ми е една мешавина од математика, фустани, екстерно, глупава полуматура и еден куп датуми. Welcome to my brain. За време на првиот уписен рок на школото во кое сакам да се запишам нема да бидам во државава. Датумот на подигнување на наградите од натпреварот македонски се совпаѓа со датумот на полуматурата. А сакам да одам, во Филолошкиот факултет ќе биде, сакам да одам за Скопје. Наставничката пробува да ја убеди директорката да ја премести полуматурата, ама нема смисла 100 и кусур души да ги менуваат плановите поради мене. Како тоа да не е доволно, не сум ни почнала да се спремам за глупавата полуматура, не мислам на фустани, такви работи, мислам психички, како ќе преживеам две вечери турбофолк и орца. Денес во рок од 3 часа решив 200 задачи математика. Спремна сум за тестирање, барем тоа ми се мавна од глава. Сега иако имам уште еден куп обврски, ќе си пуштам серија, па ќе свирам на синтисајзерот додека не ми се избистри мозокот. Колку ќе си ја заслужам Италија на 21ви.
Не знам како да осеќам. Кај станав мотивирана за диета, ми се јавува колешката - ќе одам на погреб, млад човек си замина, му се слошило. Не знам како се осеќам сериозно. Да одлучам да продолжам да си се осеќам тапа како задниве две-три недели? Или напротив...? Ама секако доаѓаш до заклучокот - еднаш се живее, животот е краток, дај еден хамбургер. Прашање е сега...
Камо јас да имав воља да каснам еден хамбургер сега, еее... Стомаков крчи од што сум гладна, а душава ништо нејќе да јаде. Само леб и јогурт
Нема надеж и баба ја домкнав овдека да ми готви и се, џабе е, незнам више кај да се обратам, више пукнав Ноќеска си ги повраќав киселините од желудников, од што немав што друго. 10 недела бременост, јас сум со иста килажа, ни килограм немам покачено, стојам на 54 и не мрдам.
Денес, како и последниве неколку дена чувствувам тага која не ми е јасно од каде извира, кои и' се корените. Одбивам да прифатам дека од ништо се чувствувам така. Неколку дена од душа не сум се насмеала, само се гушкам, се мушкам во перница, плачам и не ми се прави ништо. Сега моментално сум со главоболка во левата хемисфера, болка во заби од стискање вилици и болка во јајници од добиеното. Упс... Сепак, не била тагава без причина. Си го мразам циклусов кој редовно се погрижува да биде разновиден за да не ми биде досадно и, нормално, за да ме фаќа неспремна. Ги мразам емоционалниве флуктуации кои произлегуваат од моиве луди хормони... Мислам дека најприфатливо ми е кога сум во кучкасто радположение пред да добијам, па грзам и 'ржам по се' околу мене. Ваква не се поднесувам. Bitch, каде си?
Си разговараме со ќерка ми Денес на баба (ќе) и' (беш)е роденден Душичка, ми вика " немој да си тажна зошто немаш мајка, па ти сега самата си мајка, види, не имаш нас" А затоа што баба не можела да слави кај што е, мама да направела торта и децата за баба ќе дувнеле, ќе прославеле тие
Кревам ролетна бидејќи е облачно и еве го опекува сонце за 3 секунди. Спуштам ролетна, пак заоблачува. Океј, ај добар ден. Сабајле станав и се изнаплакав оти не отидов вчера на Гета. А не знам оти не отидов, некако бе сеедно ми беше. Ама сега не. Супер. Се изнервирав до бескрај. Ајде уште вечер да врне да истури и да си скапам дома. Уште четири недели, и конечно, 2 месеци ќе уживам надовр од државичкава. Кент вејт. Ама пред тоа, морам да купам некои поклони и да ги изненадам најблиските и најмилите мои, што живот ми значат. Да, и да завршам со глупавото средно, засекогаш! Cheers to this. И летото е почнато и нека е најубаво. И само здравје друго ништо не ми треба
Весела сум денес. Ме виκнаа на интеρвју. Јеееј. Пρво во животов ќе ми биде. Јупи јееј. Леле сρамота за годиниве κаκви κρици испуштам. Башκа сκоρо вρаботена. (Ќе ги магепсам јас нив. Си знам. ) Моρав ваκа ,,на велиκо" да се пофалам со големи буκви. Да си го паметам денов. Значи феминсκа пмс синхρонизација? Убаво.
Периодов ми е ептен напнат. Утре полагам екстерно, и тоа македонски Цело школо ми завидува, ми викаат си се спремаше ти за натпревар, сега се си знаеш. Сироти тие, немаат поим колку двосмислени и тросмислени се прашањава. Одговор никаде нема, ни во учебник, ни на интернет. Сепак се снаоѓам некако. Ајде, уште неделава ќе ја издржам и после три месеци уживање. И следи средно школо, нови искуства, нови пријателства...
СДК у пм со екстерново без врска систем без врска тестирање без врска све ради реда колку да воведат нешто и то нешто и тоа неможат да го организираат ко што требет од 200 прашања по германски пробува овде 3 сати да преведаам нешто , без смисла све е само музикава од Крис корнел во позадина само то живци ми држи живи глупости , скапан школски систем
Не можам да разберам жени кои се мајки, а се однесуваат лошо со туѓи деца. Мајка ми кажува за една братучетка, детето од маж и го донеле на поседок, вика кога ја видов цела коса укепена, неизмиени очиња, рачиња... а оваа ја гледа попреку. Бабава се труди, ама чисти, работи и ручек им готви, колку може брза и двете деца да ги чува и возрасните да ги среди. Госпоѓава моја кога и викнала, пуфки ја направила оваа нашава. Срамота бе луѓе, дете е дете. Како што го бањаш и миеш твоето, ако ти го донеле на поседок, детенце од 2 и пол години, да не му се посветиш? И се спремам да и се јавам и јас да ја средам. А не е прв пат да се изненадам од одвратен однос на жени према туѓи деца, а се мајки. Па како бре не ти оди милост само што ќе го видиш???