Мислам ова денешното одење од крајност в крајност, а никако златна средина Го читатам твитот дека се оправиле и двајцата, ако требало ајфон и одмор да и плати за да и покаже колку ја сака. Од друга страна, пак ги имаш тие навистина таа конотација си ја сфатиле сосема спротивно во стилот ништо не и купувај и така ќе и покажеш и на неа и на комшиите дека твоето/вашето е вистинска љубов Аман бе Зошто ако има, да не и купи, зар треба и двајцата на клупа да седат само за да не речат нешто другите. Парите се наменети за трошење, а животот за уживање. Tој што ги има, негов избор е како ќе ги троши и на кој, а да ги чува за доброто на останатите, тоа малку е апсурдно И пред се, љубовта и парите се две различни нешта.
Знаете она кога сте презафатени со се и свашта и баш во тој период ќе ве бараат триста луѓе,кој за помош,кој да ве види.И секогаш им се чудев на луѓето кога не можеа да одвојат време за кафе,да се видат со најблиските. Епа искрено,сега кога осетив на моја кожа не е баш така.Пошто тоа време што ќе го поминам на кафе или каде и да е,ќе се одморам,ќе земам душа,стресот да се елиминира барем малку. Ама не е фер да се лутат другите,посебно поради фактот што секој од нив во одреден моменти ме откачиле поради презафатеност. Чист пример другарка,кога има за полагање,сите ги одбива,се затвара во библиотека 24/7.Јас фала богу многу добро ја сфаќам,во тие периоди ниту ја барам,ниту замарам. Ама она кога ќе ме викне ден пред испит,и кога фино лепо ќе и речам не можам,е тогаш јас сум лоша,сум ја игнорирала,имала многу за кажување. Епа сакам да те видам,ама сакам и да положам и да не се враќам на факс за 2 недели по жешкото,на 30 степени. Ми прекипе од објаснување,барем студент би разбрал колку толку. Друга работа што посебно ме изнервира деновиве е неспособноста за одредени работи.Наречете ме како сакате,ама во 21 век со сета технологија,да не знаеш мејл да пратиш,Гугл да отвориш да пребаруваш,да работиш со основните алатки на Microsoft Office, за мене е срамота. Академски граѓани,поминале 4 години на факултет,други им ги пишувале семинарските,после и дипломската,а они не знаат како изгледа иконката на Word.И после тој некој ќе ми биде шеф. Знам има многу неедуцирани кои ќе бидат над мене,ама кога станува збор за основна работа на компјутер,што е неопходна,е тука ставам линија.А истите тие висат со часови пред Фејсбук,Снапчат,Инстраграм и што и да има друго. Е сега,низ муабет во друштво ја отворивме темава и јас си го искажав мислењево,една другарка ме гледа и ми вика,епа извини не сме сите препаметни како тебе,знаете со оној саркастичен тоналитет. Не знаев дека сум генијалец што знам да симнам филм од интернет и да напишам документ и табела во Офис.Открив нешто ново дефинитивно Не за друго,пак јас ќе бидам кривата,пошто нели на сите не им одат компјутери и технологија,некои се вешти за други работи. Пих,нема грешка. Ај чао
Моментот кога после целомесечно пиење нескафе стронг пробуваш класик. Чекај што, ова е кафе уствари?! Како млекценце да пијам. Ќе треба по две лажички да ставам. Не бе, не сум станала зависник..
Незгодно е на некој дебел да му речиш - Лелее колку си дебееел! Јади помалку не е здраво. Ама на слаб некој не е ич незгодно да му трубиш секој ден леле слаба колку си јадиш ти или не јадиш, ќе припадниш, анорексична ќе станиш, и триста иновативни мудрости. Па да треба да му се објаснувам на сите и мојот метаболизам. Џркс.
Сега ми излезе темата Cheese cake. Пред десетина години прв пат кога прочитав мисев дека е торта од кашкавал, буквално ја замислував како жолта тркалезна пита од кашкавал одозгора украсена со шлаг. Се чудев како некој би можел да го јаде тоа. Инаку, уште немам пробано чиз кејк. Се канам да нарачам кога ќе излезам на кафе, но некако не ми се погодува моментот. И друштвото. Башка што сега внимавам што и како јадам.
Хахаххахаха. Исто и јас си ја замислував.Прв пат ја видов на Friends , и се чудев на Рејчел како може да јаде торта од кашкавал. Сега да ме потрупат во бунар со чизкејк, ќе излезам.Само уште да не беше толку калорична. Потполно ја разбирам сценава.
Сите проверуваат по иницијали кои се професорите. Се има свој крај. Може е политички иницирано, ама едина работа од цела работа на оваа влада те мвр (а мвр е владата и владата е мвр) што е истерана како што треба и со причина. Што испитуваат во угостителскиот објект, сто се сменија во рок од 10 години. Нека си бараат по бивши студенти подводувачи. Имаше еден тн Фарух, тој беше самиот студент, дремеше по цели денови во читална. Сите го знаеа за што е и како е работата. А и имаше и такви кои го злоупотребуваа целиот криминал и еднократно се појавуваа и лапаа пари и исчезнуваа од лицето на факултетот, секако лажни подводувачи. И тие треба да си ги најдат. Колку се смеев. Моја другарка подплати за предмет и падна, пиша квадрат пак. И кога после години се сели и дечкото на кој му ги дала парите и пренесува намештај, кога го препознала, брат и и татко и го скршија од ќотек... јер правна државава, немало начин...хахаха.
Исцрпена сум, а ми се чини дека ништо не успевам да направам, ништо не се забележува.. не е доволно добро ова, морам да се потрудам повеќе, а како и самата не знам. Измешани ми се мислите, не сум мотивирана, напротив, се повеќе се чувствувам безволна.. Ми недостига тој, како воздух ми е. Знам дека ќе помине овој тежок период, сѐ ќе се среди. Се надевам...
Пак јас на темата. Во последно тука ми се иди само да се пожалам. Ветувам ќе намалам со жалење, само уште ова. Денес бев на гинеколог. Му кажав дека сакам да ги прекинам контрацептивните таблети и дека кондоми не можам да користам, да ми кажи какви други видови на контрацепција се достапни кај нас... Ме погледа така чудно, и ми рече спирала само. Не сакам спирала, едуцирана сум како функционира и кои се негативните страни и не ми фаќа умот сега да ставам спирала. Дијафрагми нема. Не знам што да се прави луѓе. Буквално деновиве се скапав од истражување секакви видови на контрацептиви и чудо е што се нема низ светот. Стварно голем избор има. Мислам дека се решив да си ја порачам дијафрамата Каја. Иновативен дизајн има кој одговара на скоро секоја жена- што значи не е потребно земање на мера од страна на гинеколог. (не дека кај нас би знаел некој да земи мера- чисто се сомневам) Не е многу скапа, со оглед на тоа што давам 450 денари месечно за Јасмин. Многу практична ми изгледа за употреба, и бидејќи се употребува со спермицид доаѓа како два контрацептивни методи наеднаш. Ќе му речам изгледа на другарка ми од Германија да ми ја земи кога ќе иде летово, бидејќи е со германско потекло. Иако ја има и на интернет онлајн да ја порачаш, ама посигурно ми е дека поќе пари. Стварно се преоптоварив со овие пустите контрацептиви и нашите оскудни можности. Како и да е имам уште 6 апчиња од Јасминот, и уште од сега паничам како ќе ми биде кога ќе ги оставам оти кај сите различно е. Две години ги пијам. Ах жени.
Ili jas odam protiv cel svet,ili cel svet e svrten protiv mene,treto nema Grdo e custvoto da si postojano vo nekakva si samoodbrana,dokazuvanje i da si ostaven sam na sebe bukvalno za se,ama ne se davam jas,ke uspeam,ke vidite vie
Од секогаш сум се прашувала само едно зашто господ секогаш ги зима оние што највеке ги сакаме, зашто господе кажи ми.Само тоа и тоа прашање ми се врти во глава секој ден.
Izvini sandra a zosto gi pies Jasmin ?Ne te razbrav po sto znam deka ovie apcinnja se za onie koi imaat problemi so akni..*
... Гo знaете oнa кoгa некoј ќе се пресели вo стрaнствo и пoсле некoј месец се врaќa нa "oдмoр" тукa и нa сред муaбет ти зaцепa нa јaзикoт кoј штo се збoри вo држaвaтa кaј штo е преселен, пa ти се вaди демек гo зaбoрaвил јaзикoт, пa не му текнувaл збoрoт. Филмaње, филмaње...