Добро утро. Секогаш пред добивање имам кошмари па така ноќта ми помина во потење. Викендов ми почнува работно и сум среќна поради тоа. И ајде чао.
Најпосле ја најдов љубовта на мојот живот. Сосема спонтано и неочекувано. Некој кој цело време бил во моја близина но јас не сум го гледала на тој начин на кој ме гледал тој мене се додека не се најдов во негова прегратка, во неговите силни раце кои нежно ме држеа и ме тешеа дека ќе го положам испитот. После сите почнаа да зборуваат за нас и да ја поддржуваат врската која уште не ни почна и се замислив. Па да, ова е добар кандидат. Црна коса, темни очи, онаков каков најмногу сакам. А и добар дечко е. Ооо да. Инаку, ова само сон беше. Ај добро утро, со кафе, со доручек, ама без цигара. И на сите нека ни се остварат соништата. Амин.
На работа потполнувам некој прашалник: - Дали сте корисник на опојни дроги или други психотропни супстанци? Заокружив ДА...оти ме интересира дали некој воопшто ги чита...
Има една која вели "стара љубав још је волим, још је волим као пре, стара љубав како боли кад други усне љуби је.." . Не бе брат тотално си ја утнал, не боли стара љубав, боли прва љубов незаборавена, првите пеперутчина во стомачето. Навистина сакам еден таков експеримент, првата љубов и мојата последна бивша пред мене 5 минути молк, по кого би завојувале во стомачето повторно м ?
СДК Едни ги повредуваме ние,други не повередуваат нас. Прашањето е свесно или не?! и СДК 2 Правиш планови, па се нервираш, се трескаш од земја како и што ќе биде, се тресеш за најситни детали бидејќи толку силно посакувш да ти се оствари, и на крај ќе испадне нешто сосем трето. Ама ако, нека.Се ќе направам само да си заминам од државава.
Со син ми излегов до град,отидовме да доручкуваме нешто а таму сретнав еден стар другар од порано многу се дружевме.Очигледно беше дека не ме виде,а јас повикнав по него бидејќи одамна се немаме видено,и многу е срамежливо детето.И праша дали сме сами да седне со нас,секако му реков седни.И ми кажува дека незнаел што да им зборува на малите дечиња.Само ме насмеа.А најјако беше прашањето кое ми го постави,оти незнаел со кого сум мажена,па само ми рече ,,Со тој ли со тетоважите,,? Хаха,само се насмевнав и реков - Беше и помина тоа. Па ми кажа дека тргнал на курс германски,синко не му се седеше повеќе и си кренавме и толку беше тоа.Ме потсети само на една многу длабока рана,за која никој незнае.....Ќе помине,што и да е,само за добро да е. Ајде имајте убав ден.
Гладна сум. Самоконтролата е најважна. Абе глаааааааааааааааааддддддддддддддннннннннннннннннннаааааааааааааааааа сум.
Луѓе денес дознав колкав страв има Марли од багери. Значи од сабајле влегвал дома се криел и никако не сакал да излези. А цел ден работат багери во другата улица огромни. И сега едниот помина точно пред нашата куќа и Марли имаше буквален напад на паника. Значи го виде и почна да се треси, се скри в куќарка и на крај му отворив таму во една соба да влези оти жал ми беше и се скри зад една маса и се тресеше скроз дури не помина багерот. И после не сакаше да излези никако преплашен. Душа моја, бебе моеееееее!!! А цел ден јас си мислам шо му е на Марли зошто е ваков чуден. Тој преплашен да ти биди цел ден Арно сега си заминаја багерите и малце олабави.
Па јас луѓе све сум видела, ама ваков безобразлук од живот не сум видела уште. Што е работава, да не ме урочил некој пу пу пу... На рекламација кај да идам знаете, јас ова не го нарачав.. Или е скриена камера или не знам веќе што
Се штрекнувам и уплашувам кога видам родител надвор како го тепа своето мало дете. Тој бес и таа агресивност, во очите и однесувањето, што ви е бре? Дете е. Што може толку едно мало дете да згреши? Малку повеќе самоконтрола нема да е на одмет. И после секој бил за родител
Конечно распуст.Денес,полагав математика на екстерно,и предходниве денови целосно се насочив на тоа.Распустов не можеше да ми почне полошо,се надевам ќе се поправи
Јас мислам дека е бесмислено да минуваш време со тие на кои им е сеедно дали си ти со нив или не. Подалеку од егоисти.
Има родители кои не дека не ги сакаат своите деца туку не знаат како да се однесуваат со нив. Не знаат како да ги воспитаат. И тогаш најмногу децата страдаат. Донесуваат погрешни одкуки, прават погрешни работи. А нема кој да им укаже дека грешат. Жално..
Се претопуваме во генерации на идиоти, младината бега од рака. Затоа еден апел до родителите, внимавајте како ги воспитувате своите деца. Вие ги поставувате темелите на кои вашето дете ќе ја гради својата личност понатаму. Гледајте како ќе ги поставите. Научете ги на вистинските вредности, не на оние кои моментално владеат со општеството. Од мали нозе покажете им што значи одговорност и самостојност. Помагајте им колку можете, но не ги правете ваши зависници. Поставете некоја граница која нема ниту вие, ниту тие, да ја преминете. Бидејќи повеќето моментално не знаат како самите г*зот да си го избришаат, а другите околу нив страдаат. Со вас заедно. Од вас, исто така. И да, и јас сум дел од таа младина. И да, и јас сум нечија ќерка. Ама моите не ме научиле да бидам паразит и да чекам на готово да ми биде сервирано. Не ме научиле да бидам нарцис, не сум единствена. Па пред да кажете "Моето е посебно", а и детето да го убедите во тоа, размислете два пати. Ваше е, точно. Но посебно.... хм...
Heree I'm Се’ си имам за кажување, ама од кај да почнам.. Ајде, од сликава: Се изгубив себе си, покрај гореопишанава особа. За се’ имав разбирање. И за неговата поранешна долгогодишна врска. За неговите стравови дали од нас ќе бидне нешто. За неговиот страв од повторно изневерување. Тука бев, до него.Сама сакав врската да ни се базира на доверба и искреност. Од самиот почеток си стоев на тоа ако има некој проблем, да ми се јави слободно. Во меѓувреме, премногу се приврзав и целосно се посветував за нешто што не вредеше. И така, да се вратам на столбот-искреност. Отворено си рече дека ако му се пушта некоја, ќе ме изневери Spoiler (оти него претходно неговата го изневерила) . А јас сум, ок, во помагање и слушање проблеми, и секако, наоѓање решенија за нив. Објаснување? Дека си имав работа со несигурна, искомплексирана особа.Или поарно речено, паразит. И додека да сфатам што всушност стои пред мене, со илијада стресови по ред се соочував. Не дека имав намера да расправам за ова, туку целта ми беше да споделам дека не секој заслужува уште на старт да му се даде толкава привилегија. Туркам напред.Со насмевка на лице.А он, нека наоѓа подобри од мене.
А што е ова... напнатост до коска ... нормално било, ќе сум била уште понапната ухххххххх уште па, читам хорскоп ли беше, шо беше не знам и оди вака "вие ги прикривате вашите чувства" ... хммм ајде, де ... музикава да разбие напнатост без причина.
Сте приметиле ли дека нестабилните луѓе варираат со емоциите од 0 до +/- 100 додека мудрите, смирени личности во било каква ситуација да се најдат одат од 0 до +/- 1,2,3... Какви нерви треба да имаш за да и во најстресната ситуација не чувствуваш високо ниво на интензитет на чувства како вторите и какви ли бури чувствуваат првите?