,,Сеκој од нас саκа да му биде најубаво, ама едноставно е: животот не фунκциониρа таκа. Ќе не` фρли в κал, па ќе не` извалκа во пепел, после ќе не` влечκа по тρње, па ќе не` натеρа голи и боси да чеκоρиме по невρеме. Таκо
trudna sum mor sinko se luti koa placham. ( lele. ej nikad ne sum gi sfakjala tie shto ostavaat vaka kuche. sramota.
Е ај дека неможеа сите портали и телевизии да известат по 693746361717177456261719292947473677272 пат дека "Од петок следува пеколен топлотен бран" Не е нешто невообичаено, јес да дека не се трпи воопшто и дека е опасно се разбирам тоа амаа немора на секој саат да замараат де. Тешко само на тие како мене што немаат дома клима, оф офф .. или трудниците или па тие што одат на работа или сл. а тек па тие на отворено што ќе работат... Кој сака гости од петок до понеделник?! Да му дојдам а? (барам некој/а со клима ) Шала на страна, тешко наас!!!! Р.Ѕ. Мрзам лето, мрзам пеколи отидов на Антарктикот јаас
Никогаш не би чувала птица во кафез. Не би влегла во зоолошка и не би фрлала смоки на прегладнети животни. Ама и ако имам дете, не би му дозволила да се чувствува како птица во кафез, затоа што никој не е ничија сопственост,
Јас би да промрчам малце. Деновиве жив мртовец. Ужасно се чувствувам, а воопшто не сум загрижена за здравјето. Не знам од каде произлезе сета рамнодушност, но ете. Патем, се сретнав со другарка која е лекар, ај она што се исплаши, па и мене ме исплаши. Ама, не можам да сфатам кога е доста. Веројатно додека не се најдам на исто рамниште со подот. Нели, онака уметнички да се струполам. Не знам дали сум потечена или здебелена, ама не е на арно. Ми тежи главата, а не е од научениот материјал. Во животов патем уште дијабетес ми фали. Битно јас опремена со рецепти, од една страна, со манипулатори од друга страна и така. Повторно ме изиграа, поштено. Овој пат сама дозволив и немам право да се жалам. Можев да се повлечам на време од секакви интриги, но одбирам да бидам дел од истите. Планови имам еден тон. Можеби и тие ми тежат толку. Една работа да ја најдам, пресреќна ќе сум. Со некој денар ќе успеам да си го надоградам знаењето. Онака, можеби и за лична сатисфакција ќе биде само, може ќе отвори нови врати, можности. Мое е да пробам, ама свои приходи да вложам или "прокоцкам". Колку пати и е дискутирано и критикувано, џабе е! Женски тоалет е гнасотилок! Никој не е должен нечија урина да брише! Осет се нема. Си земам за право гласно и гнасно да критикувам. А, демек ако пишам тука, па нешто ќе променам.
Ете се случи и тоа после година дена развлекување јас дипломирав, не влечев од што не знаев да се разбереме него од што се нема време. Добив пофалби дека имам ептен добра дипломска, одлично разработена и проучена, па и како не ја пишував со месеци, ама ми легна темата, многу интересна.Ептен се внесов и презентацијата ми траеше 40 мин, јас не ни приметив дека зборам толку време...Среќна сум и на работа сум, нема кој да ме мени, нека одат во пм. На крај постојав малку пред предавална, емотивно да се разделам од факултетот, некако сега кога знам дека и официјално е крај ептен ми падна тешко. И така идам да ве почастам виртуелно. Заблажете се. @Summerlover со комбинација ќе се јавам подоцна во етер
@1209 Да наздравиме properly за денот кој верувам ти бил баш коктел на измешани чувства! Ти посакувам уште безброј успеси да ти го одбележат животот! Spoiler: Cheers! п.с За комбинацијата тргнав прееска да пишувам, ама викам, ај да не замарам, ќе стави кога ќе биде се done!
Која е поентата да барате да ве прифатат луѓето какви што сте кога вие самите не се прифаќате и сакате онакви какви што сте? Остевете ги на страна другите, тие не се битни. Ама зошто не превземете нешто и не го смените тоа што ви смета и на вас кај себе? Зарем не сакате да се сакате себе си во сопствената кожа без да глумите нешто што не сте а посакувате да сте? Единствено што треба да се стори овде е да работите на тоа за што секој ден сонувате да постанете, наместо да се самосожалувате. На крајот трудот ќе се исплати.
Кога повеќе луѓе навистина би правеле такви добрини какви што ги прават оние красни љубезни луѓенца, кои после тоа од скромност знаат да додадат дека секој би го направил истото на нивно место - светот би бил поубаво место за живеење. За убав гест никогаш нема премногу комплименти...
Самодовербата, надменоста, горделивоста се лоши карактеристики ако се неосновани, ако си постигнал нешто благодарение на способноста да поминеш преку живи луѓе, неморално, неетички. Додека ти мислиш дека сите ти љубоморат, повеќето само ти се чудат на паметот. Нема поголема вредност од тоа да го живееш моментот достоинствено, без разлика дали си долу или горе.
Еден маж, било во јавност, било дома, може само да го повиши тонот ако ја брани жената до него. Сето останато што не спаѓа во ова категорија, јас лично ќе го запечатам со крај на врска. Не инат, не принцеза, никогаш, АМА никогаш нема да толерирам "мој партнер" мене да ми повишува тон, а сите останати што мислите дека понекогаш така треба, епа news flash, ве лажеле во прво.
Се надевам не сум заборавена... Помина некое време од последниот пат девојки. Ми требаше. Си го земав. Се посветив апсолутно на себе си. Сеуште сум среќна. Сеуште ми недостасуваат многу работи... ама го имам него, па тој ми надоместува со љубов. Јадам зрели цреши, пијам бајато кафе (она истото од утрово ) и гледам во длабочините на небото. Гарант и мојата среќна ѕвезда ме набљудува од некаде и ми се смешка. Одамна престанав да ја критикувам, валда заслужив малку од нејзината прашинка...м?! Имајте убав остаток од денов! Без разлика што ноќта осамна, ви посакувам многу сонца да ви галат душа!
Никогаш не прифаќај ненадејно понудена помош од непознат. Не ја знаеш позадината. Поготово ако истата повеќе пати се наметнува. Некогаш и ке изгубиш заради ваква претпазливост ама во повеќето случаеви добиваш.
Згодна, убава, дотерана.Косата натапирана, очите убаво дефинирани, устата прецизно оцртана со моливче.Сандали по последна мода. А, стапалата... Жени...дајте бе...Ако си поминала толку време да се спремаш, одвој пола саат да го истругаш пармезанот од петата. И налакирани нокти.Знаете, има мажи и со извесен фетиш и таму ве гледаат...не само во задникот. Кога веќе не сакаш да се средиш за себе.