Ееее полека со коктелите Сега вака јавно да се договориме, па публика да имаме а После 5ти ќе пиеме,ќе јадеме, ќе правиме што ќе ни текне После тек на есен
СДК... Во моментите кога разочарувањата ја надвладуваат надежта, а нетрпеливоста му се спротивствавува на времето, забораваме дека имаме нешто скапоцено што никој не може да ни го одземе. Соништата... Само таму сите сме еднакво богати.
Петочно пензионерската, филм и потонување во сон. Денес ептен се испонервирав на работа, знаете што е лошото, што после некое време работа со луѓе, а посебно со старци почнуваш да се приметуваш дека уствари стануваш арогантен, а у суштина си фина личност, оти стварно ти требаат ортома живци да се разбереш со нив. А најголемиот проблем е што нашите стари луѓе се многу ама многу злобни, не сум го приметила само јас тоа, тргнати се со намера да те изнервираа и да ти го измизеруваат денот до даска. Не разбираат, не сакаат да разберат, а мислат дека се најпаметни, мислат дека ти сакаш да ги украдеш, да ги излажеш, дека имаат платено сметка, дека не знам што, културен си, фин си, додека не ти пукне филмот и им го покачуваш тонот малку, па веднаш се вреѓаат како си некутурен. Стварно по старите се гледа колку уствари нашиот народ е уназаден у кутура и у понашање, генерациски уште не се оправени. На другарка дечко и, французин, и рекол еднаш вашите стари луѓе се ептен огорчени, кај нас стареат со гордост и топлина, кај вас како во секој момент да те мразат што си млад...и стварно тоа го сфатив и јас од оваа работа. Не им се угодува и на глава ќе ти се качат, секоја чест на исклучоците. Јас у глобала сум фина со нив, колешките мои што работат со години ептен се арогантни, ама денес ми настапија на живци и ми ги изгазија и се карав повеќе. Временцето мх, само за одмарање е, многу сакам летен дожд, да ме релаксира од стресови. Ај чао.
Во последно време гледам дека многу енергија се троши во подготовките за свадба, за само еден ден. После во бракот никој не сака да размисли да троши енергија за решавање на проблемите кои настануваат секојдневно.
За момент помислив дека можеби и ќе бидам среќна, можеби нешто во мене се сменило, можеби пораснав. Изминативе 5 дена се обидував да си докажам себеси дека можам да бидам позитивна, дружељубива, гласна и силна девојка. Не успеав. Еден единствен збор успеа да ме бутне и да ми докаже дека никогаш нема да сум таа силна девојка која со години мечтаам да станам.
Па се замарам оти јас треба да го читам тоа, а не да го дешифрирам. Се замарам затоа што се нема срам од својата неписменост. И во твојот пост проблемот не е што си пишала на латиница, туку тоа што немаш ( и најверојатно не знаеш да користиш ) точка, запирка и голема буква. Се препозна во мојот пост, така? Ти, и таквите како тебе треба да почнете да се грижите какви се вашите постови. Ама најважно ти си се истакна...
Добра ви вечер. А ви како те? Еве јас пола саат пробувам да не слушам неконтролирани стенкања. Не стенкања, урлања. Ако цурата што е кај комшија ми Владо, е некако на форумов - на мајка ти дома така да ѝ стенкаш на уво! Сфаќам јас секс, занес и бакрачи, ама во зграда си бе и речиси 2 часот е. Ѝ тропнав еднаш да намали, ја снема 5 минути и ајде пак. Ај за мене слушалки ќе ставам, не е првпат типов таква крекалка да донесе, ама гости имам бе, срам ми е. Луѓево се постари и легнати да спијаат, утре патуваат... Не бе брате, она зинала, мислиш лото добила, газот ѝ шљупка... иди ти препотувај се. Осет, аман!
Колку е само слатко, кога улични животни чувстуваат кои луѓе ги сакаат, а на кои не им се баш по ќеиф; Си шетавме по сомнително тесни сокаци, онака занесени во восхитот на локал-архитектурните чкртаници одоколу, кога изненадно нè „нападнаа“ најслатките мачиња-бебиња и почнаа да мјаукаат, баш како бебе кое ѝ се радува на мајка си која штотуку се вратила од работа. Наааајслатката глетка која сум ја имала некогаш во животот. Топење, во буквална смисла на изразот; не знаеш кое од која страна те „напаѓа“ со бебешки милувања. И му светна на овој, да си одиме лека-полека, демек неприметно. Леле луѓе, плачење. Мислам дека срцето ми се искрши на милион мали стакленца додека го слушав мачешкиот плач кога сфатија дека им ја здувнавме. Нека каже после некој дека малку трепкање проследено со sad puppy eyes не пали - ми рече дека сум била порастревожена од мачињата без мајка, и многу му било тажничко, па си најдовме кутија и си ги донесовме дома. Разумен компромис си е разумен компромис - мене едно, тебе едно. Сега имам галамџија по дома, леле, немате претстава колку е слатко. П.С. Уште незапознаени ко што се вика нели, на свекрвата ѝ праќам обврска „спакувана“ во бебе-маче по дома. Кујзнае како ќе врти очи си велам, ама ме утеши овој дека многу сакала мачиња, па ми дојде така мирно на душата.
Алергична и бесна сум на мајки кои парадираат по град со дечиња сеуште асално непроодени и ги хранат тост од сендвичара! Јадни деца со такви мајки!
Не сакам сама да спијам. Тажно, осамено и празно е. И кошмари ме дружат. Сакам секоја вечер да заспивам со него до мене и секое утро да се будам и да го гледам како мирно спие додека го галам.
Pa ne gi citaj ne te tera nikoj so sila.I NE ZNACI DEKA SUM NEPISMENA I NEZNAM kade DA KORISTAM INTEPUKCISKI ZNACI ,ednostavno taka si sakam i kraj ako sakas citaj ako sakas ne ,za sto sakas me smetaj isto mi se faka ama bas bas isto.Ne dopira nitu eden zbor do mene od tebe a ne veruvam i deka na drugite bi gi zasegalo.Ne pisuvam ovde za ocenka .Dovolno e da ja dolovis sustinata na problemot sto go pisuvas ili mislenejto a dali ke ima izvicnik ,praslanik ili neznam sto voopsto ne e vazno .Zatoa sto nekoi se dodjeni da baarat soveti za problemi a ne se na natprevar po makedonski taka da kuliraj si ...pozdrav
SDK...uste postojat takvi na koi muabetite od pred selskata cesma im se vodic vo zivotot. Ali...sepak selskata cesma e cekor ponapred od svoeto buniste..
Само ги опишувате луѓево кој каков е ко да не знаете,а знаете. Е не разбирам кој стереотип го живеете. Јас престанав да се замарам со тоа, ти си ова,ти си она. Он така,он вака... бла бла глупост. Абе гордејте се на себе си што сте успеале до тука.