@OmniaVanitas Поентата на постот ќе беше доловена и без сликата од детето, макар и родителот сам веќе да ја ставил низ социјалните мрежи.
Летово ми помина многу брзо. Како да претрчав преку него, но сепак не е толку различно ни другите денови. Дури ме фаќа некој страв, дали паметно ги трошам овие денови, ова време што толку брзо поминува. Ама убави денови се, не викам не. Исполнети, со многу време за себе. Секое лето ми е преубаво, но страшно брзо поминува...се надевам ме чекаат уште поубави...
Пак ќе кажам. Секогаш ТОЈ треба да биде на првото место, другарки на последно. Будала сум била шо сум мислела дека постојат другарки па дури и да откривам работи за мене. Ќути си тука.Да молам за излегување постојано. Ако не пишам, не пишуваат. Мажот под рака и ај чао. Поправате ме ако грешам.
Нема аир ни од дечко ни од другарки,порано или подоцна тие ќе те зезнат. Во контекст на молењето еднаш културно ќе прашаш за излегвање нели ти кажват бесмислен изговор значи те моткаат нешто или ко ќе те игнорираат значи нешто има што маткаат. Сега ко ќе седнам да разглобам филмот и составам коцкиве ќе најдам кај се кини филмот нели дечкото го нема, раскинавме, нели другачкиве ги нема во исто време, нели сон си сонив со мачичи,кучичи значи то се е поврзано мора да има некоја смисла зошто по мене нема случајности се си случува со причина. Ако јас вина немам а немам сигурно тогаш некој ми ги смрсил конците ама ако има Господ нека гледа нека суди. Најбитно за љубов, пријателство не се моли туку се добива од некој кој искрено ќе ни ги подари своето време, почит, насмевка, радост, другарување. Некои од моиве пријатели па дури и саканиот можи ќе сфатат што изгубил ама касно ќе биди. Секому сум подала рака на мене душата ми е чиста како солза, кој испаднал ѓубре спрема мене нека му мисли сам ко ќе го гризи совест, ко ќе му е најтешко ќе се сети кој му бил пријател и му помогнал. Good night and sweet, sexy dreams.
Ова. Запомнете и не заборавајте девојки! Вистинскиот нема да си игра топло-ладно, ќе ви покаже на дело!
Конечно, дочекав да идам на одмор, овие неколку дена ги чекам цела година. Обожавам море, сонце и плажа. Иако дестинацијата во последниве денови се одлучи, а цело време мислев дека ќе биде или Грција или Хрватска, на крај искочи Црна Гора, сепак море си е море, кај и да одиш вреди воздухот што се дише. Се спакував, иако мислам дека оваа година земав премногу облека ко за 10-11 дена ама ај ќе се најде. Летово се сликав за пасош и сеа си ја глеам сликата, ако има некој полошо искочен од мене нека ми се јави, да се тешиме. Ко некоја надрогирана сум или у подобар случај пијаница, шо нема поим дека ја сликаат,.. Доста беа нервози и секирации во последниве месеци, идам да се одморам, останете ми добри и вие.
Иронијата форум виртуелна глупост да е единствено место кај што можам да си ја разголам душава . Кога ќе се сетам колку добри нешта и совети добив од овие виртуелни другарчиња (кои никогаш ниту еден не запознав), многу повеќе од оние со кои пиеме кафе, честитаме празници , подаруваме , помагаме и лажно се смееме едни на други . Тоа ти е онаа ситуација каде ти раскажуваат виц кој веќе го знаеш , ама го чекаш крајот и она пластично ха ха ха . Сакав да споделам убави нешта со вас да ви се пофалам да напишам нешто убаво ама не можам . Не , не ми е добро , и не ми оди добро и не сум таму кај што сакам да бидам . Барајќи подобри луѓе наидувам на полоши , барајќи подобро ми иде спротивното. Неправди и несигурност на сите страни и лицемерие на тони. Товаров на рамена тежи се повеќе првам се што можам да не паднам . Се трудам да истуркам ама онака на сила со инает , со заби ќе гризам со нокти по зидови ќе гребам и нема да се откажам. Никогаш не сум замислувала дека ќе се случат работите кои веќе ми се случија , никогаш не може да бидеме подготвени на се. Како ненајдена бура доаѓа секој пораз во животот. И не знам кога ќе успеам да си ги простам поразите и грешките . Тоа е нешто заебано кај човек што лесно не простува , не простуваш на другите ама не простуваш ни на себеси . Туѓите грешки те повредуваат ама твоите те болат и прогонуваат .
Сликата е скриншот од туторијал за коса на јутјуб (споделуван од страна на родителите низ сите социјални мрежи на кој се гледа и пишува се' за детето) кој ги имаше некој постирано и тука на форумот, а и намерно го исеков за да не е целосното лице во анфас иако не сум јас таа која треба да се грижи за приватноста кога родителите ги споделуваат сите ситници. И не, не е доловена без слика зошто без неа не би се гледале залистоците кои се направени заради неосетност на родителот. Како не треба секој може да каже. Ама како не треба поткрепено со слики е далеку поефективно. Не е џабе кажано - зборовите никогаш нема да опишат така како што би опишала слика. Не можеше да помине ниту еден пост без замор за било што или било каква ситница па дури и во оваа тема.
Што постара, то фитиљот пократок... само да си кажам... па, немам трпение веќе за никакви глупости... чистачката појака и побитна од директорот (докторот), деца и тинејџери кои се мислат возрасни и зрели па уште памет ти солат ( ги гледаш и слушаш и ти иде да им врзеш онака една воспитна преку светила, инаку не сум за насилство, ниту сум насилна, амаааа...), баби се мислат тинејџерки, ги мава втор, трет пубертет па решиле да се бламираат по социјалните мрежи, а и оние "посветени" сопруги, Аман глава боли... мажите, посебна приказна... ако твојот ти е погоден, сигурно ќе се најде некое говедо ( или повеќе ) да ти го сјеба денот и тоа редовно без промашување, ретко ден се прескокнува и све тоа од пусто многу тестостерон а мал алат... нешто можда и промашив, нема везе... утре нов ден, нов к'смет... јас ќе си се држам за оние неколку околу мене (посебни и прекрасни)... другите - по заслуга...
Зависи какви другари имаш. Јас на пример моиве никогаш не би ги шитнала за искачање со дечко а не па скроз да се отарасам од нив за да бидам со дечко ми. Се е до односот, според мене.
Гумена ipanema римјанка е наменета за плажа или базен, не за плаќање сметка во t-mobile. Разбирам жешко, ама ај...
Од Скопје си другар ? Знам те разбирам. Во Скопје сум само 1 година ама само во Скопје се вакви, повеќето, не сите...Сум бил и во Охрид и Куманово и првин прашав дали во друга држава сме. Некој да ми објасни зошто така ? Навистина многу ова е чудно, не се шалам ако може некој да ми каже би бил благодарен.
Оние неколку денови кога хормоните ви маваат в глава. И мислите само на едно.. Не знам шо ми е денес, не ми замерувајте.