Се изнагледав цел живот луѓе како се лакомат и си ги арчат животите и трујат душите за што повеќе материјални добра да обезбедат..без притоа да сфатат што всушност губат и жртвуваат засекогаш неповратно. Затоа решив да инвестирам само во душевни добра, во душевна надградба, да најдам духовна мир, задоволство, исполнетост... и она што од внатре би го постигнала да зрачи и да ме дефинира и од надвор.. Се појасно ми станува што е она што треба да го "заработиме" во животот, а тоа е дарување љубов на блиските, мирен помин на векот би рекла, едно хармонично битување, во хармонија прво сами со себе. Да простиш на друг кој не ти ни бара прошка, тоа е чекор кон мирот.. да си простиш сам на себе... дел од рајот на земјата ...
Џоинтот не бил ништо? Се пијанчел и се изнапушил 4 дена во Охрид за Продиџи? Уште 4 не може да се собери себеси. Сакал женска што сака да пија и пуши и требало да прават откачени работи? За 1000ка земал од кај некого. Си напрајл 2 реда и супер му е. Браво Дали јас сум овде таа што не е во ред? Жалам што гледам како некои личности пропаѓаат. Пред него златно девојче.Ќе ме бараш да знаеш. Сакам нормален, нормален човек. Судбина.... Да, бев кај гатачка со мајка ми многу одамна поради тоа што не бев воопшто добра и ми рече дека ќе ме спаси од разочарувањето крупно машко со плави очи и црвени образи (благодарение на него јас сум подобра, не сакав од дома да излезам поради х причини и благодарение на него јас сум вработена ) , а сум го сакала некој висок што има сопствен дуќан (ист случај со џоинти и пијанчење и плави очи ) Тој со дуќанот го сретнав неколку месеци откако ми го кажаа ова, а крупниот одма после него. Се е чкртнато горе. Не верував дека ова ќе го речам јас. По кој пат да тргнам?
Колку убаво ми почна денот денеска за подоцна да ми се јави роднина и да ми каже дека син му вчера се самоубил. Младо момче, до вчера што се вика си седел со него си разговарал и одеднаш го снемува. Цел ден сум у шок и се тресам. Кога ќе прочитам статија дека некој си го одземал животот ми е само тажно, а вака кога член во семејството ќе го направи тоа е навистина уште пострашно и потрагично. Не знам утре како ќе издржам да ја гледам мајка му како плаче, не сакам ни да помислам како и е сега. Само слушам некои лоши вести деновиве, дај нека прекинат, нека се случи нешто убаво, доста ми беше трагедии и солзи... Поминувајте го времето со блиските, додека се тука, бидејќи не знаеш што носи животот, може одеднаш да ги снема...
СДК неможам да спијам, три дена немам салам интернет, три дена немам играно, ме јади нешто од внатре. Имам потреба утре кога ќе бегам сабајле прво да одам PC zone да манам партија- две па да одам кај другарка ми торта да прајме. Идам преѓе да играм ми паѓа нето, све живо ме испопријви. Акауно ќе му банират ради интернетов. @Dream-Girl Мое сочувство ... на вести за смрт неможам да ставам лајк, па затоа ти пишам вака. Stay strong
Bog da mu ja prosti dusata na momceto..nemam zborovi za uteha...jadni roditeli.......ova e najgolemata tragedija sto moze da go zadesi covek....ufffffffffffffffffffff........
Сакам да и кажам на дремката побрзо да ме фати бидејќи ај што ми е досадно чак со никој не ми се прави муабет.
Сакам да прашам како да го погледнеш симпатијата во очи без да се изнасмееш? Е не можам да се воздржам кога ќе го видам, пробувам, стискам заби не оди и не оди.Баш така денес си се изрезилив.Е добро бе па тој, шо мора да се звери во мене. И уште нешто, сакам да кажам дека се заљубувам во погрешни личности од секогаш.Првиот го засакав и не можев да му ги признаам чусвтвата багии време, и си велев дај да го отсакам да засакам друг.Ете, дојде другиот, едно 6/7 години постар од мене, ама против срцето не се оди.Кај ми е умот пред да се затрескам.
Пред 25 години на овој прекрасен празник, мама ми го подари најубавиот поклон на цел свет!! 'бато' кој 9 месеци го галев во нејзиниот стомак всушност била дада, која целиот свој живот ме надополнува, ме прави комплетна Од моментот кога како 5 годишна, тукушто станата сестра, докторот ме пушти да го ѕирнам бебето во соба кај мајка ми, и прв пат ги видов тие сјајни плави очиња, па се дур дишам на овој свет, ТИ, најмила моја дадичке, ќе имаш најпосебно место во моето срце Кога те гледам и слушам, покрај мене е мама, покрај мене е тато, во тебе сум јас... Те сакам @Mrs. Diva Иако со своите 25 години во тебе дише младоста, на душата носиш бреме од бар два века... Моја гордост си! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН
@Mrs. Diva среќен роденден, најсреќен на свет. Да ги чуваш дада, тато и внуците, па да се радуваме и за твои
СДК научете да ги одбивате луѓето кои не ви се по воља и работите кои не ви се допаѓаат да ги сосечете во корен. Без пардон. ,,Еј..знаеш што има ново? Онаа со оној....,,-----------НЕ МЕ ЗАНИМА !! ,,Ќе сакаш ли да ме замениш......,,-------------------------НЕ....ИМАМ СВОИ ОБВРСКИ !! ,,А да дојдеме до кај Вас да се видиме,,---------------НЕ СМЕ ДОМА !! ,,Да ми позајмеше....,,---------------------------------------------НЕМАМ !! Атер еднаш се прави.Не секојпат Ако еднаш прифатиш и си заебан тогаш другиот е виновен. Ако вторпат те заебе, тогаш ТИ си виновникот (што си дозволил да има втор пат)