Изгубив поим веќе што ден сме, кога требаше да одам до факултет и колку спијам... Вчера заспав во 8 вечерта и нормално се разбудив во 2 сабајле, таман капсула да се напијам. Заспав пак во 8 сабајлево, спиев до 12, па до 3, па до 4 со прекини.. И пак ми се спие. Настинката ко плус не ми поминува воопшто, се корнам од кашлање. Кога ќе станам, само гледам пропуштени повици и пораки, ама немам ни сила ни волја да се "справувам" со надворешниот свет, и најубаво ми е да спијам зошто времето побрзо ми поминува, а се надевам и настинката а и нешто друго.. што не знам ни што е. Еден ден се немам ставено на социјалниве мрежи, во момент на досада и исфрустрираност му пишав на некој рандом тип, и сега последно нешто до кое ми е дојдено е муабет со било кој.. Па да ме прашуваат, кај си што си, зошто те немаше.. Немам сила. Плус, се плашам од нешто, што не знам ни што е. Изгледа, од самата себе? Како минува времето, се' си мислам тоа ќе да е... И најстрашно е, како е тоа да се избориш против себе?
Треба да се пронајдеш која си што си,за да нема потреба да се бориш против себе туку да уживаш во тоа што ќе се пронајдеш и да не се плашиш од светот.
@Bender Rodriguez во темата за анален секс имаше една членка што советуваше солна киселина или варакина (не сум сигурна) за темелно прочистување на аналниот отвор, па после тоа без гајле можело да се има анален секс. Мислиш дека не постои апсолутно ниту едно дете кое би го пробало тоа? Јас те разбирам што сакаш да кажеш и јасно ми е од кој аспект си го пишал мислењето, повеќе си алудирал на квалитетот на дискусиите и аргументите па оттаму и тоа дека "деца читаат" не е доволно издржан аргумент. Ама некогаш на некои почувствителни теми знае намерно или ненамерно да се претера со некои коментари кои можат буквално некој живот да го чинат. Колку и тоа нас да ни изгледа глупаво, наивно и да мислиме дека нели нема шанси, ама има деца кои премногу ги сфаќаат работите здраво за готово. Не само деца, има возрасни луѓе со слаби карактери и психички проблеми, па ајде ќе кажам и со ниска интелигенција на кои доволно им се неколку коментари на јавен форум да направат некаков непромислен потег. Јас сметам дека барем на некои одредени, почувствителни теми треба сите да внимаваме колку-толку со какви совети и зафрканции се служиме. Јас разбирам дека членката во темата за анален секс се зафркавала, сигурно не мислела сериозно ама ќе кажам и јас, деца читаат, никогаш не можеме да знаеме што и кого можеме да поттикнеме на нешто што подоцна може да има последици.
Da se javit @Kukla994 da ni kazit kako ponina striptizot??? hahahaha ja neam hrabrost za to, seuste.... Maybe some day...never say never
Прееска изигравав сам свој фризер. Ја скратив косата прилично добро, скоро и ја преполовив, така сега од долга имам кратка коса. Оти јас кога правам нешто одам од крајност во крајност. Плус тоа ја сменив и бојата. Сосема задоволна од мојот експеримент. Јас сум некој што сака да проба нешто ново, па коса е тоа ќе порасне, само раната на срцето не. Добро зависи, има разлика од рана до рана, но јас сум убедена дека има и такви рани што оставаат трага засекогаш.
Zasto se menuvaat lugeto na loso?Prvite bratucedi me razocaraa,a i nekoi drugi rodnini od dvete strani.Na sekomu mu se slucuva razvod na roditeli,ama zasto se oddalecija rodninite od str.na tatko mi?Megjusebe zborat,a mene i sestra mi ne ne primaat,kako da ne sme del od niv.
Колку само стереотипи имаме за половите, страшна работа е тоа. За жал не мислам дека може да се искорене, толку многу ни е во секојдневијата, што започнува дури од првите денови од животот. Розовата е женска боја, сината е машка. Ако е девојче бебето - розовово капче, розови чорапи, розово креветче... Ако е машко сè мора да биде сино. Луѓето им приоѓаат на деца облечени во сино убедени дека е машко. Ако е некој многу редок случај и сино облеченото бебе е девојче, веднаш се чудат како може така. Ќе речете, добро де, ништо страшно, боја... По неколку години, кога децата си играат со играчки, сте се запрашале ли какви играчки им купувате? Кои се „женски“ играчки? Кукли, бебиња, барбики, кујнски прибори... Машките - автомобили, камиони, пушки... Колку убава порака. Децата ќе тргнат на училиште (да ги оставиме настрана боите на ранците и приборите). Ако девојче се сопне, падне и плаче, тоа е прифатливо. Ако момче падне и плаче, момчето е исмевано од сите други деца. Не знам само од каде го научиле тоа. Понатаму во училиштето, доаѓа скок во далечина за оценка. И овде, бам! Момчињата треба скокнат 150 сантиметри за петка, девојчињата 130. Тогаш и јас се правев yeah, suck it, boys, ама сега сфаќам колку е погрешно тоа. До крајот на животот од секаде сме мерени колку сме женствени и мажествени. Ако некоја девојка не сака да носи шминка, игра некој спорт или едноставно се облекува во темна, широка облека веднаш е осудувана од сите, не е girly, не се однесува како девојка. Бидејќи девојките мора да се дотерани, насмени, розови, шарени, и секако, девојките се чувствителни и ранливи. И секако, речиси сите девојки имаат долга коса, а сите машки кратка. Не велам сега ако сте женско да си ја сечете косата, или ако сте машко да ја пораснете, туку дека не е во ред што ако го направите тоа ќе им биде чудно на повеќето. Да замислиме сценарио, ај да не биде погреб, нека биде нешто весело, свадба еве, се венчаваат двајца и другарката еве заплакува од среќа. Што ќе беше ако другарот заплачеше од среќа? Сите ќе го гледаа попреку, а верувам дека и ќе му се смееја. „Машките не плачат, машките се силни“, како и други зборови кои понекогаш сум ги слушнала од некои родители „Машко си, не плачи.“ Што, машките немаат чувства? Само женските плачат? Поттикот за ова мислење ми беа други мислења кои ги прочитав во темава, колку било глупаво кога машко ќе лајкнело слика од нокти, или кога машко зборувало во демунитиви (а женско да зборува така е сосема во ред?). Сè додека има вакви стереотипи ќе има и комплекси кај децата, а и погрдни имиња како педери и машкуданки. Научете да ги прифаќате луѓето какви што се, не може сите да влегуваат во калапот на општеството. Некои машки се поженсвени, некои девојки се помажествени, нема ништо лошо во тоа.
Секoјa чест, Лелче зa пoстoв. Нaвистинa. Ај, зa нoкти штo лaјкнувaaт, тaкa-тaкa, aмa штo ние, мaшките сме кoристеле деминутиви вo вoкaбулaрoт - стрaшнo. И сегa штo ти се oбрaтив сo Лелче штo прaјме?
Колку е глупо чуството кога некој не ти дава можност да те запознае подлабоко од физичкиот изглед. Смачено ми е од пропаднати врски, од врски за една вечер, сакам нешто подлабоко, иако сум бескрајно повредена секој следен пат, јас се уште сакам да се заљубам поново зашто секогаш мислам можеби следниот пат ќе успее. Сакам дечко кој ќе си бидеме подршка, ќе се смееме и ќе лудуваме, доста ми е од плашливи луѓе кои ветуваат многу а не знаат што сакат. Уште една пропадната шанса, уште една нова лекција, сега сватив, крај е за празни зборови!
Имам еден дел од себе кој не така лесно го давам на секој. Ќе речеш ситница е, а всушност во тој дел се крие и суштината на цел мој карактер. Знам дека сум навистина среќна кога животот ќе ме почести со луѓе со кои можам да ги споделам тие ’ситници’ и кои истите всушност ќе ја сфатат нивната вистинска големина. Пример, имав неколку напнати денови. Поради тоа, вечерва место да се гужваме низ градските кафичи, тие избраа да се качиме на планина далеку од се и да викаме колку не држи глас. Ме сфаќате на кои ситници мислам? Да, среќна сум!
Javi se juzna Mi rece deka sakal pak takvo prijatno iznenaduvanje. Drug pat pa I ne moralo da e iznenaduvanje, sum mozela I da mu kazam prethodno Daj mi ja kjerkata da ti ja cuvam a ti igraj (mu) na sipka(ta).
Дај кажи од каде? Досега немам носено мидер и секоја година купувам ама никако да купам. Се нешто маани му наоѓам.