Ќе пишувам и во оние зори кога утрата ќе станат магливи. На тремот секогаш го пијам кафето,црно,а во дворот магнолии.Сонувам за дрворед покрај нашиот двор. Кога ќе снемам мастило со утринските капки ќе пишувам по прозорците,ќе ти го крадам сонот безмилосно ќе се вгнездам таму.Оти едно сме а ми требаш буден во моите сонови. Добро утро
Добро изгледам ми го сака парфемот смрдам на евра,добива љубов од сите од мене добива јахта,го сака марли ја носам на јамајка.
Не знам зошто, но никогаш не добивам нешто лесно. Секогаш мора многу да се потрудам, некогаш и многу солзи да пролеам оти сама не сум промислила добро. Не знам каде ме води патот, ниту што ме учи животот, зошто мора да платам нешто со солзи, зошто правам поинаку од другите. Не јас не барам лесен живот и можев да остварам што ќе посакам, ама тоа почна да ме издава. Здравјето ми вели помисли на мене, ништо не е повредно од мене, ама не го слушам. Продолжувам да сфаќам се многу сериозно, да се нервирам и крвави солзи да ронам. Не така не можам без смиреност и трпение не можам ништо да направам, скршнувам од патот што го одам, зјапам во празно и губам енергија. До кога вака? Си велам трпение -спасение, цврсто верувам дека не може постојано да биде лошо. Еве може е ова лош период кој се претворил во години, ама мора и тоа да помине. Мора.
Сакам да кажам дека покрај се’, јас и тој уште сме си најзабавни еден на друг. Иако ми доаѓа некогаш да му заријам канџи во образ, во следниот миг му правам кус кус со туна и марокански зачини и се фрлам у кревет. А бе љубов, аман! Не ме оставаш раат..
Не сум излегла надвор од петокот. Не сум се симнала ниту до долу по пошта, ниту имам желба да излезам. Мака ми е кога ќе помислам на надвор..а денеска сум на роденден... Кога ќе доживееш немил настан од тој или сличен калибар, почнуваш поинаку да гледаш на некои работи. Некои работи кои до сега ги земав здраво за готово..веќе не ми изгледаат толку површни. Што ти е животот...пруги од шарени студенила стуткани во панделки од најубави бои. Ги отвораш по твој избор. Тој петок го одбрав подолгиот пат до дома. Можев да скратам, ама јас одбрав да пешачам некоја минута плус. Таа пруга ми донесе студенило и страв во градиве, зад ребрата кои кријат отчукувања. А ми беше убав ден..бар еден од поубавите. Таа панделка во боја на сонце беше мој избор. А секогаш ја бирам таа боја...можев ли да знам што ме чека долж тој пат? Ако знаев..ќе можев ли да го сменам тоа што не ми се допаѓа, или само ќе морав да чекам и гледам како "судбината" става потпис врз своите веќе одамна испишани страници?!
Го обожавм мирисот од куњата. Макароните во рерна, вкусот се шири низ цел стан. Среќа ми е....Туку и не сум јас, јас, ако не направам глупос. Нместо млеко да ставам во чашата со нес, јас млеко турив во чаша вода ..така да си пијав вода сп вкус на млеко.
Не знам веќе колку време ја молам мајка ми да ја однесам на шопинг, да си проба гардероба, чевли, што и да е, а јас да платам. Секогаш ми наоѓа некакви изговори, најчесто од типот: Ама Ана, јас можам сама да си купам, чувај си ги парите, купи си нешто за тебе. Или ќе ми рече: Ама роденденот ми помина, по кој повод сакаш нешто да ми купиш? Значи, за мајка не треба повод бре жено Периодов нешто не ѝ чинеше мобилниот, па начекав можност да ја изненадам. Викендов ја видов како се мачи со телефонот, сам си се исклучува сред муабет, не може да се разбере со никого, па си реков: Налет, утре идам во Вип. Излегов на пауза, одбрав телефон, па дома ѝ го оставив на кревет. Едвај чекав да си дојде дома, да ѝ ја видам реакцијата, ама она не го ни примети Па ѝ викам: Мамо, ја гледаш Вип кесичката? Е па за тебе е! И ајдеее, одма почна со тоа: Леле бре дете, што ти требало, зашто си се трошела, сега роденден имаше, плус на свадба си, па и на одмор месецов беше, трошоци многу... Ајде ајде, викам, одбери си рингтон и доста со муабетиве. И така... синоќа саат време го проучуваше, дур не мораше да го стави на полњач. Ама фолијата од екранот не му ја извади Ептен ми се напраи ќеиф! Мислам дека дури и за мене кога сум купувала мобилни, не ми било толку мерак
Не ги сфаќам луѓето што даваат по 6000 денари за облека за трчање. Сериозно ?! Ако ти се трча, стави си блуза, хеланки или шорцеви и лесни патики и трчај... Не знам зошто ама мислам дека најзалудно потрошени пари се за брендирана облека за трчање, ама ајде како викаат секој нека си купува што сака, негови се парите.
Dirty talk на работа: -„Каде да ти го ставам (ми покажува вперен показалец кон купот тукушто испринтани листови)?“ Ми доаѓа ужасен нагон за смеење и му велам: „Стави го цел. Тука на масава.“ Уште не му текнало зошто се кикотам така на рати. Или навистина е занесен во работа, или пак јас имам премногу слободно време за да приметувам работи до детаљ и да си се кикотам.
СДК се чуствувам психички уморна, ме тера цело време на спиење и сакам цело време да си бидам сама и да ќутам. Се само-анализирам деновиве, до погрешни луѓе ке да е. Не може ништо друго, имам нов и убав почеток во животов кој ме прави среќна плус убава и лајт работа, не ме истрошува тоа, туку луѓето, другарките... Не знам, збеснувам колку уште е све плитко и површински, имаат бе по 26-27 години уште за мувачи/ебачи и тоа кој кому му се свиѓал се прави муабет. Имам една другарка, што има мн ниска самодоверба ама си ја маскира со тоа што цело време замара како секој што има мандало меѓу нозе и се пушта. ЗАМАРА значи. И мене ми се пуштаат, има па еден секој ден ми пишува ама не ми е дојдено бе до него, до мување и до негови излишени муабети. Знам што сака, ама тоа јас не го сакам, и не замарам на околу со него. А блиска другарка ми е, ми се иде некој ден да и речам онака убаво сочно у фаца “Ниска цена привлекува муштерии, драга“. Морам на игнор, морам стварно. Битно ми е јас да сум исполнета си поитивна енергија, нека звучи колку сака себично ама немам енергија више, а ми треба, многу ми треба. Не сакам бе плитки работи, изживеано ми е тоа бе, како не разбираат, дај зборите ми за ваши гледишта у живот, ставови, работи што ги сакате и кои не ги сакате, не ме замарајте со глупости. До толку бе да немаат нешто друго у живот да споделат? Не, не сум љубоморна, кој сака нека и се пушта ама не разбира дека не секој стварно ја сака и дека може ја гледаат као плус опција у живот? Шта речи... Од мене игнор ке добијат сите, освен една другарка што ми остана и тетка ми, другите сите у последен план. Не можам да се трошам на вас, нити сакам да се трошам на вас. Нека ви е со среќа се у животот, јас морам напред а не да заостанувам и да се понашам како да имам 15/16 години. ЧАО!
Кога правиш муабет со некој треба да поштуваш и негово мислење. Не си за се во право. Ако мислиш дека си разговарај си сам/а со себе.
СКД што стана со овие пожариве секој ден слушам нов пожар. Пред некој ден излегов надвор на тарасата и видов во наша близина пожар сега пак, разбирам се случува да биде случаен пожар, ама ова повеќе нема смила. Нели им е срам да палат да ја унишуваат природата, тоа веќе се е намерно незнам што им е намерата ама ова е многу лошо. Срамота, расипан народ, гад народ, по покварен и лош народ од нас мислам дека нема. Немам зборови повеќе.
Господи дај ми сила да заборавам.Дај ми сила да издржам.Нека ми минат овие рани на срце.Душата ме боли.Колку и да плачам,не минува,боли.
Какви ти се мислите,таков ти е животот не за џабе го кажале тоа. Со своите мисли го привлекувате сето тоа што ви се случува,затоа мислите насочете ги кон позитивни работи