Ударни вести: ЌЕРКАТА НА ГРУЕВСКИ СТАНА ПРВАЧЕ. ГРУЕВСКИ ГО ИСПРАТИ ПРВАЧЕТО НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН ГРУЕВСКИ И СОПРУГАТА ГОРДИ РОДИТЕЛИ НА ПРВАЧЕТО СОФИЈА СОФИЈА ТРГНА НА УЧИЛИШТЕ И гратис фото: Груевски со жена му и детето одат низ училишниот двор, а останатите деца настрана застанати ко да се копилиња или сираци. Другите деца немаат родители што се горди на нив? Уште од сега да се знае чија ќерка е таа, па сите да и се плашат. Можам да замислам само која шмизла ќе биде човече, ги жалам и децата што се покрај неа, и наставниците, а и родителите на останатите деца. Фото од приредба: Во прв ред Гуевски и жена му со телефоните ја снимаат ќерката....вториот, третиот и четвртиот ред празни, па тек после на петтот ред седнати некои рандом родители со страв во очите да не случајно нивното дете ја допре величенствената Софија. Јас да бев таму напред ќе си седнев и гајле ќе ми беше кој е и што е тој, пошто и јас би била горда и радосна на моето дете и би сакала од блиску да си го гледам, а не низ прозор да ѕиркам додека тој седи прв ред. Тој не е Господ бе, што му се плашат толку сите не ми е јасно. Па крај краева што не ја запише во неко приватно школо или нека и доаѓаат наставници дома и нека ја учат И ми текнува пред некоја година во црква дојде за Велигден и верувале или не, сите луѓе што беа внатре или во дворот од црквата ги избрка обезбедување, за тој кога ќе дојде да му биде чист патот. Ти му викаш чекај свеќа да запалам, тој те фаќа за партали и надвор те вади Алоооо? Од црква за Велигден те брка некој? Од црква? Не те остава свеќа да запалиш за празник?? И после тој верник бил, епа нека се плаши од Господ ако е верник, за сите овие глупости што ги прави...
Инаку, Гвујо уште и прашал во школијата која е најдобра даскалка, па истата си ја зел од нејзиното одделение, кое го водела повеќе од една година, и си ја клал во одделението на пресветата Софија. Еве ви линк од родител на дете од бившото одделение на наставничката. https://web.facebook.com/kalinka.gaber/posts/10154309411700943 Искрено, никогаш не сум гласала, ниту пак сум сметала дека ќе гласам. Само сум го пречкртувала листот... Ама што е многу, многу е... Време е за ротација на лешинарите , нема усул будалиов веќе...
Бев во полиција на препознавање. Фатиле некој исто така манијак. За жал не беше тој, за среќа еден фрик помалку на улица. Нејсе. Изненадена сум. Во полиција делуваше како да работат. Хмм... ******************* Деновиве дишам низ секоја пора на телово. Дишам низ очиве. Низ падиниве во душава што го кријат неговиот мирис. Низ кованици ситна среќа за утре. Дел од него носам во сите комори и предкомори од срцево, оти само тој ме љубеше кога крв во мене немав, кога бев поделена себе си како златници на дворски шутови. Оти само тој љубеше пукнатини во утробава, и со секој негов допир по еден врв на својата планина враќаше. Во раце носам плетка од жолтокоси сонца да го чува додека спие. Пранги од надеж за после...за утре..за догодина. Денеска оркестри во душа носам. Љубов ми свират за да не ме мачи мисла колку сме далеку. Денеска само радост имам за нас.
Сериозна е работава со јутуб?! Слушам музика на плејлиста, и како ми се менува песна така ми се појавува реклама и груевски објаснува неколку глупости за неговата партија. Добро може бар музика на раат да слушаме?!
Времево ми е уживање. Отворив прозорец и се испружив, си читав книга. Надвор почна да грми и по некое време затворив книгата и си застанав до прозор. Прекрасно чувство ми е она кога си го чекам дождот. А кога надвор истура, е тогаш најуабаво е за читање.. или за спиење Ете така, убаво ми е на душава
Таман се спремив да излезам и почна со грмење.. Толку баксуз да сум, не знам веќе.. Ми иде да соберам парталите и да си го фатам патот под нозе, а каде, не знам
Се дрзнувам себе да се сметам за начитана жена, со широки видици за животот, се дрзнувам да верувам во луѓето, во љубовта, се дрзнувам секој да го пречекам со насмевка, заборавајќи на религии, припадности, богатство, се дрзнувам да верувам во соништа, да верувам во припаѓање на некој. А најмногу од се се дрзнувам да им се восхитувам на мажите кои се нежни, се дрзнувам да намовнам секогаш кога слушам дека маж е слаб на една жена и не го крие тоа. Во ова време на калкулации, пресметки и рационални љубови се дрзнувам да читам за сите успешни мажи кои потклекнале пред напливот на љубов, се дрзнувам да им се восхитувам, да им симнувам капа, да ги запаметам имињата на сите мажи кои за насмевката на саканата граделе кули, рушеле правила, им давале на ните право на глас, им го давале светот под нозе на сите жени само за насмевката на една. Во ова време се дрзнувам да верувам дека мажот е маж само кога може да признае дека е слаб на една жена, се дрзнувам да аплаудирам пред зборовите на мажи кои го бараат мирисот на една, се дрзнувам да се насолзам пред одот на мажите кои уживаат само во допирот на една. Во ова време кога се е достапно, кога се е е лесно се дрзнувам да ги мислам мажите кои се држат за една жена дури и кога е најтешко, се дрзнувам да ги слушам и тврдам дека мажот е маж само кога има интелегенција да зборува бескрајно долго, само кога има рој успеси, грст соништа пред себе и храброст се да стави на страна и да ужива во гласот само на една жена, да се смее само пред очите на една жена и да остави се само за ја слуша таа една жена. Се дрзнувам да верувам дека има машите кои секој ден со ителегенција пленат една иста жена, со поглед ја милуваат и страствено, предаторски ја чуваат. Се дрзнувам да верувам дека мажите уште имаат мадиња да сакаат и светот да го променуваат заради тоа, се дрзнувам да верувам дека љубовта го врти светот, ги руши правилата, се дрзнувам во мигот кога глупоста на еден маж ми рече „не постои жена што ќе ми го сврти паметот мене“, да оглувам, да заборавам, да не го слушам, се дрзнувам да мислам дека мажот е силен само кога трепери и е нежен пред очите кои душата му ја знаат!
Никогаш први септември не ми носел нешто убаво и добро, ама овој никогаш нема да го заборавам. Како врне дожд така и низ моево лице се леат реки солзи. Боли...Гледам низ прозор и си мислам дека ќе се разбудам од овој ужасен сон. Дека надвор сонце грее и се' е добро. Ама не е.
Или тоа или си бришела прозори. Хороскопов ветува убави денови. Конечно мојот месец, па ѕвездите ќе ми бидат наклонети, а среќата ќе биде на моја страна. Синоќа си легнав лута, нервозна, разочарана ....но утринава иако ненаспана сепак се средив, фустан, штикли, шминка, па кога излегов од дома ја почувствував убавината на месец септември. Има некоја посебна магија во него па така денот го поминав убаво, со убави , фини луѓе, се чувствуав исполнето, корисно секогаш сум исполнета кога сум со мудри луѓе, заљубени во својата професија. Се осмелив па превземав ризик и покрај своите несовршености. Го послушав својот внатрешен глас и си реков не чекај го вистинскиот момент туку направи го секој момент вистински, затоа што среќата ги следи храбрите. Само храбро и со убава мисла ќе стигнеш таму каде што си тргнала, таму каде што срце те води, таму каде што посакуваш да бидеш, тоа што го посакуваш тоа ќе се случи. Имај верба и чудата ќе започнат да се случуваат. Дека почетокот на месец септември е убав говори и новоста која ја примив а тоа е дека станав тетка. Братучедката не ми е китка за мирисање, но внуци се внуци, сакани, најмили, невини , се израдував многу искрено и од срце. Па да ве почастам за внукот. И официјално топло добредојде за најубавиот месец се надевам ќе ми донесе многу радост и љубов.
Ете дојде и Септември, го чекав да дојде и ете еве го конечно пристина. Порано колку го мразев бидејки на училиште морав да одам, а па кога бев мала последниот ден од Август ги собирав сите играчки во кутии за другото лето бидејки од утре мора да се "уче" нема играње. Ова го кажувам божем сум завршила пред 10 години Летото какво такво си ги собра куферите и си отиде, ама затоа есента ја чекам со нетрпение. Обожавам кога лисјата паѓаат, кога цел град мириса на печени пиперки За есента има уште малку време за неа да зборуваме, а сега да му кажеме добредојде на Септември.