Луѓето се менуваат. Пребрзо сакаат да станат „возрасни“ и сериозни. Не им се допаѓа младоста и тој начин на живот, мора да е тоа. Само не ми е јасно... Зошто, кога ќе остарат, сите такви плачат по младоста... Кога веќе не ја проживеале онаа која што им ја нудел животот. Сакам да кажам... Сон во летната ноќ. Сакам да кажам... Не знам да речам.
СДК ... чувството ко ќе гледате филм по долго време и како погрешно да го памтите, како да не е истиот шо сте го гледале. R.I.P. from my heart, Catwoman. Се разочарав зошто го памтев многу подобар филмот, многу. А ни приказната зад неа, не е вистинската. Ајде се префрлам на следен филм from the long past ама некако почнав да се плашам да го пуштам.
@theunforgiven па сконцентрирај се на други работи, направи ти нешто да е фер. Пробај смени ти нешто од твоја перспектива.
Знае некој како е она кога не очекуваш ништо посебно од некој, кога онака очекуваш да те разочара? Јас па, што очекував..Да имам пред мене личност која обожава deep talk? Да се борам, да давам последни сили..за кого, бре? И не, не мора да предвидам, знам.Ќе следи стандардното клише муабет дека сè си е на место кај мене и дека заслужувам некој подобар. Вака, кога си размислувам на ум ми паѓа дека нешто не чини.Ретроспекциски ко ќе видам, сум давала шанси на личности што не исполниле ниеден мој критериум.Сум го прескокнала делот со изгледот и сум го засакала она мало делче од карактерот.Делче што ко ќе видам дека некој ќе си ја соголи душата, пробувам да го зачувам.И тогаш, сум била решена максимално да се трудам.Ама нели, не иде. А дали вредело да се трудам? Не верувам.Оти секогаш сум била една обична канта, што сум собирала отпадоци од чувства, колку и да звучи грубо. Секогаш кога ме оставале, сум ги правела нови личности. Сум ги лепела нивните пукнатини.. и оп, ништо не им фали. Не можев да понудам повеќе од една обична насмевка и прегратка. Можеби затоа и не чинам.
Некои луѓе, успеваат да го извадат најдоброто од мене без да помрднат едно единствено ковче од телото. Други пак, колку и да се трудат, само ми сметаат. Ко црни надвиснати облаци, ми реметат расположение и посакувам што побрзо да преврнат и да ги одвее некој случаен ветрец што подалеку... Многу сум среќна што имам некој од "првиот наведен табор", кој во моментов малку ми р'чи, ама така слатко звучи, што мислам дека ако малку се занесам би успеала да заспијам веднаш без проблем и истиов овој "осомничен", не би го менувала ниту во наредните десет животи.
За паметен човек нема глупа книга. Ова и го кажав на мајка ми сега кога ме праша што правам до ова време и на нејзиниот коментар дека книгата што ја читам била глупа и не се разбирала. Ми излезе мудро па решив да го пишам и овде. Навистина, за ум кој размислува нема лоша книга. Секоја книга ми е добра, секоја си крие нешто во неа. Патем, оваа што мајка ми ја искоментира дека не е добра мене ми е прекрасна.
Кога разговорот за некој проблем ќе прераснеше во караница, затоа што ти цело време молчеше, и не ми го кажуваше своето мислење, ќе те прашав зашто е тоа така. Затоа што не си сакал да се караме... Секогаш имаше изговор за се. За секоја твоја грешка или неуспех , друг беше крив. Кога те запрашав што би мислел ако те оставам, ми кажа дека би ти било тешко, но би ме разбрал, затоа што ме сакаш, и сакаш да бидам среќна, и по цена на тоа да не бидам со тебе. Ме боли што како изговор за тоа што не мрдна со прст од кога те оставив, ја сметаше твојата ,, љубов ,,... СДК дека ако на некој му значите, ќе стори се за да ве придобие, или пак да ве задржи.
Neka mi e SREKEN RODENDENOT da sum ziva zdrava jos godina sto.Nemam mnogu da kazam samo se nadevam deka taa godina ke mi bide podobra od prethodnata....
Преплавена сум со добро расположение... Силата која ја имам и моќта е неверојатна... Само јас сум креатор на мојот живот и сфаќам колку може тој да биде драстично подобар кога би била истрајна, цврста, јака и силна. Додека го читам ова погоре пишаново, си размислувам, па не ли се ова одликите кон кои постојано се стремам и ги имам во одредена мера? Веројатно да, ама секогаш може уште подобро... Убаво е чувството на спокој, мир и блаженство во душата...Ќе се потрудам да го задржам.
Заради вакво нешто раскинав 3год. врска и се оладив... Па му беше криво кога не го барав, е што ќе го барам кога више бев оладена. Нека им е. Заслужуваме ние најдобро.