Od kaj znaes koj komu saka da kaze nesto Moze na tatko,cicko,brat ,komsija Odma ve tera pametot kaj partnerot
Седам покрај џамот, додека 2 риот есенски ден притајно пристигна во нашиот крај.. ред ветре, ред кафеави листови кои спокојно паѓаат уз мелодијата на ветрот. Си ги обув и моите нераскинливи дебели чорапи за да сватам дека конечно есенската идила пристигна, со се во неа.. и со топлиот чај и какао, безшумните и шумните звуци и дебелиот џемпер. Да, студено е и многу хармонично, осетив олеснување, татнеж, топлина и љубов пред се во душата. Не можам да се изнарадувам на дрвјата и тревата, на облаците и притајното сонце.. Убаво ми е .. а одамна не ми било од жештини. Ќе ја гледам хармонијава додека силно трае, додека секој лист не падне на своја страна и не се обои во една прекрасна бајка. Есен е есен, како што и летото е лето.. на човек секогаш добро му паѓаат на душава овие промени и сета убавина со нив.
СДК... утринскиот "ритуал" на пиење кафе со цигарче на тераса не би го менувала за ништо на светов. Намерно станувам порано за никој да не ми зборува и да ми пречи и да уживам во времето што си го одвојувам само за себе. I don`t drink coffee to wake up, I wake up to drink coffee
СДК Колкава и да е големината на чантата што се носи, мобилниот секогаш ќе си стои во рака. Добро утро луѓенца, имајте убав ден.
Синоќа гледам еден дечко, сме се нашле во исто друштво, цело време го зјапам пошто не може да ми текне на кого ми личи, ама дојде покасно и не се запознавме. И после многу долго гледање ми текна. Одам и му викам: - Се чудев цело време на кого ми личиш, и на крај ми текна: ВИКТОР АПОСТОЛОВСКИ! И дечково ме гледа, цел збунет и ми вика: - Што ти е бе, се знаеме, во Охрид бевме заедно и имаме излезено во исто друштво. И ми текна. Мојата меморија на златна рипка ми го уништува социјалниот живот
Среќата што ја градите врз туѓа несреќа и солзи нема цврсти темели, ќе ви се сруши над глава како кула од карти. И во тој момент ќе се сетите кому зло сте нанеле, кого сте повредиле. Кога ја говориш вистината не треба да се извинуваш затоа што некој е навреден од неа.
Сакам како на твитер да има, да ретвитнам мислење зашто истото го мислам. Некако “ми се допаѓа“ копчето ко да не ми е доволно
Ништо не расположува толку добро како шопинг со свои заштедени пари. Си имав собрано пари што ми даваат моите за одмори во школо или излегувања и вчера си отидов и си се подновив со џемперче, пантончиња и некои блузички и сега едвај чекам да залади за да можам да го носам џемперчето, си направив комбинации и со кои чизми ќе го носам. Искрено повеќе ме радуваше тоа што не барав од моите пари туку сама си земав од заштедата и си купив. Неделава ми беше многу напорна, почнаа стручни предмети, професориве нови построги и појше бараат, прва година средно и беше боза за ова, ај може и следната вака ќе викам... Не е толку тешко бидејќи учам со љубов за ова, стварно многу си ја сакам струката, ме интересира ама напорно е секој ден по 7-8ч, а вторава смена, па ме дотепува...немам време за ништо, цел ден во школо, се неам видено ни со другаркиве. Среќа денес се договорив со најдобрата другарка од основно да се видам, па ќе се изнамуабетиме ја неам видено околу 10 дена, а баш сум приврзана со неа, уште не можам да се навикнам дека не сме заедно како во основно и на моменти ми фали шо не седам со неа на часови и што вака ретко ја гледам... Сепак не ми фали основното, а нема да ми фали ни средново, бидејќи тој шо ти е прав пријател и после завршување на школото ќе остане тука за тебе.
Два месеци ми нема дојдено. И не, не сум бремена. Од параноја направив три теста за бременост во минатите два месеци и сите беа негативни. Ги прекинав пред три месеци Јасминот, и ваљда се ова последиците. Ќе одам на гинеколог за брзо. Ама многу ми е лошо. Онака цело време сум како нервозна, анксиозна, де ми се смеј де ми се плачи.. Непредвидлива сум. Забите ме болат, стомакот ме боли, како заспана сум, дисориентирана и нон стоп уморена. Па и капак на ова, имам веројатно некакво воспаление или инфекција на бубрегот. Можеби песок/камења не знам уште. Ме боли ме корни. Вторник земам резултати за уринарна култура... Па после на ехо ваљда да се види.... Аххх. Мачно ми е. Ајде нека ми дојди побрзо ќе полудам оти. На друга тема, понеделник ја запишвам 4тата година од факултетот. Мооооре. Кога поминаја не ми е јасно. Веќе 22 наполнив. Некако од 18 наваму годините врват трчајќи. Ме фаќа страв и голема паника за иднината. Не знам шо понатаму. Да не навлегвам многу во ова тема оти ќе ме мани некој напад на паника сигурно. Осеќам ова година ќе треба почести посети да правам кај психологот.
Многу ми се чудни луѓето понекогаш. На моменти дури и смешни. Кога некој брачен пар ќе се одлучи да посвои дете не можејќи да зачнат по природен пат за жал, се одлучуваат на ваков чекор. И тоа е за секоја пофалба, ама никако не можам да ги разберам муабетите кои кружат околу луѓето, од типот: „Зашто ќе посвоите, кога ќе дознае нема да ве сака и ќе ве напушти еден ден“ „Ама чувството не е исто како кога имаш свое дете“ и слични рандом глупи муабети. Луѓе, разберете веќе еднаш. Не е потребно да се остварите како мајка и татко за да бидете родители!
Многу сакам есен. Пренајмногу! Мирисот на ајвар во воздухот, мирисот на запалени дрва од ќумбињата, лисјата, боите на природата, шумолењето на ветрот, свежиот воздух, потемнетото небо, тивките ноќи, романтичниот дожд... Сликовница! Сакам! Сакам! Сакам!
Она кога ќе ги затвориш очите сеќавајќи се на сите убави моменти со некоја личност, сите убави зборови, сите убави дела и гестови, и одеднаш ти текнува дека тоа нешто веќе го нема повеќе, дека личноста со тој каракатер веќе не постои...па почнуваат да ти течат сами солзи. Е токму тие солзи се најстрашни и најболни. Не пушташ глас, седиш мирно, а тие како река течат по твоето лице... сакаш да пуштиш глас ама не можеш...сакаш да си го слушнеш сопствениот плач, сакаш да ти биде полесно ама не може...
Седнувам во кафич нарачувувам џус, келнерот ми вика 120 денари, го прашувам колку е коњак, ми вика 60 денари, - епа донеси ми две чаши коњак .... И после младината многу пиела Не можеш да им докажеш на луѓето дека тој здрав живот кошта пари...