Браво за мене,од основно немав легнато да спијам во 21 часот и да станам наутро во 6,ете дојде и тој дени да ви кажам убаво ми е што не седев до доцна,барем за првпат се исклучив и од реалноста и од виртуелноста,си реков не постои никој и ништо,нема никакви проблеми и депресии,и ете ме денот може да почне со шоља јако горко турско кафе Заклучокот би бил,Рама да си легнува најрано што може за да е среќна и задоволна ,место по цели ноќи да се оптеретува со се и сешто И да,и мене Есен ми е омилено годишно време,секако после Зима јебига родена сум во лето,ама ич не го сакам Не знам,ми нема ништо поубаво од тоа да гледам како надвор е се со жолти лисја,па има дождови,а за снег кога ќе дојде и да не правам муабет колку му се радувам
Колку само сакам како западњациве да почнам да си легнувам во 9 и да станувам во 6, ама тешко иде ептен
Абе пробај,ништо не губиш..и јас викав дека е тешко,ама во пракса се покажа поинаку Само да ми потрае,не би да се фалам предвреме
СДК дека несреќни се оние кои не стигнале на право место во право време. НО уште понесреќни се оние кои во право време и на право место стигнале ПОГРЕШНА ЛИЧНОСТ.
Вчеравечер некој силно ми вресна„погледни се во огледало кога ти велам “ а јас само насолзив... Зошто само јас таму можам да си ги видам грешките на лицето, оние истите кои за другите ме направија најсилна. Зошто само таму јас можам да си ги видам лузните по телото, кое за другите е нежно и мало. Зошто само јас таму можам да си ја видам самотијата, која коските на виделина ми ги изваде, додека другите гледаат сила и издржливост. Зошто само јас таму можам да си ја видам лажната насмевка и сенката надвисната во очите, каде што другите гледаат позитивен и вечно насмевнат лик... Зошто само јас таму можам да ги видам сите рани од војната... Не дозволувајте да ве оштетат до степен да не сакате да се погледнете во огледало, од тоа тешко е враќањето назад.. Бидете добри, бидете горди и во грешките и гледајте се во огледало, сакајте се!!!!
Многу јаки мисли ме мачат во последно, а тие се толку реални. Не завршуваат сите со личноста што ја сакаат, туку со онаа која ги сака. Ден денес во очите на другарка ми ја гледам љубовта која ја чувствува за него, а не е со него. Кога таа прекрасна врска се распадна, јас се преразочарав, а другарка ми реши да продолжи со животот и се омажи со друг. Ретки се врските каде двајцата партнери се заљубени еден во друг, обично едниот повеќе сака, другиот помалку. Што е правилно, што да се избере секогаш сум се запрашувала. Никој не знае да ми одговори, некој вика слушај си го срцето, некој разумот. What to do, what to do...
Шум на дрвениот под,и даската под прозорецот која никогаш не ја поправи,сега веќе е дел од шумот на нашите денови.Прво писмо во есента,ти пишувам за мирисот на мандарини,и дуњата годинава има цветови.Кога паѓаат листовите секогаш си ми далечна,како кога во студот ја губам душата.Од мастилото дамки на дрвената маса покрај прозорецет до јасминот,безброј како писмста што ти ги напишав.Секое утро мирис на кафе,црно,како душите на грешниците,Ти реков и тогаш есента е талкач,патик со три куфери,душата и брои нијанси.Точно три години одев на станицата,никогаш не те чекав,само понекогаш замислував дека ќе дојдеш со есента.Понекогаш мислев дека си стигнала со утринскиот воз додека кафето ми ја грееше душата на есенското сонце,па трчав по кривулестите патеки слушајќи го шумот на лисјата. Се враќав и ти пишував. И ти пишував често. Иако не знам што си,ниту со кој перон ја делиш душата.
Во понеделникот вечер се шетав со рамбовка и сандали, денес петок не знам што да облечам врз дуксеров и хеланкиве да се стоплам. А може само гушкање ми фали?!
Вчера си чекам автобус и погледнав случајно на небо и гледам авион си лета , си реков сама со себе колку би само избегала од тука и никогаш да не се вратам! исто така кога ќе слетаат некој тука ги жалам како и себе што жалам!!!
И јас така викам, ама ела разбери се со овие околу мене. Само дечковци сум вртела, сум претерувала. Глупости. Ама они не знаат дека дечковциве токмаци ми се сите, за ташак не ги бива. Квалитет: нула. Нели не се важи? Распуштеница, ваква таква . Муабети.... И така. Толку јас. Чисто да направам гужва малку, да се најдам во муабет Петок? мхм, петок! Убав да ви е. Ваша М,
Одамна така си имав една симпатија што го глеав у некои прилики. Така симпатичен дечко, со долга коса убави сини очи и бла бла бла... Идам на кафе со еден другар и ке дошол и негов колега. Се ок, типот познат абе како пред врата да ми живеел... Му отварам сега профил на фејс истиот тој ама скратена коса... О.о дали? Ама дали стварно? И ке речам џабе убавина однадвор кога се нема убавина внатре. Џабе! Типот за секој еден што помина што е албанец или ром коментираше само, ги вреѓаше. Овој ваков бил, оној онаков бил, види го па овој па... Ужас бе, ужас. Мене многу ми стана непријатно, некако џабе што му спуштав муабети, што му велев да престане, не стигаше до него.
Она кога ќе дознаеш дека сеуште му фалиш и се распрашува за тебе Непроценливо чувство Трепери срцево...
Пак да повториме...Одговорот за сите омаловажувања и негативни коментари, како и критики и оговарања зад твој грб е - НЕ РЕАГИРАЈ.
Сакам да кажам дека ... 1. Последниот пост беше последен ама овој ќе да е посебен. 3. Не може бе волку брзо да ја пропуштам втората точка .. 4. Ме немаше долго време, ама гледам дека ништо не ви фали, освен моето присуство, 5. Не бев тука 4 месеци затоа што бев во Америка. 6. Проклета да е Америка ама да ви кажам право како Агностик, господ здравје да и даде xd 7. Во америка можеш се да добиеш, само треба да побараш. ( ама баш се .. кхм ) 8. Ако ви кажал некој дека Њу Јорк е убав град, 100% не бил таму или научил од погрешно место. 9. Во Америка немаш се, а во Македонија немаш ништо .. 10. Знаете кој бил во Америка и рекол дека не сака да остане ? .. ВМРОец .. 11. Девојките во Македонија сеуште чекаат машкото да им пријде .. тоа во Америка го пребродиле со првите сипаници. 12. Дојдов у Македонија по шорцеви како да сум бил на одмор на Хавајските острови. Овдека ладно, мамата,, изгледа бајаги заладиле односите помеѓу политичките партии .. 13. На фб прочитав статус. Перки од лустер се всушност перки од хеликоптер кои не успеале во животот. Ок. 14. Ај доста е .. ПозЗ3³ ®
Слушнав песна која ми направи експлозија од преубави моменти во глава... Музика,друштво,алкохол,преубави поминати викедни и уште поубави седенки кои нема да се заборават никогаш. Некогаш некаде можеби пак ќе се собереме сите ,да се напиеме,да се насмееме и да создадеме нови моменти за паметење. А до тогаш да сме живи и здрави!
За да се наредат коцките треба да ги фрлиш.... и тоа повеќе пати. Некогаш многу пати. Така и со се останато во животов. Разгалувам душа со првото саботно кафе. Нека е убав денов!! За сите. Добро ви утро! Нека ви почне со оние што најмногу ги сакате!