Сдк Ова со партиски разделувања сериозни ме плаши и загрижува Господинот пцуе, вика, како е можно неговата ќерка да го избере НЕГО! Баш него -член на владеачката партија За момент се замислив, кој меѓу нас двајца е луд
Ме интересира што бидна со @Adina Адина, до кога ќе биде банирана, и дали ја праша некој нешто и дали се изјасни, дали само со сликите не беше во ред и дали има некој искомуницирано со неа...
Ги сакам понеделниците затоа што доаѓаат обврски и нова недела,затоа што така побрзо ми мине времето и уште милион други причини.Навистина најубав ден понеделник. Ако преживееш во најтешкото,ке уживаш во најубавото.После дождот иде сонце надежта не смее да се губи.
Навидум многупати сме помислиле дека поскапото парче облека е поестравагантно и елегантно, ваљда поради егото што го носиме во нас со се облеката и самото парче ил.. кујзнае што.. Многупати ова фамозно размислување и самото етикетирање на луѓето околу нас со самата марка што ја носат на мене лично не ми е реално и прифатливo, и не не ми значи ништо. Колку пати само сум сретнала девојки и жени што умеат да комбинираат и пред се имаат дарба за креативност и вешто умеат со боите и детаљите.. ќе гледаш, ќе анализираш .. и ќе се замислиш на крај дека навидум се дотерани и се носат во некоја најголема можна марка на светот. А тоа да ти било најприсебни и најприфатливи цени и градероби што навидум се солидни за сите околу нас. СДК не е до самата цена и натписот на етикетата ами до вештината е, слободоумност и вешта креација за играње со гардеробата и соединувањето на соодветните парчиња гардероба. Етикетата не не прави поумни од нашиот сам здрав разум и вештината на неговото изразување преку делата.
Милион пати сум верувала на нечии зборови и милион пати ми било докажано дека грешам што верувам на зборови. Дела, само на дела може да се верува. Ама не, јас никако да сфатам дека зборовите денес значат многу малку, и потоа сум повредена. Епа убаво, така и ми треба кога верувам на секого
Сакам еден ден да си дојдиш дома и да не си уморен, да не речиш во 8 часот дека си легнуваш оти немојш да издржиш, да ми се јавиш поќе од два пати не само кога јадиш и да ми кажиш дека пак ќе закасниш, кога ќе си дојдиш да ме гушниш и да ми речиш конечно не сум уморен мноогу ми недостигаше и те сакам.. многу барам??
Бидејќи некогаш сум била љубезна и учтива спрема некого не значи дека сум будала, играчка и дека висам на кличнче, закачалка, дека сум центар за социјална работа па кога ќе ги одјебат сите други можат да ми се јават на мене за утеха, помош, не може и нема да дозволам секој да ме искористува. Ве изненадува мојата дрскост и безобразност да мило ми е ова сум новата јас и во иднина ќе бидам уште поголемо ѓубре. Ако се чудите зошто така се однесувам запрашајте се себе прво со што сте заслужиле ваков однос.
Деновиве редовно си конзумиравме банани па нели е здраво да се јаде Денеска предупредување од готви.мк,дека овошјето со налепница и број 4011 никако не го купувајте Во блиската продавница сите пратки, се со тој број,а тој број значи дека не е ГМО,но настанал на фарма каде има хемикалии и пестициди. Бројот 9 значи дека е органско без хемикалии,додека ако почнува со 8 тоа е ГМО храна. Па внимавајте на налепниците наредниот пат кога ќе купувате овошје.
Некои трчаат по партии за да добијат решение за вработување, други се во потрага по финансиски стабилни кандидати за да се омажат, трети идат од кол на кол шират нозе и оп на функција. Добредојдовте во мојата чудесна земја Македонија. На прв поглед смешно но на втор реално вистинито и крајно понижувачки.
Чудно е како, но кога животот се обидува да ме спушти на дно и кога ми доаѓа да вриштам на цел глас јас тогаш се претворам во најаката личност. Солзи ми навираат, но не им давам да потечат, ми упатија навреда која боли, пржи но не допре до мене. Може само да ја пренасочам на конструктивен начин, ама нема да очајувам. И така кога животот ќе ви даде илјада причини да плачете покажете му дека имате дупло повеќе за среќа. Искрено се надевам овој мој позитивен инат ќе ми донесе позитивен резултат кога тогаш.
Не е важно каде си, важно е како се чувствуваш на тоа место. Не е важно што јадеш, важно е како се чувствуваш кога залакот ти слегува низ грлото. Не е важно што правиш, важно е како се чувствуваш кога го правиш тоа. Еден човек решил да биде среќен. Се збогатил, имал многу пари, но таму не ја пронашол среќата. Се оженил, имал дете, но повторно не се чувствувал доволно исполнет. Го пропатувал светот, ги видел сите најубави места на земјата, но пак не почувствувал среќа. Тогаш, решил да оди во вселената, од таму да ја види земјата, мислејќи дека така конечно ќе биде среќен. Оваа приказна нема крај, зашто овој човек никогаш нема да биде среќен. Ако овој човек знаеше да цени, ќе беше среќен со задоволства што му ги пружиле неговите пари. Ако овој човек знаеше да биде благодарен, ќе беше среќен што има сопруга и дете. Ако овој човек знаеше да го живее животот, ќе беше среќен спознавајќи го светот. Малку е потребно. Чувството е потребно. Сите го имаме. It's only how you feel. Good night. :')
Се помирив со тоа да ме испрашуваат тетки,стрини,вујни и комшивки зошто уште не се мажам,како немам ни дечко,па кога ќе раѓам и слично,не дека не ми сметаше нивното дофрлање,ама ајде си велев,ќе бидам културна нема да ги отерам у курац,ама претераа веќе Најново и најмизерно е што сега откако не работам почнаа и работа да ми бараат да,да добро слушнавте..а мене ми одбројува тик так нешто во мозоков,салам ќе си го добие некој за цело ова време што им дозволив да ми се мешаат Е па на здравје нека му биде
Сакам да кажам дека .... Уствари сакам да раскажам едно интересно доживување кое го имав јас ова утро. Како што никој од вас не знаеше јас од денес планирав да започнам повторно со тренинзи пливање кои ги планирав последниве месец дена додека бев во САД. Како доследен на одлука и цврстата решителност иако наидов на спротивни мислења од моето поблиско опкружување решив да реализирам веќе замисленото. Утрово со помош на мојот аларм се пробудив во 6:30ч наутро небаре професионалец со олимписка норма. После само 5 часа сон јас застанав на нозе спремен да го освојам денот кој веќе го замислив предходно. Се подготвив за 20тина минути ( јадење плус мојот омилен шејк .., пиење, истегнување и проверка на опремата која ја подготвив пред спиење ) и итав да го стигнам автобусот во 7 часот. Надвор беше прилично свежичко ама желбата која вирееше во мене драстично го намали осетот за студ така што се чувствував доста пријатно. Се качив навреме во автобусот и правец базен Борис Трајковски. Патот натаму беше долг, густ сообраќај вообичаено за тој период од денот, гужва, околу мене изиритирани патници и видно незадоволство. Останав спокоен и нетрпеливо чекав да пристигнам. ПОсле половина час стигнав на мојата очекувата дестинација, базенот Борис Трајковски. Брз од изведен од моите стопала, влегов внатре, си купив билет и како и предходно веќе го знаев патот кон соблекувалните се упатив. Возбудата во мене растеше, почнав да се раскомотувам, да го тргам непотребниот дел од облеката .. најпрво од патиките со нивна замена моите апостолки, потоа фармерките ... и пред да се ослободам од долниот веш пребарав во раценот за мојот костип за капење т.е. купаќи. и сфатив дека единствено, само тој дел од целата опрема сум го заборавил дома. Останав во неверување, почнав да размислувам за алтернативи .. и за неполна минута сфатив дека тука е крајот .. крајот на мојот прв тренинг ден кој исто така не го започнав......................................................................................................................................................................................... не знаев дали да се смејам или да плачам .. се обидов да задржам смиреност.. си ја облеков повторно несоодветната облека за пливање а доста добра за шетање надвор од базенот, си излеогов надвор и чекав 1 час и половина да си фатам правец на факултет ... Ете драги мои тоа е мојата приказна, се надевам ве насмеав а може и ве растажив... чувствувајте се слободно да ми пратите ЛП со вашите реакции при читањето на мојата приказна. Уживајте ПозЗ3³ ®
Има ли нешто послатко од тоа кога бебе што е старо 3 недели, нежно ќе го допреш по рече, а тоа ќе се насмевне? а кога ќе заспие и си се смешка само? Едвај чекам пак да појдам и да ја видам.... едвај чекам да поднарасне за да си играм со неа, да ја гушкам и шетам... Сега кога ќе одам накај Џамбо, прво гледам бебешки работи, розеви алишта и играчиња, па после барам за тоа што сум дошла Зар е можно да постои толку мало човече колку кукла? Буквално имам кукла дома што е поголема од неа. Си лежи на кревет, фаќа место колку едно малецко перниче, си спие и само мешето и оди горе долу како што диши Зар е можно олку нежна да станав со деца? Пред некој ден бевме со другарка ми и со нас ја носеше внука и, што има 1 год и 4 месеци и детето не се тргна од мене. Прво се срамеше и јас не и обраќав внимание (тоа е тактика за да трчаат децата по тебе ) и кога виде дека не ја фермам толку ете ја таа почна да се задева со мене, да си игра, да ми глуми, и ми влезе под кожа....па дури и плачеше кога се разделивме, па си ја засакав.........а сега си бев кај бебчето мое ooo myyyy goooddd....мајчински хормони go awayyyyy...... Наместо да легнам, јас си ја гледам Миранда. Хммм се опседнав? Па малку..... Не, тие не се сестри, не се другарки туку е истата личност десно е нормалната личност, лево е нејзиниот каркатер........For those who don't know Miranda is the same person as Coleen. Miranda is the character that is played by Coleen. It's editing that's how they are together! hope this helped. (Да не има и англичани и америкнаци на форумов, да му остаиме и на англиЦки да читаат) Еххх, ги напнав сите со Миранда....
Нема поубаво чувство кога некого кој има мака го направам среќен и му помогнам,и кога гледам со кои проблеми и маки се соочуваат другите, среќна сум со тоа што го имам покрај себе