Во животот сѐ што се случува остава трага засекогаш. Те променува, ти дава друга форма. И ти колку и да се трудиш, не можеш да ја промениш или да се вратиш на старата. А последните три години толку ме променија, што "деформацијата" која што сум сега, не е препознатлива и не може да се поврзе со мојата почетна форма. Стоев исправено со целиот товар на себе без да изустам ни збор во моментите кога се очекуваше да се распаднам, а си дозволив да покажам слабост во моментите кога требаше да бидам најсилна. Постојано се губев и пронаоѓав на моменти. Изгубив контакт со личности кои имаше потреба да ги нема во мојот живот, но и со оние кои високо котираа на листата од "My forever". Ме понесоа комплексите закопани длабоко во мене и од мене изградија штит кој се соочува со сите. Додека девојката со самодоверба нарекувана дури и арогантна, мистериозно исчезна. Несигурноста беше втората јас, а недовербата ме испраќаше во прегратките на секојдневието со маската на Ледена Кралица. "Заработив" неколку ножа плус во грб, предизвикувајќи секој момент да ги преиспитувам моите одлуки дали се правилни, да го одмислувам секој збор кажан од моја уста- станав робот. (Ме)Научи(ја)в за работи за кои мислев дека не постојат. Се соочив со ситуации пред кои ниту на крај памет не очекував дека ќе бидам испревена. И сега сум овде, со целото пишано погоре како дел од минатото, конечно спремна и веќе во лов на тоа што го сакам од својата иднина. Но веќе заедно со последиците од истото минато. Не се откажувам, нема да ја повторам таа грешка иако имам тенденција кон повторливост. Само сумирам што сѐ губам поради пеколот кој сама си го создадов тогаш. Губам многу.
Не треба многу за денот да ти тргне добро, само "размрдај" се и како нов си. Имаше утринска на телма аеробик и баш се размрдав, ги размрдав и мислите а чуството е woww. Не ми беше до вежбање ама ме понесе моментот и одма е подруго, забораваш на се и играш, добар извор на позитивна енергија. Треба да разгледам малце YouTube па да си го практикувам за убав почеток на денот или да се запишам на аеробик. Време е за промена, време е.
СДК дека ние жените сме секогаш во право. Само што некои од нас не успаеваат доволно добро да се изразат
Не била осамена приказна секој ден Но ова не е филм да се сомневам во happy end ....Страјк Епа текстовиве твои пријател се долку добри што дури болат
Знаеш дека ти е најдобра другарка кога после жеска кавга, другиот ден ти се јавува и си зборувате ко ништо да не се случило. Или после 5 - 6 саати од кавгата си пишувате по социјалните мрежи, оговарате и си се смеете ко ништо д не било. На некои личности не можеш лутина да им држиш, посебно не за глупости. Знаеш дека те сакаат и ги сакаш таквите човечиња. И после толку тешки и непромислени зборови, сепак гледаш во телефон и чекаш да ти се јави... Ех колку се ретки тие у п. м.
И не е страшна смртта туку тоа што е мртво внатре Што остана зад вас дур трчавте кон врвот напред Брзавте во занес, тргнавте во грешен правец Правејќи, така ликот близок да ви стане странец
НЕма ден, а да не видам на фб како некои или стапиле во брак, или имаат бебе, се уклучувам и оп тоа на почетна. Сите колешки скоро се омажија, а јас секој ден се мислам шо чоколадо да јадам и колку можам повеќе благо да изедам
Вљубена сум. Среќна сум. Што друго е потребно? Ме прашуваат што сум така насмеана ама јас си ја чувам тајната, скржаво, само за себе. Ви посакувам најубав ден.
Мразам што секогаш кога ќе се скарам со некој не се изкажувам доволно,ќе замолчам и ќе заминам додека се смири личноста од другата страна,се со цел еден да попушти нели,а знаеме дека ни тоа не води кон ништо,колку сакаш попуштај им,не вреди,тие решиле да те газат,понижат и навредат! И на крајот тие убаво ќе си се изпразнат а ти бери си во себе,фрустрирај се за неважни луѓе,абе ајде ми се смачи веќе,се прашувам само до кога ќе бидам ваква будалетинка!!!!
Здравоо Иначе девојката има ставено ограничување за посетеноста на нејзиниот профил, така да не знам која е девојката шо ја тагна али немам фанови и не сум јас
Да де, да се запишував и јас ко редовна така ќе беше. Не е до мене кога чекаш 2 месеци да ти завршат работа
Она кога ќе откриеш нешто што му е смешно на бебето и го правиш милион пати, а сепак никогаш не ти е досадно. Најслаткото кикотење е многу вредна награда.
Што среќа имав, бре. Пред 2 дена ме ограбија, ми ги земаа последните пари што ги имав. Денес добив плата, изгубив 500че некаде. Тууууу, ама ми е криво...
Па ок, и не е толку лошо.... Ми треба љубов.... И си се чудам самата.. многу трпелива сум станала во последно време
Prestanete mali deca i bebinja da maltretirate so snapchat,filteri usi od kuce i zajak,isplazeni jazici. Ne e slatko