Евоцирам спомени со гледање на летни слики. Чепкам по компјутер и фајлови, и оп - го отворам најубавиот за изминатово лето. И гледам сонце, насмевки, убавини, бикини, папарацо фотки... Ми се разнежнува душата за миг, па отворам нови, од минатото лето, гледам прегледувам, правам паралели...физички, душевни... гледам физички промени а евоцирам душевни, оние што длабоко ги носам во себе и на кои сум неизмерно горда... Денес е роденден на татко па до сега му правев видеа, тоа е всушност и причината што ме натера да отворам стари слики... Правиме изненадување со мајка и му купивме и торта, се е средено, ќе му ја оставиме во фрижидер да си ја најде вечер... А јас денес... Ќе уживам и за миг ќе ги препуштам грижите на универумот. Ќе уживам за роденденот на татко и ќе ги славам моментите кои зрачат харизма и љубов...
Приказна со амерички почеток а балкански крај... Таа се викаше Есмералда а тој Џејмс... Имаа по 19 години. Есмералда зврши средно у Влахов за пекар и работеше у Баба Тала у Драчево а Џејмс беше 1ва на ФОН. Една студена вечер после изагање Џејмс беше многу гладен и отиде до Баба Тала да земе нешто за јадење, а таму, на шалтер беше секако таа, Есмералда! Џејмс нежно, заводливо прошепоте: има ли пица бурек?! Есмералда речиси се стопи пред лицето на Џејмс и уште посензуално одговори: чекај дечко за пола саат ќе има! Џејмс рече не бе многу е ладно дома ќе јадам и си отиде и фала богу не се заљубија и останаа живи : )
Замислете, детето ви е смртно болно... Се сликате со него во болница со солзи во очите, а тоа прикачено на инфузии..Или пак си го сликате само него, затоа што е во изолација и не смеете да го допрете.. Сакате да имате каков било спомен , затоа што не сте сигурни дека повторно ќе го видите... Да речеме дека починало... ве боли душата секој ден, немате причина за живот... Седите сами дома, исолирани од светот... И така си седите еден ден на Фесјбук, и некоја дебилна страница ја ставила истата таа слика од вашето дете, и пишала дека со секој шер, лајк и коментар Фејсбук донира пари за вашето мртво дете! Па уште и Амин да пишувале...Демек Господ на Интернет седи и брои колку лајкови собрал некој пост, па по број на лајкови спасува животи!!! И милиони дебили го прават тоа, иако исто толку пати е кажано , дури и од Фејсбук дека тоа не е така, дека се ова е бесплатен маркетинг на сметка на туѓата несреќа! И ви иде да земете еден стап и да ги искршите сите будали кои веруваат во ова, а уште повеќе оние кои на сметка на вашето починато дете си прават реклама и заработуваат од неговата несреќа! И кога ќе ми текне дека и на официјалната страна на Педијатрија имаше ваков пост, и кога им пишав у коментар, никој не ме ни рецна, ми иде да земам стап и сама да се истепам!
Се јавува гледачка на тв.и вика,овде е една граѓанка од Скопје Па да прашам,има некоја сељанка од Скопје?
Ооооо сељанки има колку сакаш...не можеш да ги изброиш Селанки не баш Освен ако не се јавува од околните села..
Се поретки се луѓе чесни, материјална трка е за престиж, кешот е ко фетиш, а моралот искинат е во конфети, и е патетик, вредностите заменети со предмети...
"Не можам" и "не знам" се прилично културно одје*ување! Сериозно, не умееш за печеш пипер, да лупиш и да мешаш? Абе ајдеее... Единствено бремените жени би ги изоставила во овој муабет, оти денес бремена жена е заштитен ендемски вид. А не дека во минатиот век жените го имале тој луксуз да лежат дома оти се бремени, некој морало и за добиток и куќата да се грижи. "Не можам јас како келнер да работам", хмм, не дека не можеш - немаш зор. Да те чекаат сметките за струја а да знаеш дека ќе дојдат и ќе ја "исечат" ако не ја платиш, ехеее и те како ќе можеш.
За сите оние што единствено оправдување кога велат дека се во право им е фактот што се постари, имам едно да ви кажам - Пониско не можете да паднете!
Креативност и труд сплотени во успех http://www.fakulteti.mk/news/16-10-...i_od_gevgelija_dobija_nagrada_vo_njujork.aspx
Најдобра терапија и лек за ублажување на последици од разочарување, депресија, анксиозност е шопинг.Потрошив малку од повеќе т.е мамичка ме частеше и благодарам многу, одамна ме нема така разгалено. Срам ми е да речам ама си направив список на тоа што уште треба да се подновам. Ми треба нова ташна за со новите чизми, марама, џемперче, бордо панталони и уште еден пар чизми на штикла. Во план ми е да обновам нешто во кујна, со нови тенџерчиња, калапчиња за торти и колачи, долга ми е листата на желби а буџет ограничен. Ама пари се печалат, ќе капне од некаде, битно имам за зимање ако ништо друго, кога тогаш ќе ми легнат на сметка. Подобро е да бидам компулсивна трошаџика наместо да се прејадувам, да плачам и да се јадосувам и да најбитен заклучок ништо од материјални ствари не е поскапо од мене. Од денес одлучив ќе бидам попозитивна личност и нема да се замарам со небитни луѓе кои ме нервираат и ми ја трошат енергијата. Во секој ден ќе трагам по позитивното ,по доброто, ќе стекнувам по еден пријател на ден, ќе готвам со многу љубов, ќе се смеам, ќе си се дотерувам, ќе се хранам здраво, ќе ја гледам добрата страна на луѓето, ќе си се дружам со фини и зрели, искусни и мудри луѓе од кои има што корисно да научиш и да поминеш квалитетно време со нив.
Се уште сум во шок, ама морам да ви кажам дека дечкото ме запроси пред некоја недела. Оставив така ништо не му кажав. Ептен ме шокира зошто бевме скарани некое време. Размислив и сфатив дека тој е тој со кој сакам да бидам. Се знаеме многу долго и се знае за мене и јас за него. Вчера му кажав да. Штета што мораше да поминеме низ една бура за да сфатиме колку сме созреале. Хаха леле не ми се веруваааа
Големо браво и огромна поддршка за вакви средношколци. Само зошто јавно не се каже дека се немаат потребните финансии за да отидат децата и да си ја подигнат наградата лично? Не заслужиле ли ваква инвестиција со својот труд?
Кога тотален странец ќе ти направи услуга, сфаќаш колку пријатели можеле да ти ја направат, но не сакале.
Што убаво ми беше кога бев помал, впрочем и себе си си се сакам повеќе кога бев помал. Тогаш бев 65% emotional а 35% logical. Како што стареам се обратно и мислам дека сега сум накај 90% logical. Офф леле си ја активирам самопомошта да се на некој начин променам не затоа што така треба да биде туку затоа што така сакам да биде, како да имам недостаток од тој дел во мене. П.С. Ова е предпоследното мое мислење на оваа тема. Последниот доаѓа наскоро. ПозЗ3³ ®