Od glupavi natpisi vo vesnici omileni mi se onie kade sto paparaci slikaat 'ubavi' devojki. Poslednava pogotovo. Po dozd i ladno vreme samouvereno seta gol stomak koj ubavo visnal. Novinarive navistina ponekogas ostanuvaat bez inspiracija.
ЛЕЛЕ ДАААА! Ај следниот пат Pediophobia rulz!!!! Spread love through скопските улици п.с. Јас го правев колажов, чекам лајкови. Благодарам на соработка. Убава вечер.
Поминав бурен ден, глава уште ми прска .. Колку сме немоќни во некои ситуации ах .. Многу сум станата кршлива, ме исцрпи 2016. Знаев дела ќе ме прати малер цела година знаев. Неможам да се опуштам да уживам ни еден ден .. Никогаш ли нема да имам мир ???
Нема ништо полошо од околина која те тапка по рамо и во ситуации кога, озбилно не те бидува за нешто. А они, кутрите... од жал, од милост. Како на свое дете. Толку лоша слика за себе си создаваш што... ух.
И најтешките денови имаат 24 часа. Утрата секогаш ќе ми мирисаат на надеж. Решавам да ги оставам зад себе сите неубави работи од минатава недела и да уживам во викендот
Кога ќе го вратиш филмот назад малку или малку повеќе... на крај сфаќаш едно. Во секое лошо има и нешто добро.
It's always like that! Нема gain without pain и добро без лошо. Направив кафе. Земајте кој како ќе стане. Ќе правам уште ако треба.
Од природни ароми од кои би сакала да се измисли парфем - мирисот на кора од портокал оставена на парно и онаа свежина на воздухот после дожд. Би си чувала во секое време дома по едно шишенце од овие...
СКД дека им симнувам капа на сите мајки, особено на оние кои се самохрани И предлагам на власта да воведе бенифициран стаж за сите жени кои родиле, тие го заслужуваат тоа
Ова е вонреден пост на оваа тема... ШОКАНТНО Штотуку слушнав на вести одлични и пофални вести како вчера за време на Питијадата се изеле 7.000 пастрмајлии и се испиле 1 ТОН пиво. Браво браво браво. Не знам дали овие се мутави или ние сме глупи. Дали треба да се фалиме навистина со оваа информација !? Видете колку е глупо и контрадикторно самото на себе .. Од една страна се плаќаат реклами за рекламирање и едукација како лугето треба да јадат здрава храна, како алкохолот е штетен и зошто младите НЕ треба да пијат и како да се реши проблемот со пијанството кај младата популација, а од друга страна не тераат и очекуваат посетеност на ПИВОФЕСТ, ВИНОСКОП, ПИТИЈАДИ и се натпреваруваат секоја наредна година колку повеќе тони алкохол е испиено. Сами пресудете како ќе судите на ситуацијава ,,, ПозЗ3³ ®
Тој што решил да пие мислиш ќе застане вести или реклами ќе гледа дали да пие или не? Чекај да пуштам реклама и да гледам дали треба здраво да се хранам, дали треба да пијам или не... Никој не вика така. Кој си внимава секогаш ќе си внимава, кој сака да пие ќе си пие, а тие на вестите мора нешто да кажат. Што се случува во земјава интересно за да се издвои во вести? Ништо... Едвај чекаат да има пивофести, питијади, ајваројади за да кажат нешто. Не знам што толку се потпираш на реклами или вести.
Веќе неколку недели по ред не користам никаква шминка. Навикната бев секој ден да нанесувам пудра, маскара, креон. Не нанесував премногу шминка, ама не беше ни малку како за обични денови. Ми одземаше секако 10-15 минути за да се нашминкам. Испадна некако пред неколку недели да немам доволно време за да се нашминкам наутро и си реков ајде ќе поминам еден ден без шминка. Вечерта кога завршив со обврските за тој ден забележав дека лицето ми е многу почисто и помалку иритирано во однос на оние денови кога сум носела шминка. Да ја скратам приказнава, сакам да кажам дека престанав од тогаш да ставам шминка и кожата на лицето ми е поздрава од било кога, имам многу повеќе самодоверба а и отсекогаш сум сакала да бидам од оние девојки кои не нанесувааат шминка и и се препуштаат на природната убавина (сега и сум од тие девојки) Чувството на самодоверба кое доаѓа од способноста да бидеш своја и убава е неверојтно, па затоа девојки најтопло ви препорачувам заборавете на шминката и бидете си свои и убави.
Луѓето со преголема доза скептицизам секогаш се негативно настроени кон туѓите тврдења спротивни од нивните убедувања. Секој збор што ќе се изусти го восприемаат со недоверба и сомневање. За нив и вистината е лага.