Вчера кога требаше да ги заштитам блиските(не физички) oткрив дека во мене живее и херој и villain истовремено. Дека мојата чувствителност кон сите суштества,може да се исклучи за дел од секундата ако сметам дека некој близок ми е загрозен. Мојот влог за луѓето што ги сакам е целосен и без задршка. Детската бела боја полека ја добива својата црна и прават совршен круг. Секому според заслугата. Само без преминување на линијата,никогаш.
Се можам да разберам, ама како луѓето не се срамат од некои свои постапки, е тоа не можам да разберам.
Во исчекување сум за здравјето на едниот мој родител... Се надевам се добро ќе се заврши. Мислам ќе полудам.
Тешко е да си со личноста која изхледа како бог и во цела сала е најубав а ти изгледаш просечно и небитно..
Сдк дека договорив денеска да си земам маченце, огромна желба уште од мала.Резултат на преголема љубов кон животни, али немањето доволно простор да се чува и неодобрувањето на останатите дома. После ќе им го донесам дома, изненадување демек(само мајка ми знае пошо и таа сака мачиња и ме поддржува) ама другите мислам шлог ќе ги фркне. Ако ви пишам уште еднаш значи добро е, жива ќе бидам.Молете се за мене.
Колку е убаво кога си очи во очи со она што некогаш ти нанесувало болка. А сега таа болка ја нема. Има само рамнодушност. Успеав да ги затворам старите рани. Не остана ни еден белег од нив. Гледав во лицето на таа некогашна причина за тага и само се насмевнав. Знам дека успеав да преболам. Колку е убаво кога имаш нова причина за радост. Нова светлина на местото на темнината, на местото на онаа црна дупка од која мислев дека нема излез. Колку е убаво кога знаеш дека нова љубов дошла на местото на онаа несреќната. И не гледам назад, немам причина за тоа. Колку е убаво кога срцето пак сака како никогаш да не било повредено.
4, 4, ама бидна 5 и 30... Е што се нервирам вака. Ај барем добар дел завршив и задоволна сум. Сега некако мислев да одам по потребштини од типот хеланки, бодија и така на така, ама се мислам да не ми е касно... тој саат и пол ми фали сега.
Ако некоја особина ја мразам кај луѓето тоа е дефинитивно неискреноста или лагата да се изразам подобро. А деновиве за сенешто луѓево ме лажат, и секако дека ја дознавам вистината подоцна. Ама за жал и таа вистина немаат лице да ја кажат самите, туку ја дознавам од трети луѓе. И потоа зошто сум немала доверба, па не знам еве зошто да немам доверба во некој кој ме лаже?! Простувам еднаш, два пати, ама довербата не се враќа. Довербата ја давам само еднаш и кој не знае да ја цени тогаш нека не очекува дека ќе ја добие повторно. Епа „другарке“ моја нека ти е со среќа, си зазеде добро место на мојата листа на небитни луѓе.
Пред 20тина години, се одеше на одмор, се бараше пошта во околина, оти само таму имаше телефонски говорници за да можеш да се јавиш дома/комшии или роднини што ти пазат куќа, две минути разговор - тука сме, добро е, времето убаво, давајте леб на кучето, вода на цвеќињата, се гледаме за две недели. Факс беше висока технологија Се сеќава некој на пејџер? Веќе месец ќе стане како немам мобилен. Се преродив. Ама, додека да видам тоа... косата си ја искубав да раскинам договор, ми менуваат тарифа на два месеци од истекување договор. Не ми се допаѓа, не сакам некој да ме игра, ама полесно е верувам развод да добиеш отколку договор за мобилен да раскинеш, и излегува така фино дека ќе си плаќам алиментација уште три месеци додека ми измине тој договор, а од пуст инает, гордост ли, суета ли, не знам ама сим картицата е пресечена на пола и фрлена во канта оти друго не можев да имам контрола врз исходот. Фучев некој ден. Охохо како фучев. Де да земам нов број, нов договор, аман, де денес де утре, и некако чекај чекај, престана да ми фали таа играчка , па си реков на кој му требам и на фиксен ме наоѓа. А ни секретарка немам на тој. Епа не! Ако сум тука ок ако не, друг пат. А кој го нема ни тој број, штета, што да му правам? Разгледница нека ми прати, или писмо нека ми пише И постов го пишувам на за денес стара технологија - лаптоп А дали уште постои телеграма сервис? . ._ . _ _ _ ... . _ _ . . _
Две вечни мистерии на нашиов народ се: Дупли врати на банки, кои се отвараат на копче или преку интерфон, а втората не може да се отвори додека не се затвори првата. Институции кои работат на принцип - одбери тип на услуга на апаратче и добиј бројче; кога ќе се појави твојот број на дисплејот, оди на шалатерот чиј број е исто така прикажан на него. Најчесто, со првата мистерија се справуваат така што ја тегнат вратата посилно (или буткаат посилно, зависи дали се „заробени“ внатре или надвор од банката), со попатно пцуење и викање. А одговорот на втората енигма најчесто е - скроз занемари го апаратчето за услуги и бројчиња, и 30-те луѓе кои веќе чекаат со ливчиња во рака и тупни се на првиот шалтер, па ако службеничката ти објасни што треба да направиш и те врати - океј, а ако крене раменици и те услужи и без бројче - уште поубаво! Од овие две ситуации, може многу да се заклучи за нашиов менталитет: Ако нешто не функционира онака како што ти си намислил дека треба, тогаш единствената алтернатива е да му пристапиш насилно и со сила, пошто друг начин за тебе не постои. Ако нешто не ти е јасно како функционира, не се ни да трудиш да го вклучиш мозокот и да размислиш, туку тераш онака како што ти си мислиш - или некој друг ќе ти објасни што уствари треба да направиш, или ќе ти помине и така, „по твое“.
Вчера изгубив (ми ја украдоа) мнолгу битно "суштество"-мојата мачка ..Нема збор што ќе ја долови мојата болка,тага,и копнеш по моето маче.Плачам веќе два дена. Тоа маче беше се во мојот живот.Моиве "пријатели" се смеат и чудат како можам да плачам за мачка ,а не сфаќаат колку бев приврзана за неа,а и она за мене.Скд дека луѓето ги изгубија емоциите.Ќе го оставам постов недовршен.Секој збор е излишен а и неам сила Снежуле те сакаам -
Ај вака, сите што знаете некој Велешанец висок 170-180 црна коса и брада, многу мнооогу убав со прекрасна насмевка околу 20-24 години да ми пишете може? Не може да ми излезе дечково од вчера од глава. Оооо...
За пола сат тргнувам на James Bond Symphony во Домот на културата. Обожавам дешавки во кои учествува камерниот оркестар на Битола. Посебно во комбинација со безвременски хитови! See you later alligator
Прееска сестра ми беше да ми купи јадење од продавница. И реков да земе 2 кифли бидејќи бев ептен гладна. И се враќа она дома.. и ми кажува како таа продавачката и рекла зарем и двете кифли ќе ги јадам? Не и се многу на сестра ти?!? Леле не ми се верува.. Што е со (не)луѓево? Работата ти е да продаваш а не да збориш ..
Мене ме асоцира на спокој, топлина и веројатно некаква утеха во доцните часови кога е ладно а меѓудругото забите ти се тресат од студ бидејки си на тераса и сакаш да земеш свеж воздух, да се издуваш а во меѓувреме да огрееш тело со некаква си топлина додека читаш нешто, некого, замислуваш и реализираш. Поготово насабајле, кога зраците те греат а свежината каса наоколу, чај, мед и лимон, сам со себе и своите мисли, тишина и спокој. Асоцијација за зима, магла, снег и виулици.. Звучи клише.. и чајот и топлината и зимата и спокојот ама тоа клише е така реално, неописливо а убаво и спокојно. Многу е важна мотивацијата во себе си, кога ја влечиш во малите нешта и срцето ти се грее.. давајки значење и уживање во шоња чај или какао ..што било па и лист да е, важна е трошката среќа во мигот на самиот човек .
@vitamina Мило ми е што мои две реченици ти ја разбудија креативноста во тебе Многу убаво и романтично напишано Сепак не сме сите исти
Еден од „ѕвездените моменти“ на убер-емоционалноста на мајка ми, денес тотално ме остави без зборови. Понекогаш навистина не ми е јасно дали е до годините или едноставно сум пораснала, па имам некоја обратна перспектива на поимање на околината, меѓутоа не памтам дека мајка ми била толку...не знам, немам соодветен збор за да опишам. Споделувам случаен рецепт за нешто по телефон и ми вели:„Леле колку убава идеја за ручек ми даде за утре!“ И потоа во истиот момент се растажи и ми сврте муабет од типот:„До вчера ти врзував патики и ти плетев плетенки, а денес ми кажуваш како да готвам.“ Па дури чувствувам како ѝ трепери гласот, во глава ми пишти црвената сирена и си велам - мисли побрзо, кажи некоја глупост, тресни некоја зелена, зашто отиде женава, ќе ми се расплаче, кој ќе ја мисли после како е и што е. *** Па како капак на сè, денес три пати ми се обратија со „госпоѓо“. А да биде уште поинтересно, ниту бев којзнае како нашминкана или облечена. Едно доаѓање дома, веднаш се позиционирав пред „зумирачко“ огледало и си анализирав подочници. Ниту сум уморна, ниту имам торби за пазарување под очи. Мора да е до косата, си заклучив така ко од пушка. Еднаш после сто години ќе решам дека e време за мала промена и (по)долга коса и веднаш ќе ме направат...тетка. #sadstoryofmylife
видови на форумџии -што не пазат на интерпукциски знаци (еве јас) -кога се "скарани" со некој и против тој некој кога х член ке пише нешо против него овие првиве одма го лајкаат постот као непријателите на моите непријатели ми се пријатели патетики