Обично во СДК доаѓам кога имам нешто да кажам за креативност, имагинативност, уметност. Така, ни овој пат нема да биде поинаку. По соодветни теми се имам изјаснувано колку не можам да се привикнам на денешната музика, како се’ е веќе видено и чуено, но кога ќе слушнам денешна, модерна песна изведена на некој необичен начин - не ретко знае да ми се допадне многу. И како поддржувач на уметници од типот на 2 Cellos, Postmodern Jukebox, Pentatonix и на нив слични, кои навистина имаат талент и кои знаат музиката и стари познати хитови и нови неинтересни песни да ги издигнат на едно сосема различно ниво, денес тука ќе вбројам еден средовечен чичко кој е прав мајстор во она што го прави. Со биографии и позадински информации за него нема да тупам, туку малку ќе се восхитам на магијата што ја создава. Станува збор за Русин, Игор Преснијаков, кој веќе има турнеи низ светов на кои го презентира тоа што го умее најдобро. Инаку е виртуоз на акустична гитара. Постарите видеа му се многу интересни. Кај него можете да најдете музика од секој можен жанр, од секое време, за сечиј вкус. Познати стари хитови, балади, брзи песни, рок и негови видови, до воведни теми на познати серии, саундтракови од познати филмови, познати песни од последниве години, па дури и по некоја традиционална руска песна. И интересно е да се види таа негова еволуција. Не во изведбата, затоа што во однос на тоа отсекогаш е маестрален, туку во однос на изгледот на неговите видеа. Постарите видеа му наликуваат на театарска сцена, а во зависност од песната самиот си бира костимографија. Сега видеата му се пософистицирани, елегантни, но има едно нешто кое не се менува. Тоа е неговата виртуозност, мајсторство и жар со кој свири. Со прстите создава вистинска магија. И е мелем за уши. Затоа топло го препорачувам. Музиката е исклучиво инструментална, секогаш само на гитара, а пак толку богата. Соодветна да си ја пуштите додека работите нешто на кое треба да се сконцентрирате. Па уживајте!
Некогаш е доволен само еден, навидум ситен гест, за да направи да се почувствуваш толку значаен и важен
Чувајте се од малите пукнатини. Големите ги гледате и ќе ги ,,санирате,, Ама малите стихијно можат и најголемиот брод да го потопат.
Будењето е најубавиот дел од секојдневието. Зграпчуваш свеж, нов ден, и во твои раце го обликуваш онака како што ти сакаш да изгледа. Пречесто сме тажни... а не заслужуваме.. Почнете овој ден, така што ќе извајате најубава насмевка, која ќе испрати позитивни вибрации до секоја чакра од вашето тело. There is a crack in everything. That's how the light gets in. - Leonard Kohen Добро Ви утро људови!
@Summerlover ааа хахахахах, Wonder Woman ми е најнеомилен лик од DC. Сакам да кажам, дека можам да прам благо, солено, ама кога ќе дојди да прам торта ... дијабет во еден залак. Можи со другарка ми треба тоа да си го напрајме како слоган кога ќе отвораме слаткарница. Ама да се здрави и живи луѓето/ фирми кои прават ќесички и со малку млеко и маргарин да можиме торта да јадиме оти ... маф ни е плано.
СДК синоќа сонував како сум отишла на Малдиви на одмор, и на другарката и викам ајде дури не се стемнило побрзо да одиме кај тие куќичките во водата што се за да се сликам и да се чекирам одма на фб свашта по свету, не да уживам туку да се чекирам..Ејјј колку ми беше реален сонот а сега ништо
Дали исполнувањето на оној копнеж за постигнување на внатрешен баланс и успех ќе го изведеме тивко, нечујно, со преобразба на сопствената акумулираната енергија ....или само ќе зборуваме и како некој емоционален вампир ќе крадеме од туѓата, зависи само од нас. Некои луѓе во темницата најпрво палат свеќа за да им го покаже патот по кој трпеливо ќе чекорат, а други најпрво ја блујат тежината од себе заборавајќи дека дека не е потребно светло или очи за да се чујат зборовите. Темнината нема да ги проголта истите и да останат во заборав. Повторно ќе дојде светло. Повторно ќе светне ден. А време треба за на човек да не му се гади од туѓите повраќаници. Хемингвеј има споделено една мисла. „На човекот му требаат две години да научи да зборува, педесет, да научи да молчи“
Дојдов до ситуација да мразам што дојде викенд. Пак синко ќе ми гази по нерви едно два и пол дена и пак на работа. Се осеќам како мелено месо, се распаѓам. А сакам барем еден сат мир - само еден сат за мене. Нема. И баш денес нема да му се спие, нема да му се јади, ќе писка и ќе трча и ќе растура најдобро што можи. А утре пак во 6 сатот ќе стани без шанса да прилегни. Синкооо полесно ми е на работа да одам отколку со тебе да се расправам по цел ден. Намали доживљај, смири малку. Не си на норма. И после се чудам, како можи се да јадам - а минимално сум здебелена. Значи спрема она што јадам, минимално е за толкав период да се здебелам 1 кило. Отворена покана - кој сака да ослаби, нема повели да го почува синко хахахах
Убави се работите кога знаеш дека во семејството има здравје мир и хармониј со по некоја ситна расправија оти многу арно не е на арно. Но ме убива ситуацијата кога е синко болен кога гледам се бори да биде насмеан ведар енергичен и духовит само да не го напнувам да пие сируп, капки или апче. Ме уништува длабоко во душата секој поглед во такво издание. Знам дека е грип, знам дека ќе помине свесен сум дека е се тоа минливо но болката и јадежот во мене што не можам да му помогнам во тој момент ме убива иако не покажувам надворешно. Душата би ја дал само тој никогаш да не биде во никаква загрозена состојба дали здраствена или животна.
Не можам да ти објаснам колку пати е натепан од комшиите. Ама болен е сериозно и не може да му дојди умот. Треба само да си е затворен во институција и да си прима лекарства. Брат ми викна полиција летото дојдоја и му рекоја го знајме кој е и шо прај ама не потпишува мајка му да го затвориме и нема шо да направиме. И замислете му рече на брат ми полицаецот да му излези да го истепа!!!! Баба ми Лексилиум пиеше цело лето од уплав. Стара е се плаши. И јас се плашам ама не така. И се јавив во полиција ми рекоја ако сакаш ела записник ќе направиме ако не имам на другата линија чоек. И ми го бапна телефонот. Не знам кај да се обратам поќе.
Терапијата на Вита и заврши денеска. Трет ден, трета различна инекција, и иако ветеринарот ми кажа дека оваа ќе ја боли и дека е нормално.. ете срце ми се кине кога ја гледам таква како камион да ја мавнал.. Ама ќе помине. Знам. Ветеринарот е најдуша човек на свет. Посакувам сите доктори да се посветени како него. Во март ќе почнеме процедура за документите потребни за да си ја земам со мене. Битно за неа средено. А мене допрва ме чекаат амбасади и остали институции за мои папири. Ме чека година на трчаници. И искрено се надевам дека во сиот тој сплет на хаос од различни димензии и сфери, ќе останам доследна на себе си. Си го должам тоа.
Здраво женски добро ве најдов Денес обичен ден петок тмурен и ладно,мразам зима ме прави да се чуствувам депресивно... Викенд како викенд секој ми е обичен и ништо посебно не ми се случува па најверојатно пак пола ќе го преспијам...
@macencef Не би да навредам никој и разбирам дека да се биде родител е една многу комплексна и тешка улога, затоа не е и за секој, и човечки е да се биде уморен и се, ама ваквите зборови не личат. Детето да смирено, треба и некој да го смири. Како очекуваш тоа да биде на место, кога наместо да изнајдеш начин да му го пополниш времето со нешто креативно, да бидете и двајцата задоволни, ти би радо излез. Не е табу родител да се чувствува ужасно и преморено, ама улогата бара напор и труд, за да со добра организација чувствуваш и задоволство, а не да бегаш од сопственото дете бидејќи да се избега е најлесно.
Denes mi e i ubav i neubav den 2 vo 1 ustvari bi rekla sve vo 1 mi se menuva raspolozenieto kako i vremeto. mrazam toa sto sum opkruzena so luge koi mi pravat faci a ustvari me mrazat do beskraj, p no uteha mi dava zborot hmm zarem jas ve sakam sum trpela mn ke trpam uste malku. ne sum veke starata budala si gledam mene i maloto da ni e ok a za drugoto pfff muva ne me lazi
Пред 5 год. на овој ден, изгубив многу драга личност. Не ни сонував дека така ќе заврши. Ми беше како родена тетка, како другарка, знаеше мои тајни повеќе од мајка ми . Истата болка и после 5 години... Солзите се тука. Иако не си меѓу нас, го чувам тоа што најмногу го сакаше, ја гушкам, ја сакам како сестра, и додека дишам така ќе биде. Не гледаш од некаде, сигурна сум ! Се надевам и ти ја смемам сеуште твојата најмила , како што ми кажа последен пат дека со мене се смее на глас. Ќе се потрудам никогаш никој да не ја растажи. Како растеме , во неа те гледам тебе. Да беше жива ќе се смеевме сега за многу работи.Фалиш. Многу фалиш!
Многу мразам разделби. Како и секогаш така и денеска морав да се воздржувам и да мислам дека за една недела пак ќе ја видам сестра ми. Порано имав една болка, ама сега се две. Само шо се разделив, а толку внукот ми недостига, премногу. Кога ќе ми текни како ме гледаше со тие очињата малечки, допираше со тие рачиња мали Сум сакала мали деца од секогаш, ама не знаев колку голем благослов е да бидиш тетка