Дај некој нека ги дојаде благиве од Велигден. Мислев дека се' сум изела, пред да почнам со диетава, ама сум се прелажала. Секојдневно ми се смешкаат чоколадни колачиња, обланди, неотпакуван чоко-локум, милка чоколатца и не смеам да помислам што уште друго. Ако Елена, ти јади си јајца, држи си протеинска диета. Мајка ми ми вика, дека имам уште дваесеттина јајца, да си јадам слободно. Колку што сакам. :љуто.смајли.што.стои.намрштено.со.прекрстени.раце: А знам дека ако ја прекинам диетава, за секунда некој друг ќе ми ги изеде! Не е хумано, бе пааааааааааааааааа.
Сигурно го знаете она чуство кога секогаш нешто ви фали да ви се дополни тој празен дел во душата.Некој да ви каже ТЕ САКАМ , МИ ЗНАЧИШ , МИ ТРЕБАШ , МИ НЕДОСТИГАШ...Или пак се чуствувате помалку битни..Неможам да опишам едноставно фали едно мало парче кое секогаш ќе ми ги разматува мислите на нешто полошо. #I #wish #I #was #special http://www.youtube.com/watch?v=pp95olCn3lY
Колку ли е само точно кажано ,она подолу во сликата! Кога ќе ми текне ,две двеојчиња кои си станаа BFF,сега само на Friends остана .Колку ли е само тажно,оној со кој порано си бил поотворен отколу со мајка ти,сега да те одбегнува и лице да ти прави,а бе ти мене BFF ми си. А пак догодина,пак ли ќе бидеме странци?Кога ќе се сретнуваме удолу,глава ќе ми вртиш,ќе се правиш дека не ме познаваш?Лани не се делевме една од друга,сега денот само 2 мин. максимално разговараме . И да тажно е!Додека го пишувам ова плачам! Сега не ти текнува на Fb,да ми пишиш,освен ако не ти требе нешто за на школо .А онака за муабет мора јас да ти пишам,а и ти варќаш по 100 сати покасно!Или пак едноставно ќе ми се искључиш! Spoiler Еее,страм да ти е! Сега си имаш друштво кое е слично на тебе,и Цвете ја заборави,а?Толку од Цвете.Цвете ти беше зафрканција ,тепање на време,а? Не ти текнува кога си планиравме кога ќе порасиниме дека јас ќе бидам актерка ти пејачка.И кога ќе не знае цел свет,кога ќе бидиме славни и богати,пак да си бидеме BFF. Или сето тоа беше ветер во магла,каде што и појде . Кога ќе кажам дека други ми се BF,ти се лутиш и велиш дека јас тебе ти сум BFF. A и двете знаеме дека не ти сум повеќе!И тоа сега од Friends, ни останаа само Frie,а и тоа ќе се изгуби за неколку месеци! И НАВИСТИНА Е ЖАЛНО ТОА!
Од вчера некако пукам од нервоза,навистина не знам што ми е. Се ме нервира,па уште ако видам дека нешто не е како што треба аууу не знам што ќе направам. И веќе од некои работи ми е преку глава,па дај нека се решат веќе еднаш. И ете така цело време,се исти работи ми се вртат во круг. А и времево капак на се!
Чувството ко че појди на гости(во мојов случај на роденден кај една вујна) и главна тема за муабет се турските серии, де Татковци и синови, де ФатмаЏул, Болни рани у уште незнам шо, а ти се чувствуваш ко падната од Марс или пак евентуално ко Алиса во земјата на чудата шо теоретски ти е исто. Прајслес
Лута сум. Ете така сум лута на светот. И понекогаш плачам од лутина. Плачам и од тага. Колку е тажен светот. Тажен го напрајвме. И злобен и ограничен и полн со омраза и предрасуди и расипани луѓе. Не е жално да мразиш? Не е жално да си расист, нацист, хомофоб??? Не е жално да не почитуваш никој и ништо и да плукаш по различните од тебе? И после Бога. Бога го носите на уста. Се осудвате да се оправдувате со Неговото име... Какви хипокрити... Скоро сите од таквите луѓе премалце се потрудиле да размислат со сопствениот ум! И ги слушат слепо зборојте на сите. Добро можи на одредени луѓе толкав му е и капацитетот. Како можи едно суштество свесно и тврдоглаво да се издигнува себеси над останатите???? Како можи еден човек да си дозволи да се потенцира самиот за ПРИМЕР? Како? Кој е тој толку совршен, толку морален, шо би имал лице да плука по другите? Зарем на толку вистински проблеми во светот, глад, сиромаштија, болести, загадување на земјата, природни катастрофи; вие се дрзнувате да ширите омраза? Дури ни јас неможам да го искажам она шо мојот мозок во моментот го мисли. Само ме боли душата за сите добри луѓе, кои ништо грешно не направиле освен шо се родиле поразлични. Ме боли...
Тажна сум. Не премногу, но, не ни малку. Што знам, денов беше релативно носталгичен. Ми фали нешто во моментов.. Некоја искрена насмевка, топла прегратка, цврсти раци, очи што светат.. Проклето фали. Мислев дека имам нешто такво. Мислев дека го имам со него. Но денес, и тој ми удри шлаканица.. Ме разочара. Чувствувам далечина. Но, не признава. Не признава дека нешто не е во ред. А тоа најмногу боли.
Сите се бориме за подобро утре,немој да тагуваш,точно сега и јас се чуствувам така значи пуста да остане оваа смотана држава каде што нема иднина за младите па мора да одат во странство,згора на тоа има и 300 процедури за кои што треба време и пари аман веке да не може ни бракот нормално да фукнционира ,а камо ли една врска оти нема тука од што да се живее.
СДК сум имала превод на телевизорот, а сега го гледам по години користење Ја откривме Америка идемо дајлее
Не знам дали јас почнувам да се менувам или бидејќи е 1 часот по полноќ па за секакви теории приказни и филмови можеш да мислиш и создаваш. како и да е муабетот ми беше...што ни стана бе луѓе,зошто се претворивме само во машини кои гледаат пред себе и само за себе?До каде со себичноста и лицемерието? Дали они размислуваат каква трага оставиле позади себе ?Дали мирно и спокојно спијат?Со што се они задоволно бе?Заглавени се уште во некој филм дека се нај нај.Епа не сте бе! И до каде со таа нервоза?За све се караме и препукуваме меѓу себе!За нешто најобично ќе ја направиме најголема работа.Па дури и на форумов..некоја прашала глупо прашање и некоја и одговара и се препукава.Аман бе луѓе,ни ти ни таа не го заслужува тоа.Таа си прашала не ти бара тебе стрикно да и одговориш.Некоја со живци без навреди ќе најде време и ќе и одговори. Дали порано бев мала и не ги гледав тие особини на луѓето,не ја чуствував таа горчина или..?Сите само брзаме и се караме,се плашиме овој или оној што ќе каже. Луѓе живејте си го животот и правете одлични спомени,имајте причина да бидете горди на себеси ! Ви благодарам и поздрав!
Арно не цркнал телевизорот, па отпосле да дознаеш дека имало превод Не ти кажал дека си имал превод, не бил во можност
Сакам да кажам дека толку го засакав компјутеров откако си го имам форумов што едвај чекам да го вкулучам и да видам што се дешава низ него, кој што кажал, кој со што си се подновил, кој каков проблем има, и доколку можам да помогнам, па и да побарам совет од вас... Едноставно се соживеав со форумов и со сите кои учевствувате во него ... Неопишливо, но и секако одлично топло чувство ... ДОбра ноќ !
Ми се чини дека на сите ни било така во почетокот, во некој период...а, потоа се разочаруваш. Нема кој не се разочарал. ** Замислете администраторот не ни честита ни Велигден. Никаде го/ја нема. Оставени сме сами на себе овде. Никакви промени, ништо на поарно не оди. Таа долгоочекуваната платформа одамна протона. И колку пати пишуваме постови, молиме за внимание, никој не се јавил да ни даде некоја подршка, некоја надеж за подобар форум.
Денес ќе бидам СРЕЌНА БЕЗ ПРИЧИНА..сабалјево пробував медитација и многу добро ми дојде http://www.mindbodygreen.com/0-5580/7-A ... l#comments ХеппИ... Решив да сменам став...првин јас па другите....важно ми е првин јас да бидам среќна и задоволна па потоа другите...Денеска му се радувам на животот покрај се...Верувам дека има работа за мене и сигурно некаде бликсу до мене е ТОЈ....Да,да верувам... Е фала,ама ИЧ не ми требаат тие ваши глупости...како една другарка го потпишувала договорот за работа и тоа нејзино : А ти шеташ в чаршија? (а заедно шетавме до пред 1 недела) ..Господе Боже..помогни им.... СИ ветив дека ќе се грижам за себеси најмногу а потоа за другите ( колку егоистично да звучи) PeAcE !
По некои женски се палат машки, а по Озбилна се палат аларми. :geek: Ај еднаш, па уште еднаш, ама ова е трети пат. Одам утрово до најблискиот банкомат да извадам пари.. абе тргнав по она што си е мое, она за кое сум вложила труд за да биде мое. И, само што ја зеде картичката почна да ја свири неговата. Што да ви кажам.До мене стои човек во години. Што правиш ќерко? Е, што правам чичко? дојдов како и секој нормален човек по она што си е мое. Изгледам како криминалец?Ме гледа, гледа, не не, не ми делуваш така Така де! Значи, да умира некој на улица има да се мислат дали да видат што мака има човекот а на еден аларм има да се соберат ко да си убица.Иди бегај бе, ова мене ми се случува. Па, така де. На целата мака и сите тие вперени погледи со дечкото кој е задолжен за истиот си се разбравме. Си кажа детето , алармот се заљубил во мене се случува и без срце да се има чувства. Сакам позитивни лица, кои црната точка можат да ја направат бела....намќори колку сакаш има. Детево добродушно, Озбилна кротка, пренеси дете, Озбилна е заузета женска, да не се пали на неа. Нека е убав ден На Озбилна вака и почна утрото, а само сакаше да извади нешто ситно
Сношти ми се јави бившиот,изгледа пијан и ми вика : Зш бе толку те немат?? Зш никогаш не ми се јавуваш?????? ЗШ бе??????? и почна да плачит..Му исклучив!
Ме насмеа особено за тој човекот во години, како те прашал, небаре ќе ограбуваш Ами тоа им е важно, прво да видат за што станува збор, па после дали умрел човекот или не.Исто, сакам позитивни луѓе, а намќори, со нив па да не можеш ни збор да сврзеш, а камоли да се пошегуваш, како да мислиш којзнае што во животот си им згрешил.Озбилна, тоа од што сакаше да извадиш нешто ситно, а за крупно, ќе требало да се зајде свирејки
како еднашка не згрешив во проценката на негативната страна кај луѓето?! Како еднаш не предвидов дека нешто ќе се случи, па да да бидам позитивно изненадена?! Боже..........боже...............................боже...................................... Ајде се се трпи, се, поради поголем интерес!