Најубаво од форумов еден лог аут и повеќе ни да се најавиш ни ништо. Што и да напишеш ко со глава во ѕид да идеш. Убаво рече еднаш некој страшни ликови има на форумов. Пријатен ден.
Кога сите би се погледнале какви сме ние себе си,нема да има толку критики кон другите,никој не е совршен,така да секој си има свои мани и доблести. Треба да се засакаме за да постоиме,досте беа делби.
Го прашав внук ми дали може да ми даде една количка од неговата омилена колекција, а тој гласно ми одговори: Не ти давам количка, ќе ти ги дадам сите! Толку многу љубов во едно мало слатко човече.
Понекогаш најдобро нешто што може да ни се случи е да не го добиеме она што го сакаме... Наздравје за уште еден убав викенд!
Крајот на денот не значи и крај на очекувањата. Можеби денешното денес не е вистинскиот момент. Следењето на сонот е смислата на нашето постоење. Нештата ќе си го заземат местото кога трпението и надежта ќе ја победат неизвесноста. Тоа денес ќе биде нашата цел.
Денес прв пат, со оглед на околностите, не се чувствував како на стаклени нозе, со очекување дека некој ќе ми се јави... Се чувствував убаво.. Излегов со брат ми на ручек.. Делуваше на мене како терапија, спа третман, не знам дури ни како да опишам.. И кога на крајот ми рече, јас ќе те частам, сега одам на работа, колку пати ти си ме частела пред да почнам со работата.. СДК мојот мал брат порасна..
Си имал многу тешко детство дедо. Ми се насолзија очите кога ја гледав емисијата. А, како ли ти се чувствуваш кога ги гледаш сликите од твоето родно место? Не можеше да го препознаеш, ме праша да не сум нашла погрешни слики? А, како ќе го препознаеш кога повеќе од половина век не си бил таму. Се е сменето, ти останаа само спомените. Дедо, ти си најхрабриот и најдостоинствен човек што го знам. Ти си мојот херој, мојата гордост и секогаш кога ќе имам мака ќе ти кажам знам дека ќе ми помогнеш. Да си ми жив и здрав минимум до 100 години.
Ако годините во младоста се најубавите, тогаш зошто последиците од одлуките ми ја притискаат душата...
Во тинејџерските години сите мои другарки се срамеа да носат хеланки со кратка блуза,не ставаа црвен кармин на уста во никој случај(тоа беше нешто незамисливо,демек ку*вински) а пак да пијат пиво беше најстрашното нешто,плус тоа смееа да го прават само мажите,е па јас уживав да ги применувам и кршам овие "забранети работи". Само сега посакувам да ја имам истата храборст од пред десетина години и повторно да уживам во животот без правила и стеги....ах младост.. Ох какви приказни ви кажувам јас,ова што го пишувам пресмешно изгледа кога од страна чита некој денешен тинејџер,познавајќи во какво време и опшество растат моментално. Деца извинете,ама јас си кажувам за во мое време,за далечниот 20 век
СДК утрово уште рано наутро нерасоната додека се возев во бус една "интересна" тетка уста не затвори..сите бевме Не престана да зборвит, ок жено..take it easy.. Ми се чинит цел живот ни го раскажа и по малку од претходниот. Ајде само тоа да беше, не можеше, а да не поминит со доза оговарање на секој што стигна за на крај да завршит со фразата:" Ама јас не коментирам многу за то"... хмм ок И еве мојов мозок не ме остават да заспијам и дури си прам резиме на денот ми текна на неа и не можам од глава да ја исфрлам колку беше само напорна, а и мизерно смешна. Поентата ми беше: криво ми е што некогаш колку и да сакаме да останиме позитивни и да не се замараме, еве ќе се најт некој да давит па ко за беља баш сега пред спиење ми текна на неа и со надеж дека ќе ми поминит сега од ко напишав ќе се потрудам да заспијам ...уф
Како бе не ве лазат морници и не ви е језа кога позади вас вози брза помош,а вие лагано си возикате па уште успорувате?! За вас треба посебен круг во пеколот да постои! Да ве напикаат сите до еден и постојано сирени да слушате. Јаз'к да ви е!
Муабети со себе у 1 по полноќ: Јас: Легни си скоту, утре прва треба да тераш. Исто јас: Ај уште оваа песна од Dream Theater. (20 мин. подоцна) - Пер, рече само една. - Па шо, Една е. Дваес минути трае, зар не ти текиње? - Добро, ама после тоа ќе си легнеме, така? - Така.
Ретки се вистинските приjателства. Посебно тие што траат подолго време. Имам другарка од основно, завршивме и средно заедно. На шала знаеме да кажеме факултетот ни ги раздвои патиштата за понатаму. Приjателство кое трае 23 години. Секогаш кога и да се видиме, муабетот ни продолжува од последниот пат кога сме се виделе. Сме поминале и лошо и добро, и секогаш сме тука за една за друга. Ако имате такви приjателства, чуваjте ги.
Мислам дека животов нее за мене. Пола од детството го минав гледајки како мајка ми и татко ми секојдневно се тепаат другата половина ја минав во болница со мајка ми и ден денес истата состојба. Си го изгубив детето кое го носев 7 месеци,таман малце се стабилизиравме се разболе татко ми. Длабоко во себе верував дека резлутатот ќе биде во ред. Денес е најлош ден за мене дознавме фека татко ми има Канцер. Јас имам план за него кога ќе имам бебе да ми го чува и носи во градинка он несмее да умре мојот тако несмее да умре.
Имам една особина која ми е и дар и проклетство. Тоа е потребата секогаш да се анализирам и да учам нови работи за себе. Во тој контекс, ќе напишам нешто. Повеќе за себе, за да стои некаде, ако заборавам да се потсетам Обично сум доста педантна личност, но поради недостаток на време и разни случувања, еден ден се разбудив со ужас од хаосот кој беше во собата околу мене. Одам во тоалет, а таму шминки на сите страни, полна корпа алишта за перење, купишта козметика. Не ми се влегуваше во соба, и ми требаше 2 дена да се натерам да средам се. Си ветив дека уште еднаш нема да си го дозволам ова. Знаејќи се себе си, морам да си докажам (да, да, морам да си дадам доказ и на самата себе) колку малку време треба да одвојам на дневна база за секогаш се на биде на свое место. И еве што заклучив: и на организираните луѓе денот им трае 24 часа, разликата е во тоа што тие работите што ги користеле, веднаш ги враќаат на место. Со време: само 45 секунди (!!!) ми требаат да ги вратам шминките во несесерот и четките во кутијата по шминкањето, местењето на креветот и брзото средување на собата наутро ми трае колку и омилената песна (3-4 мин.), миење на чинијата и приборот веднаш по јадењето- 3 мин, ставање на кондурите во плакарот штом дојдам дома- 10секунди. Сето ова направено отпосле, ми одзема мнооогу повеќе време. Епа Авери, отсега кој ќе биде твојот изговор? Немањето време? Хммм, не повеќе!
Еден хеликоптер ми прелета неколку пати над зграда... кој знае што е.. Кога и да прелета вака, ме враќа назад во 2001год.. тогаш ми летаа над глава, а сега секое влакно на телово ми се крева кога ќе помислам на тие денови, кога и да прелета како денес.. Тогаш бевме деца, во основно.. малку разбиравме за тоа што е војна. Училиштето ни е позиционирано така да можеш перфектно да ги гледаш сите авиони и хеликоптери што го надлетуваа Арачиново.. језиво е.. качи се на трети (кај што ни беше и училницата) и слободно можеше да снимиш документарец за секој напад.. Денес кога и да поминам од таму, ми се враќаат спомените..подобро речено, траумите. Тие си стојат, само се потиснати.. Од денешна перспектива, си мислам - кај ли им бил паметот, место да не спуштат во училници на приземје, тие си играле со нашите мали мозоци.. Вистина е дека траумите од детството никогаш не исчезнуваат. Затоа пазете си ги вашите најмили и направете да имаат детство полно со љубов, а не со трауми
Обожавам природа, викендици и базени. Да се разбереме викендици со приватни базени. Милина. Си правиш што сакаш, се разбира културно. Мераклиски си уживам во викендица кај другарка ми. Се одјавувам.
Сите ние живееме за оние навидум мали, но бесценети моменти на среќа. Сонце и ведро небо, допирот на саканата личност, омилената храна, мир во срцето. Толку различни, а на сите среќата ни се сведува на горе долу истите работи. Не дозволувајте ваквите мигови да ви се лизнат меѓу прстите, зграпчете ги
Човекот треба да се труди и работи во тишина, без кревање прашина, без откривање на своите чекори. Да остави после сите да го видат неговиот успех и да се прашуваат ,,како?!"