Пред некој ден бевме со колега од работа на службено патување во друг град. По завршувањето на обврските бевме на ручек, па во друг кафич на кафе. На враќање назад цел пат ни помина во смеење и потпевнување на песните од радиото во автомобилот. Не беше дејт и не ни мислевме да биде дејт, ама јас поубав "дејт" никогаш не сум имала.
Си го истресов ајфонот од 5ти спрат и тресна долу во бетониран базен кој уште не е во фунција. ТРЕСНА ВО БЕТОН!! Екранот не е ниту пукнат, ниту изгребан. Само малку е набиен каде што треба да влезе приклучок за слушалки. Тоа не го ни користам. Не ми се верува каков пад преживеа. It's a miracle !!!!!! Алкохол на моја сметка за цел форум цела недела! Ма цело лето!!!!!!!!!!!!!!!!!
Одкако ја оставив црната боја на облека настрана,почнувам да се сакам,гледам,и прифаќам себеси на подобар начин. Цел живот се облекував само во црно,ретко во црвена,или друга боја. Омилена ми беше црната и демек да ме прави послаба,зошто комплекси до таван си имав до скоро со тоа што сум склона да се дебелееам. Ама,денес барав во плакарот "заборавена облека" и се облечив во бело,ставив наочари за сонце,и излегов,и да,многу добро ми дојде,може е ситница,ама за искомплексиран човек како мене,ова е важен чекор
Ја го истресов и само ја нит слушнав нит видов кога треснал Ама затоа сите бои на лице ги сменив дур го најдов. Сите ми рекоа дека сум имала среќа, па решив да играм лото и грепки.
Се вклучувам на фемина и гледам известување "наградена си со трофејот четврта годишнина". Доколку не беше известувањето стварно немаше да ми текне дека толку време изминало. Го паметам убаво денот кога се зачленив, само што дојдов од село, досаден ден од летниот распуст, читајќи хороскоп на сајтот решив да се приклучам и на форумот. Бев само 11 години, тука буквално пораснав(и уште растам )запознав многу личности, со некои сум многу блиска и надвор од тука, многу совети ми помогнаа да ги преживеам најтешките години во пубертетот, а и сите проблеми што ги носи тинејџерството, подоцна сите совети што ги дознав од тука за да имам успешна диета и да си го променам животот и здравјето со самата диета секако, сите добри филмови кои сум ги нашла по препорака на членовите на форумот и безброј други работи за кои фемина била тука секогаш да ми помогне. Фала ти фемина, фала за последните 4 години кои ми ги разубави и олесни.
Многу си ги сакам оние телефонски броеви што може да ги завртам во секое време... И оние нежни гласови кои мир носат, кои со секое дишење љубов сеат кои со секој звук стравови гонат и љубов, и нежност, и доверба, и поддршка ете се ставаат во тие бескрајни минутки... Ах колку ги сакам.... Се надевам знаат... мора да знаат!!!!
Многу ја обожавам личноста што упорно пробува да ми ја пробие лозинката на мејлот и на фејсбукот, иако и е јасно дека по секој обид, на телефонот ми стигнува код. Е, сега, не знам кој од нас двајца се фрустрира повеќе од овој факт. Можда игра на карта дека ќе се изнервирам и ќе ја исклучам опцијата. Ех.
^имам и јас ваков пациент/ка. А многу проста лозинка имам и еден куп чет муабети со мајка ми, не ми е јасно што очекува дека ќе најде
Истото, Божо. Пар луѓе со кои чатаме за глупости буквално.. маил пун со спам и глупи муабети на хефе,што му текнало 10938474 пати во денот. Тоа е. А и мене, лозинката ми е проста. Нешто што често го кажувам ц
Повикувам такси и барам климатизирано возило, а вработената во диспечерската служба ме прашува дали ќе патувам на подолга релација Што??? Добро слушнав или таа се обидува да ми каже дека во жолта алертна фаза прават тест на издржливост на патниците. Кој ќе биде среќник на врелото седиште ќе раскажува, ама не сум за Сахара - понуда. Можеби ќе се слушнеме во некое идно време кога ќе патувам на таа маратонска релација. До тогаш пријатно туширање...
Чудна работа е како некој може неочекувано да влезе во твојот живот и веднаш да те натера да се чуствуваш како да можеш да му кажеш се, буквално се. Работи за кои си сметал дека не можеш да им ги кажеш дури ниту на најблиските. И одеднаш таа личност станува дел од твојот живот без ти знаеш ништо за неа.
Значи ако имаш многу следачи на твојот социјален профил, работиш на некоја јавна позиција, и плус сама ставаш слики , по дифолт си јавна личност и слободно може непознати особи да ти го раскажат и плукаат целиот живот на некој си рандом анонимен форум... Аххх , што е убаво кога г*от ти е покриен , па слободно можеш да си ставаш слики од што си купила, па што си носела, па да кукаш од животот, ама и истовремено и да плукаш по туѓиот... Па и јавно да те фалат колку си згодна рандом мажи тука, па смајлиња, срциња ово -она, па фала не требаше..И никој да не те рече неморална... Ама не ,вие не сте јавни личности,.Остај тоа, дури и забрането е некој да каже кои сте! А вие скромни, скромни, не дека ги пуните темине погоре само колку за лајкови. Али се додека не ви се гледа фацата, океј е. И не, не е за некој/а особено, за сите што се препознавте е.
Луѓеее видoв игуaнa вo двoрoт!! Пoрaди oвие гoрештини oд утре oчекувaм крoкoдили и кaмили дa ми шетaт низ двoрoт!
Најсмешни ми се личостите кои ке ми кажат добронамерен совет,пазете добро намерен значи со добри намери,а во таа добра намера се крие цинизам,злоба и љубомора,не бадијала има изрека патот до пеколот е поплочен со добри намери. Иако има и тука такви членки кои ми се добронамерни но ова во наводници,но и во мојот живот и опкружување каде што живеам и се дружам со разни ликови во моето секојдневие. Едно да ви кажам немојте понатака да се дрзнете и да ми давате совети добронамерни океј? АЈТ.....
Една молба до семејството тарантули(сите пајаци за мене се тарантули),да прекинат да ме следат како хаунтед хаус да сум.Значи 50254545 пати да напрам генералка низ стано пак ќе никнете.Ама премногу Спајдермен гледате да ви кажам јас!Значи комшиите ќе се чудат зшо пишти оваа како да ја тепаат,а јас вриштам и бегам 15454 километри подалеку од територијата која сакате да си ја обележите како своја гнасни едни мочковци тарантули...На секое ќе викам по дома да ве тепаат,театар у кучи да радим? Ја волим позориште али не у својој кучи,мислим овааааај...