Sdk..... utrE planirat da odat vo more, ama jas se plasam, ne Znam da plivam, glupo e ama ete ne znam. Ne mi e prv pat da odam ama ovoj pat site odat site cela kuka, oni se takvi sto so sila me butat vo voda da se smeat oti vikam I ne znam da plivam. I posle toa na majtap si igraat so mene, zatoa ne sakam ni da odam, luge eden sovet sto da napravam?
Нешта што ме мачат.. 1. Зашто скоро сите у Аеродром носат тренерки? Особено фамилии за викенд - таткото у црни, мајката у сиви или розе, малата по дифолт у розе, а малиот у сини - Адидас секако. 2. Зашто водата од чешма таму преку лето е секогаш топла, без разлика колку и да ја течеш? За разлика од таа што е во ВЦ - таа секад е ладна ( затоа пијам само вода во ВЦ ).
Жално е да кога родителите им го наметнуваат изборот на професија на своето дете. Да знаеме каква ни е државата, па гледаме прво кај има најголеми можности за вработување. Но, како еве како детето да работи нешто што не сака. Имам два примери што учат медицинско, бегаат од игла, се гледа дека не ја сакаат работата нити условите, сепак не е секој за тоа. За таа работа треба да имаш и некоја вродена особина да помагаш и да се залагаш со цело срце и душа. А не ради реда, колку да поминат пациентите. Родители може да ги советувате, но не им кратете крилја на своите деца. Да сеуште се деца, но се многу помудри и сигурно имаат претстава за нивната професионална ориентација.
Сакам да (кажам) прашам ... Ова се однесува на оние кои ја гледале тв серијата "Friends" Дали, безразлика за време на траењето или на крајот од серијата сте посакале да имате другари, пријатели исто како што се прикажани во серијата !? - Дали на некој начин сте почнале да фантазирате за вашето опружување на начинот прикажан како во серијата !? Инаку еве мое образложување. Инаку одговорот е Да во најголемиот број случаеви. Сугурно реакцијата е фантазирање од типот ( Колкју би сакал/а и јас да имам вакви пријатели ). Но пријателството не може да биде фиктивна идеја кажана/напишана од пар луге. Одлуките за пријателство ги правиме свесно, и најчесто сакаме да бидеме пријатели со луге кои изгледаат убаво, затоа што под влијание на филмовите, спотовите и други извори (социлани мрежи ) таквите луге се good looking и секогаш таквите луге имаат им се дава подобра вредност. Тоа е еден глупав феномен кај лугето што посебноста ја препишуваме на физичкиот изглед/ убавина Сте се запрашале зошто е тоа така !? Фала однапред, Се најдобро!
Чукањето во гради е тежок синдром. Не ми е толку до оној што сам се мава колку за околината. Е и нив ги има повеќе врсти. Некои вешто ги одбегнуваат модроградите,да не речам заобиколуваат. На овие блазе си им. Има и од оние кои се трудат на модроградите да им се пикнат кај стигнат,да им клекнат на колена ако треба,мислејки си дека ако успеат бар како пеперутки да облетуваат околу нив,околината ке ги поистоветува па ке добијат и они на вредност. Ете има и уште едни,мада мора да ги има уште ама не ми текнуваат сега.. Оние на кои им прекипува и им плескаат во очи се она што треба и не треба. Најмногу од сите ме загрижуваат оние пеперутките. Далеку повеќе и од модрите. Па добро бре,до кога ке бидете без свое јас?
Многу се плашам, многу сум депресивна, под голем стрес моментално и се тоа заради факултетот..студирам на УГД во Штип ..сега завршувам четврта година..но најголем проблем ми е што ми фалат кредити за упис на петта година.Мислам дека 210 кредити се потребни за упис на петта година а јас засега имам 194 кредити значи уште 16 кредити ми фалат..тоа се најмалку три предмети ..полагам во среда тој предмет носи 7 кредити ако воопшто го положам, ама губам надеж ...од што толку сум исплашна неможам ни да се сконцентрирам да учам.. се чувствувам многу лошо, не ми се верува дека стигнав до оваа критична состојба и дека можам да презапишам година ...не ми се ми живее ..толку пари дадоа моите за факултетот а јас на работ да презапишам година..незнам повеќе што да правам многу стрес, многу нервози и страф постојано ме надвладуваат... оваа јунска сесија положив само еден предмет...и сега во среда што полагам ама не е сигурно дека ке положам.. многу се плашам да не презапишам...незнам што да правам ...
Можеби во моментов ти изгледа како многу страшно, но ти ветувам нема да гледаш така во иднина кога ќе се присетуваш... Сега пробај да научиш што повеќе но и да се одмориш. Ако имаш во близина, замоли некој да ти помогне со учење на пример со тоа што ќе те прашува и така ќе се чуствуваш посигурна во знаењето... Се ќе биде во ред!
I don't know where I'm going But I sure know where I've been И така, по не знам кој пат, рипни па кажи оп. Сакаш ти? Сакам, како не. Разумна за љубов, импулсивна за работа. Ново и возбудливо, па после една година се чешаш додека држиш три различни места, едното го мразиш, за другото си ограничена, третото... којзнае, ајде трета среќа може ќе биде Имам внатрешен конфликт. Мислам дека подобро се справувам сега, од пред неколку месеци. Едноставно морам да го направам тоа... или не? Шит. Сакам да патувам. Сакам да го видам брат ми. Сакам кучето да ми е добро. Понекогаш е толку добро да си сам. Понекогаш е толку тешко да си сам.
Македонски синдром,додека е човек жив го плукаат,го вреѓаат,го омаложуваат,а кога еден ден ке го снема од светов,одма почнуваат.Абе ангел беше,предобар човек,многу добрини правеше,ех како сеа без него.Да ти се повраќа од вакви гнаси од луѓе.
Иaкo виртуелнo, секoгaш ми е милo кoгa ќе прoчитaм зa некoјa дрaгa членкa декa диплoмирaлa, се врaбoтилa, се oмaжилa или успеaлa вo тoa штo јa прaви среќнa. Уште еднa невестa нa фoрумoв.
Најубавиот комплимент за јаките жени е машкиот воздиш со: „Ах бе, каде бев пред тебе.... каде сум сега!“ друго ништо.....доста е!
Е па дечки да, арно ви вели Кекиче, невеста сум денес свадба правам ке се мажам... И навистина сакав денеска да ве имам покрај мене.... Си дојде денот навистина Јас сум скоро спремна, дојдов од фризер и другаркиве ми дадоа половина час да се одморам и да го облечам белиот фустан. Арно ама јас дојдов да ве поздравам невестински Вечерва другарите ни спремиле изненадување и ни спремиле се тип топ да летаме во странција на меден месец, ете каде ке го гледаат чаршавот утре сабајле Ние планиравме да одиме ама од другата недела натака, ама еве што испадна сега да се живи и здрави . Сакав да кажам не знам кога ке имам време да се пуштам на форумов и сакав да ве поздравам сите, најсите, оти многу ке ми фалите Многу сум среќна, задоволна и исполнета, ок и малце уморна од моминЦката, ама ке помине. Немам време веке да должам ме чекаат. Луѓе многу ве сакам !
@Kukla994 шмрк шмрк, нели требаше да се вртам околу тебе, шмрк нека ти е среќен денот, а уште посреќен бракот. Многу љубов, секогаш разбирање и взаемна почит. Нека ве краси се што ви душа посака
Уште додека си мал кога ќе ти се набијат комплекси за нешто, после цел живот со нив ќе се носиш. Некои деца често се сурови кон останатите врсници. Кога имав 7-8 години, си бев подебелко дете. Не делеко ко труп, ама малку покрупно...Со меше и поделеби ноџиња. Низ што поминував тој период, се уште и ден денес имам неубави спомени и длабоки-грди траги. Секогаш кога ќе појдев кај братучедите да играме со децата од нивната улица, кога ќе трчавме ми се смееја зошто последна сум била...Кога некој ќе бркаше, останатите му се смееја ако не можеше да ме фати...Демек види ја дебела, а побрзо трча од тебе. После кога гледавме филмови заедно со братучедите, сите седнати еден до друг, а мене ми викаа ај седни на стол, нема место овде...види колкава си... Или еднаш купував блуза со мајка ми во прадавница, и продавачката рече: -Ама добро, таа малку и подебелка си е и затоа вака и стои блузата....Или ќе ви предложев друг модел ама може нема да и чини.... Секогаш премногу чувствително ги сфаќав тие зборови и постапки. Решив да не јадам. Не јадев скоро и ништо по цел ден, а дома ги лажев сум дека сум јадела. Како растев, така слабеев...Дури и повеќе од колку што треба. Баш во пубертетот бев слаба...Барем во тие најчувстителни години не поминував низ истите трауми. Еве и ден денес сум слаба. Сега па обратно, сите ми викаат да јадам, дека сум слаба....А јас длабоко во себе се сметам за дебела. Кога ќе им кажам дека сакам да вежбам или диета да држам, сите ми се смејат...Зошто ти е диета? Костур ќе се правиш? Ама всушост никој не знае дека кога и да се видам во огледало сум незадоволна, и секогаш ми се вртат тие зборови од детство дека сум делеба. Треба човек да се прифати таков каков што е. Да си се сака и самиот да си има почит, ама некои траги од порано едноставно те влечат надолу и често знаат психички да те блокираат.
Премногу претпазливо сум ги бирала пријателите. Не бре брат,треба уште попретпазливо. Не за џабе се рекло,пријател секому е пријател никому. Ова брат,незнам од кај ми дојде.
Некад ми е страв да зборам пред него од што знам дека ќе се излаам за нешто што ќе се каам после тоа. Страв ми е да не отворам уста еден ден па да забораам да ја затворам и цел живот да ми добие сасим друг тек. Зезнав работа ја 2014. Не вчера, не денес, не утре. Уште тогаш зезнав.
Сфатив дека јас сум исклучок на онаа добро позната фраза "спротивностите се привлекуваат". Најчесто бирам (или ме бираат) токму такви машки. Тотална моја спротивност што резултира во total disaster. Скоро секогаш привлекувам баш таков тип на луѓе. Сметам дека делумно не е моја вина затоа што не сакам некого веднаш да го "исклучам" од мојот живот само поради тоа што не делиме исто хоби, исти интереси, ставови, размислувања.. Давам шанса на личности кои физички на прв поглед не ме привлекле/ привлекуваат, затоа што сакам да ги запознаам карактерно. Доколку воочам карактерна компатибилност на одредено ниво ми стануваат (физички) привлечни. Никогаш не ми се случило да стапам во врска со тип кој ме привлекол на прв поглед. Вообичаено привлечноста меѓу нас се развивала во текот на врската. Иако постојат случаи кога сум немала никаква хемија со некој и тоа завршувало со еден дејт, или два. Привлекувам сериозни, емотивни типови. Планери без смисла за хумор. А јас сум расположена за шеги, заебанции. Спонтана и импулсивна. "Алергична" сум на планирање на секој чекор. На секое поле во животот. Имам детски дух, кој најверојатно секогаш ќе го имам & im ok with it. Влегувам во врска со вакви луѓе зашто сметам дека ми е потребен баланс. But it's mission impossible таквата врска да успее. Не сум воопшто hard to handle, ама стварно се чудам зошто привлекувам вакви личности и зошто започнувам врска со нив. Првенствена карактеристика кај овие луѓе која ме задржува во врска е интелигенцијата. Но смислата за хумор ми е исто важна. Така да попрво ќе бидам со некој ала Џои Трибијани, отколку Алберт Ајнштајн. Потребна ни е на сите доза хумор, смеа, ведрина кога во светот владеат хаос, негативности, немири.. Веројатно треба да барам некој (по)сличен на мене. Некој хороскопски близнак (same like me) кој ќе може да ме "истрпи" Со риби и ракови сум bad combination. Learn that the hard way. Оr maybe i should be just single.