Можеби за оние што починале велиме дека се успокоиле баш зошто земскиот живот не може да обезбеди спокој, на страна такви мигови и денови, ама не за цел живот. Може само упорно трагаме по мир и спокој исто како што неуморно трагаме по совршенство и може и за тоа, како и за совршенството, патот е она битното, а не дестинацијата. Оти дестинацијата е таму. Недалеку од нас, но во друго енергетско поле. Каде тие мирно почиваат. Каде за нас е длабока непробојна тишина. Бев кај него. Се надевам дека ме слушна зошто многу новости му кажав. Јас знам дека си го слушав внатрешниот глас. Пола час, разбистрување глава. Мисливе прочистени и јасни. Никој наоколу.. а далеку од сама. И цвеќиња.... многу цвеќиња...
Јас знам дека државата ни е катастрофа,и дека здравството ни е ужас,деновиве ги поминав во Државна болница,правам некој испитувања бидејќи ме чека хирушки зафат.Три дена ме мафтаат,од шалтер на шалтер,од испитувања на испитувања,и на крај стигам до главниот доктор кој треба да ја одреди операцијата,ми кажува девојката на шалтер дека сите доктори од тој одел се на одмор,викам како на одмор кога мора да има доктор,вика дечко ни се јавија сабајле и ни рекоа дека сите доктори од овој одел се на одмор и нема да има доктор наредни 10 дена,значи готово ке се мрднев од нервоза,мислев дека ке убијам некој,40 луѓе чекаа на истиот шалтер,тоа беше тотален хаос,незнам веќе што да правам ни што да кажам.
Ух...вакви ситуации секогаш се чудни... Лево-десно, тресење, 47 секунди или така нешто и готово, отишле сите надежи, сништа, проблеми и дилеми. А најгадно е што човек нема никаква контрола, it just happens. Затоа не ситничарете, не се расправајте со оние кои ви значат нешто и не правете срања. Дали ќе биде потрес, дали микроскопска животиња, дали манијак зад волан... барем она што може да се направи - да се направи. А тоа е - бидете добри кон оние кои заслужуваат.
Хаха ние во наш крај вака користиме тројна негација: брат шо велиш дан не не пуштат таму... Пробај полесно е
Правилно напишана реченицата: „да(н ) не не нè пуштат таму“ Третото не е всушност нè со надреден знак, т.е. кратка заменска форма за директен предмет. Значи за тројна негација секако не станува збор. Извинете девојки, морав
Добар си, твојата интервенција барем е планирана Мајка ми некни ми падна пред очи, за малку и кола ќе ја згазнеше. На 200 метри од 8ми септември. Пратив еден дечко да донесе количка од ургентен или да дојде некој да и помогне, му рекле да се јавам на брза помош (што е на 200метри во друга насока) .. па видов не видов, благодарение на истиот дечко со кола ја однесов до ургентен... а таму и после 75 минути немаше доктор.. Па се испокарав со таа бакарната на шалтер ми рече арогантна сум била што по втор пат сум и се појавила на шалтер доктор да барам и ме праша што и е.. Јас и кажав, вака и вака и ми вика - а има нешто повредено?! Алоооооо, да знаев што има повредено на ургентен ќе ја носев и ќе чекав 75 мин додека таа плаче и се витка од болки?! Нели доктор треба да каже што има повредено? И после саат ипол, доктор немаше... па го викнав татко ми, ја кренавме, во кола и право на клиника...а таму да не ми беше врската на работа, гарант ќе чекавме уште 2 саати. А вака завршивме за 20 мин..преглед КТ, инекции.. А од 8ми септ ми ја пуштија без дијагноза..која што патем испадна дека и не е баш наивна. Ми иде тужба да им стегнам
Море кога ќе видиш и е негација донекаде,види зошто : на пример може фино лепо да се постави прашање со еј брат а ќе не пуштат таму? Ама нас од навика ни е еј брат да не не не пуштат таму. Ова секако за изговорот мислев(дијалектно де),знам дека правилно и литературно не се пишува вака. П.с знаев дека нема да ме сфатите оти е малку комплицирано,или пак неубаво објаснив Нејсе,заеби правила,секој нека си оди по дијалектот со кој е задоен Едит: @elimkd Тенкју шо ми ја разбра поентата барем ти Еј што убаво за мојава негација,дури и дискусија се разврза
Од рандом мајка дочекав да слушнам: - Ете таква среќа сум имала, две ќерки да родам. Среќа во наводници....Всушност несреќна била дека ќерки имала. Ќерките се омажиле и си заминале од дома, а таа сама останала. Демек ако беа машки за сукња ќе ја држеа цел живот. Ова само во земјава заостаната го има. Поделба на синови и ќерки. Синовите седат дома...Се женат...Невеста дома да донесат...Внучиња да роди невестата (по можност машко внуче обавезно да има)....Да ги гледа старите и цело наследство да му се даде. Ќерките се мажат во друго семејство и толку, губиш контакт со нив....Тие се во друга фамилија, а не се твои деца повеќе....Внуците од ќерка, не се и твои внуци.....Нема веќе што да се мешаат ќерките во домот на родителите. Е*ате сељаците заостанати. Коса ми се крева од вакви морони заглавени во турско ропство.
Овие од Лајонес мајонес и слични не знам како да ги наречам... Втор пат ми се случува дечко да ме викне на дејт и тоа се да биде супер од почеток, ти прави муабет нормален (мижи асан да ти баам), те вика на кафе и оп ти почнува муабет за да те убеди дек можеш и у сон да заработуваш (мамбо џамбо булшит). Па добро стварно да не знаеш дали некој те вика на кафе за да те запознае или за да ќари потенцијален муштерија.
Преку глава ми е од работата, затоа што пола и повеќе од персоналот што работи таму кај што работам и јас му се ќерки и синови на братучеди на газдата. Цело време оговарање, шпиунирање,дволичност, кодошење на шефот за нешто што не сум го кажала или направила.. Мака ми е што секогаш јас го "јадам стапот".. Давам се од себе да ме видат дека работам додека другите дојдени со врски се шетаат ко на модна писта.. Ме боли тоа што се чувствувам непосакувано во нивна близина и што немам блиска колешка да зборувам со неа онака за се. Зошто е тоа така? Јас незнам да лажам, незнам да комсисувам.. знам искрено да се смејам, да бидам искрена и да сакам.. незнам да бидам кучка што со лаги и преценување ќе стигне на повосоко ниво.. Мака ми е секој ден да плачам додека редам роба затоа што никој не ме сака на работа.. а неможам да не мислам на тоа, бидејќи е тешко да работиш на место каде што не те цени и почитува никој.. (газдата е многу добар човек и поради него седам во фирмата,затоа што тој ме разбира, за некои ситуации знае и е на моја страна, ама неможам да издржам веќе со колешкиве) штом најдам друга работа си одам веднаш.. здравјето си го оставив во овие 2 години.. Сите викаат гајле ти е работи и трај не се битни колешките, ама тие успејаа и шефицата да ја свртат против за таа да почне мене да ми вика... Како рака да ми го стрега срцево..
Јас после една година напуштив такво работно место.Тоа не е работна атмосфера во која можеш да бидеш продуктивна.И не вредат тие пари за сите нервози.Бегај од таму ако имаш шанса.
Веќе две години сум жена, госпоѓа Две години го носам неговото презиме, со гордост како цел живот да било мое Две години некому сум една уста помалку за ранење Нека се множат со убаво
Гледам македонскиве хотели направиле растур во поднаводници на букинг. А оно сиротко Скопје се гуши во смрдеа и нечист Вардар, тие се грижат за бродовите под наслов ПРВ ХОТЕЛ НА ВОДА чиниш Цезар ќе плови по Вардар. А Вардар уништен, вода прљава, саде прашина. Недоградени објекти околу. И зборуваме со комшиите дека сите куќи и мини згради околу нас ќе се продадат, ќе не затворат и не ќе можеме ни да дишиме. Се сеќавам кога бев мала и доаѓав на гости тука се гледаше планината и имаше една дупка, па дедо ми ме залажуваше дека таму живее волкот. Па сега ни таа дупка не се гледа. Жално, сега уствари го разбирам дедо ми кога не сакаше да се врати тука. Но и Скопје не е тоа што беше, а верувам дека никој не е толку будала да плати 100.000 од ноќ во просечни хотелчиња чиј луксуз е речиси застапен во секој дом. Па на Санторини е толку ноќевање во луксузен хотел од мермер. Но каде е Санторини, а каде Скопје - жално.
Како си срцка? Го купи мирот што го сакаше? Се гледаш во огледалото и денес, исто како што се гледа и парчето душа километри оддалечено? Сакаше да имаш се, еве имаш, но по која цена, срцка? Јас не морам со прст да се поместам, а секој прст ти остави крвави траги по тебе, кој е сега убиецот на соништа а кој е со убиени соништа? Погледни со во огледало и кажи ми - кога ќе прекиниш да помислуваш на твоето парче душа а? Никогаш. Мислеше дека ќе најдиш замена на тоа парче душа со друго, не е исто така? Поминаа скоро 4 години срцка, мислеше дека јас лажам и дека сама сум си крива. Точно, крива сум оти од мене не го отфрлив нашето парче душа. И пред 4 години помислив една желба - јас и ти никогаш да не се разделиме. Желбата се исполни, нашето парче душа никогаш нема да има други мама и тато, никогаш. Се што беше прекрасно и не толку прекрасно од нас двата се споени во него - затоа тој е совршен. Јас и ти бевме плус и минус. Сонцето и Месечината. Затоа тој е СЕ....
Добро утро,добри луѓе каде и да сте : Прилеп,Битола,Скопје,Кавадарци,Пехчево,Охрид,Струга,Ресен,Германија;САД,Швајцарија,Австралија... Дојдов да ви посакам УБАВ ДЕН исполнет само со смеа и многу љубов. Штотуку си најдов многу добра музика за увце,па да ја споделам и со вас.