Voyage confirmed. Останува уште овие месец ипол да се маткам со куча-посо, посо-куча релација по вруќиниве.
Една реченица која кажува се И на крај, нема да ве болат навредите на непријателите, туку тишината на блиските…
Сакам да го кажам последното мислење за ова лето на форумов ... I'm wrapped up in my own subjectivity and can't see myself ... Имајте убаво период од животот, ПозЗ3³ ®
Добро утро Јас се наспав. Лажам. Не сум се, туку морав да станам. И кафе испив со пола отворени очи. Душата ми спие. Едвај чекам смената да ми заврши и да одам да спијам. Денес некако немам желба за работа, не ми се прави ништо, не ми се зборува со никој. Ги мразам ваквите денови. Имајте убав ден сите...
Живците ми се кинат за сосема глупави работи едноставно полудев. Мора да направам некои промени во животов, бар да почнам да спортувам нешто, зошто во тешка депресија ќе паднам ако продолжам со ова темпо. Колку пати си ветив и пак ништо не бива...
Ми требаше долго време да сватам дека никому не му значам, дека нема место за мене под ничие срце.. Дека кога ќе имам потреба за нешто нема кој да ми подаде рака.. Секој момент и убав и лош, момент на тага и среќа сама го голтав.. Секогаш викав покрај живи родители јас сама се борам за себе, татко ми кога почина никој не ме гушна за утеха, не се изгубив во ничија прегратка.. Сама се радував на успесите, и секогаш се ставав на последно место.. Во мене живее едно дете кое што ја заслужува целата среќа.. и жал ми е што овие 24 години гордо му го вртев грбот.. Но веќе велам доста е.. вртам нов лист, од денес сум си битна само јас и никој друг, ни брат, ни другар, никој...
Знаеш покрај милијарда други показатели дека некој ти го носи најшљам срањца во животот кога по не знам кој пат ќе се појави пал и работа која ти била готова се дешава вересија и еден куп други неубави нешта.
Здраво дечки! Сега отворам фемина форум после неколку недели и видов дека на 11 Јули сум направила 2 години на форумов! Во тие две години се сменија многу работи, некои ги споделив тука, со вас, некои ги зачував за себе, бидејќи бев уморна да зборувам за нив. Но како и да е, баш ми е мило што може човек да се искаже, да смени мислење, да се надоградува и да добие по некој совет тука. Убаво ми е кога ве читам, и ќе продолжам да ве читам! А денес ќе споделам нешто со вас. Од вчера почнав на работа, мојата прва работа! Една недела пробно, па држете среќа Се чувствувам убаво, среќно, весело, речиси исполнето и чувствувам ДОМА. Нема подобро место од дома и тоа секогаш ќе биде така Останете ми со добро расположение и имајте убав ден
Никако да ме пушти другарка ми да си одам. Откако претходната ноќ си ја поминавме одлично, од кафе до пижама парти и карти се наспав одлично. И време е да си одам дома. Ја обожавам П.С. Обожавам луѓе што знаат да ценат се и што се тука и во најтешкото без да ти префрлаат потоа.
Некогаш навистина верувам дека ѕвездите умираат попусто. Како оваа земја да не може да ја издржи тежината на својата цел. Целиот напредок ни е зашиткан некаде, и место да го ископаме, исчистиме и надоградуваме, ние само го потиснуваме повеќе. Доволно и отповеќе слобода ни е подарена за да одлучиш да си го ограничиш умот во едно мало и темно подрумче. Свесно да одбиваш да се надоградуваш себеси, и свесно да не сакаш да размислуваш подлабоко е срамно. Свесно да си дозволиш некој трет да ти ги диктира чувствата, мислите и убедувањето е тажно. Свесно, да дозволиш друг да те стави во пранги и да те ограничи, без притоа свесно да размислиш за тоа, е многу, многу тажно. Наредно очекувам Трамп да каже дека се е во нашата глава и да ја укине теоријата за гравитацијата, па луѓето масовно да почнат да рипаат од по згради во надеж дека ќе полетаат. Оној мада фака од Норт Кореја очекувам да укине нешто во сферата на кинетиката, или да додаде нешто таму, во смисла дека сите ние уствари сме роботи, и такви ми ти бла бла бла муабети, може затоа неговите таму ги третира ко механизми на нафта а и рака на срце, од Путин исто не очекувам ништо подобро, само не би да кажам што очекувам од него, трајно ќе ме банираат. Сакам да кажам дека фантастик фор во оваа структура, на овој свет не му се потребни. А пошо од негде треба да се почне, да почнеме од овие 4ца, со тоа што ќе им ги шитнеме на ванземаљците за ич пари, ние ќе се решиме од нив, па тие нека му ја мислат. Ете, може да им ги даеме курбан за хјуман рисрчес на пример, што да не? Сигурна сум дека НАСА имаат контакти, а ние би добиле фри уакајшнс он ди адр планет. Сичко си има процедура.
Интересен феномен кај нас во Мк е луѓето да се чудат зашто една девојка од дваесетина години живее сама, а не со маж или родители. Јас сум таков случај. Вработена сум. Не живеам со моите. Не живеам со маж. Уште од поодамна. Имав/имам услови и се иселив. Со моите сум во добар однос. Се слушаме, се гледаме, се е ок. Но кога наши роднини, блиски или не толку блиски пријатели ќе слушнат за мојата living situation, ме гледаат како да сум падната од марс. Таквите реакции ми се мистерија, следуваат уште и низа непотребни прашања: Па како така сама живееш, не ти е страв? Подобро со твоите живеј си. Или најди си дечко, маж. What the fuck is wrong with you people?? Додека надвор од Мк е сосема нормално луѓе над 18 години да живеат осамостоено, независно, кај нас те третираат како фрик поради тоа. Некои од овие луѓе се дрзнуваат да им "солат" памет на моите како, зошто ми дозволиле да живеам сама. Жалосно е што многумина го поседуваат овој заостанат менталитет. И жалосно е што вакви размислувања слушам и од мои врсници, горе - доле помлади или постари од мене. Sometimes people won't stop to amaze me with their stupidity.
Да повториме неколку основни работи: 1. Во туѓа куќа не се влегува како да си дома, затоа што не си, туку се ѕвони на ѕвонче и чекаш некој да отвори врата. И пожелно е да известиш дека доаѓаш. Затоа што живеат луѓе со инсомнија кои во 11:30 сабајле се шетаат во пижами-шорц и се уште не се спремни за посети, па кога ќе се сретнат со познаничка на баба си кога се сами дома во ходник е малце како да кажам... глупо. А доколку претходно ја исконтактирале, би знаеле дека е излезена и дека нејзината куќа не е ваша. Ова не е првпат. 2. Вашите деца, се деца. Исто како и сите други. Не се центар на универзум. 3. Кога некој не е расположен за конверзација, не постои нешто што би можеле да направите за другиот да почне да зборува, соу џаст гив ит ап, симпл ес дет. 4. Форумов е анонимен, анонимен. Ако очекувате дека секој овде би сакал да се зближи со вас затоа што вие сте во потрага по "пријатели", размислете уште еднаш и проверете што значи зборот "анонимност". И да, не би било лошо во меѓувреме да ги прочитате Правилата на македонскиот стандарден литетратурен јазик. А и "с" не е "ш" на моменти (никогаш не е), исто како што и "гј" не е "ѓ". Нема на што, мило ми беше. И чудо, иако денот ми започна со мрчење и тешки теми, насмевката-од-шестка-до-шестка не можам да ја тргнам од лицето. Тимбрлејк ми е само причина плус во позадина. Биполарност, тоа е.
Ме боли душата..каква душа...срцето ме боли кога ќе видам/слушнам како денес фудбалерите повеќе играат за пари отколку од чиста љубов кон фудбалот...Секоја чест на исклучоците...ама ова е навистина катастрофално ужасно страшно и ме вади од такт...да беше се во парите,ама мозок кога се нема тоа ти е.
Некогаш кога ќе се освестиме дека сме се давале повеќе од потребно на погрешна адреса ова треба да ни го шепне некој, како шамар, како патоказ дека е доста.....
Два дена по ред ми врти како мрдната, а си реков минатиот пат -веќе не и кревам. И не ни и кренав. И пак вртеше.аман за аман! Ајде се јавив. Што правиш? Те нема! Ако јас не ти се јавам ти ич нема да ти текне! Што напрајвте се преселивте? А на работа како напредуваш? (во глава ми идеше само една мисла. кој ме тераше да кренам и зошто воопшто девојкава мисли дека треба репорт за мојот живот да добива секоја недела!?) уште еднаш ако кренам или сум ненормална или не знам шо...