Џабе сите портали отекуваат со „масовното“ труње во 7ца. За некој ден ќе се отвори и пак ќе има гужва таму. Ја веќе знам што ќе си нарачам
Без разлика, бавен или брз пешак не е оправдание за непотребно вреѓање ама толку е "добар шофер" па не знае што и ќе вика. Искусните шофери не го прават тоа. Ај да се испотепаме сите сега, може ќе реши тоа нешто.Ццц, за едно поминување улица ќе те направат курва, што ли кажува тоа за нив?
Едната половина од мене сеуште спие. А другата половина не е сигурна дали е будна... Имајте убав ден! Цел ден во смеа нека ви мине.
Кога после 8 години ќе ти се отворат очите поради навидум случаен настан, светот наеднаш непрепознатлив станува. Сета вистина во која си верувала, иако во голема мерка на соништа изградена, те плеснува со големината на својата измама. Ми се чини дека заедно со тебе ќе паднам, иако секогаш ти подавав рака. Но, во овој момент, изгледа дека ќе мораш сама. Само да не посегнеш повторно по математичките предвидувања кои толку точности ти покажаа, за да на крај те измамат на овака суров начин. Ќе мораш од почеток. Едноставно. Ќе мораш да ја проголташ својата супериорност и математички ум. Ќе научиш дека само обичната насмевка и топлиот збор на оној што го сакаш среќа создаваат. Не ти е потребно надмудрување и преголема памет која постојано те предизвикува. Тој отспротива треба мир да ти подаде само. Едноставно е. Можеш просто и едноставно да сакаш и сакана да бидеш. Впрочем и самата се увери во тоа на неочекуван начин. Се молам да не се навраќаш и не истражуваш дека лесно предвидлив бил.
Веќе неколку месеци забележувам дека еден симпатичен дечко кој кога и да ме види, ми се насмевнува. Ова се случува скоро секој ден. Работи во близина на моето место на живеење. Некои луѓе ваквите ситуации ги сметаат за глупави/ детски. А јас се чувствувам како во сцена од 50тите & it's kinda romantic
За жал голем дел од луѓето ја сфаќаат вашата вредност тогаш кога веќе ќе бидете далеку од нив и ќе ви станат небитни.
Кога бев "сингл", се прашував кај се мажовиве? Гледаат ли, спијат? Изгледа прстен на рака во очи ги боде па тогаш те приметуваат. Кажуваш пак да му потврдиш сомнеж, нема везе дека си мажена. Има една финта... Лажеш дека имаш бебе во стомак и бега како од дух!
Не ме разочара воопшто. Знаеш дека си крива и ти гореше под нозе, затоа и се правдаше. Никогаш нема да ти вратам, не сум таква во душа. Само нема да присуствуваш на мојот најсреќен ден. Јас до тогаш ќе се помирам со тоа што му го направи на поимот "другарство" меѓу нас. Имај среќен живот, мед и млеко да ти тече од срце ти посакувам! Но, ти изгуби и тоа многу
Многу пати сакав да се исфрбам плава , да станам плавуша , да променам нешто ... И татко ми ми рече : Зошто сакаш да се фарбаш плава , кога црните девојки се најубави ? Останав без збор Се водушевив
Досадно ми е. И тоа многуууу досадно.... и тешко... и лошо.... и ме боли глава.... и имам работа, а не ми се работи.....чудни чувства измешани
Размислувам како во животот најбитно е што повеќе човек да биде смирен.Сите болести доаѓаат од нервозите и стресовите.Ако некои работи неможеме да ги смениме најдобро е мирно да се прифатат зашто со или без нервоза пак би се случиле.Секогаш да се бара начин да се решаваат проблеми на смирено,без паники и нервози.Колку што може повеќе...Иначе,и мене еве на пр.кога ќе ми текне на долговите што ги имам паника ми доаѓа..ама се смирувам у момент и ја тргам мислата.Викам се постепено ќе се решава,крај со крај ќе се крпи.Едно по едно ќе решаваме.Па тоа се решава ама човек не се враќа.За жал некои од нас тоа касно го сфаќаат...Сите имаме долгови и свои маки и проблеми,што би се рекло секоја планина своја тежина,али многу е битна мислата бидејќи све започнува од неа.Викаат каква ти е мислата таков ти е животот..Затоа позитивно и смирено само
Е да ми ти кажам нешто јас, како сигурен пешак. поминувам исто на пешачки, во населено место, во еднава лента нема коли, во другава е овај за кој ќе стае збор ама е далеку. Го гледам ситно онака, ептен далеку беше. И тргнав да преминам и следно што видов беше асфалт и јас на него спружена. Не ме видел типот. Тоа го кажува сегде и по полиции и по народ. Не ме видел. Во 7 поручќек сред лето, олкава крава од метро 65 не ја видел. И покрај сите последици најголемата знаеш која ми е? Тоа што сега имам чувство дека секоја кола ќе ме чукне, дека пак ќе летам, дека нема да застане навреме. Еднаш бев сигурна, сега цел живот ќе сум несигурна.
СДК Едно е кога ти си го критикуваш детето а сосем друго кога пријателката си зема за право. СДК: Неубо ми падна ептем
Она кога со сета сила се трудиш барем малку да и' го разубавиш животот на мајка си, ама не ти успева баш...
Моментот кога ќе ја видиш бившата на дечко ти за прв пат како работи во маркет Не дека сум љубоморна или нешто слично ама некогаш не можам да ги разберам жeните иако и јас сум женско. Му раскинала, после тоа имала уште два-три дечковци и сеа после 3 години пак го бара за секс и врска, а знае дека има девојка. Не ја сака некако оваа запнала, срцка, аj опни ми го, 100 пати тоа. Некогаш ме фате жал, па се мислам дали да и го вратам ебате
Сите што ги знам ме советуваат да престанам да се водам по емоциите, да не го слушам срцето, туку разумот. А треба ли? Барем знам дека го правам тоа што го сакам. А за тоа не следува каење.
Постојат три вида на пријатели во животот: -пријатели по потреба ! -пријатели за сезона ! -пријатели за цел живот !!!
И ништо повеќе не исполнува од благо после полноќ, темнина и тивка музика. И само една надеж дека нема да ја дочекаш повторно зората.