Spoiler Не ми е јасно зошто се налути, кога цело лето верглав ајде да одиме еден ден, ајде да прошетаме, да се избањаме, да се сунчаме, да се забавуваме, ,ајде ваму ајде таму, а твојот одговор беше молк што значи го игнорираш маубетов, молчиш и не си заинтересирана. За потоа откако ќе си најдам екипа да ми верглаш не сум викнала? Зошто мислиш дека некој треба да те моли? Зошто се дрзнуваш тоа да го пишеш кога колку пати ме имаш извисено во 5 до 12 само затоа што си нашла подобро друштво, а ја ни збор не сум пререкла оти баш ме заболе и ми е гајле, нема да трошам енергија на кавги. Твоето мрчење зачувај си го за себе, не ми ги упопастувај деновите и мирот. Заклучокот од претходно изложено е следново: Не можеш на секој да угодиш, затоа угодувај си само на себе. Кој како се однесувал кон тебе така ти со него.Чиста сметка долга љубов. На никој не му должите објаснување за свои одлуки, постапки.
Кога ќе рече некој дека парите немале врска со расположението и среќата, ми иде да се фрлам од некаде. Па дури и песна измислиле...Среќата со пари не се купува...Тешење за сиромашни. Две познанички на иста возраст, околу 45/6 години....Двете со средно образование.... Едната има сопствена златара и менувачница. Не знаат ни сами колку станови имаат, колку коли, колку куќи и викендички. Децата дипломирано и магистрирано во Лондон и Виена. Луѓе им работат за нив, а тие се газди...Дома од пиле млеко имаат. Пред некое време беше кај нас...Женава изгледа ко 20 години да има...Свети, блеска од среќа...Косата средена, нашминкана, лицето младо и негувано, најнова мода алишта и марка телефон... Проблемот и бил што не знаела дали по втор пат да оделе на Малдиви, или да уплателе за Ибица со сопругот. Другата познаничка работи две работи...чистачка по домови и плус во маркет. Сопругот работи приватно ако го викнат, некогаш не го викаат со недели никаде. Едното дете работи по кладилници (немаа пари да го пуштат на факултет), а другото почна на факултет ама сега го стави на пауза заради пари. Ја видов пред некое време....Се исплашив....Слаба, пропадната, очите впиени, косата скоро бела, лицето мало и овенато. Се секира за децата зошто нема пари да им даде, се секира што некогаш немаат леб да јадат, се секира зошто нема работа....Изгледаше ко 60 години да има.... И после ќе се најде некој и ќе ми кажува парите не биле битни. Нормално дека треба сам да си ги контролираш среќата и мислите, ама кога немаш пари џабе ќе се смееш со сила, кога душата ти плаче.
Најголемата помош што можеш некому да му ја дадеш е да не му нудиш помош. Вистина. Кога се работи за животот, така е. Не зборуваме за услуги и практичарски работи кои можат да го олеснат другиот терет кој некој го носи, а тебе не те чини ништо, ами внимание, збор, насока, поддршка, енергија и се што не може да се допре, а понекогаш и може да се допре, а е апсорбирано се погоре спомнато.... Деновиве лезетот не отсуствува. Ќе куртулиме од лошо, ама од арно сполај му, изгледа не. Помеѓу две сакања на луѓе кои ете не морам да ги сакам, нешто кај срцето ме погодува. Не е до нив, до мене е. Очекувања, отвореност ама и отворено безобразие. А отворено безобразие почнувам да го мерам во позајмени цигари, кажани зборови, неумесни досетки.. Има луѓе кои отворено бараат се и не се одбивани ради нивната невоспитаност, а твоето незгодно. Денови со мир и лекции за примањето и давањето.
Во контекст на муабетот на @JollyGirl , сите оние кои велат дека среќата не е во парите, нека се обидат тоа да им го објаснат на родителите кои пишуваат писма и апелираат до сите хумани луѓе да донираат пари за операција во странство. Тие 30.000 евра ќе купат нечија среќа.
Она кога си седнуваш на кафе, си муабетиш со другарка, а некоја трета позади упорно снима, да не пропушти детал некој. Се вртиш да ја поканиш на маса, нема смисла да се мачи...
Крајно големо непочитување е кога на некој ќе му пишеш нешто и тој истиот нема ништо да ти одговори. Макар и да е негативен одговор, секој треба некаков одговор да добие. Во ред, ќе се обидам после два дена уште еднаш и тек тогаш ако не добијам одговор, тогаш не вреди да си го трошам времето со тебе.
СДК зaпишувaњетo вo грaдинкa се стoрилo еднaквo сo врaбoтувaње вo држaвнa aдминистрaцијa... Сите мoжни рoднински и пријaтелски врски ги пoтегнaв зa синкo....дoсегa нoгaми вo Рек ќе гo зaпoслев... Дo oктoмври немa шaнсa a пoтoa ќе видиме... Не сум зoрт имa кoј дa гo чувa...се прaшувaм aкo немaше кoе би билo решениетo? Дa нaпуштaм рaбoтa кoјa едвaј се нaoѓa? Кaј живееме ние,бре?
Ring of fire solar eclipse... Би сакала да бев таму, да го доживеев ова. Се сеќавам на затемнувањето на сонцето што беше пред повеќе од 15 години, се продаваа едни наочари за да може да се види, инаку, мама ми велеше ќе сум ослепела Шо убаво е во моментот во Гевгелија да знаете, ветер дува и конечно може да се заспие. Само... јас сум со кафето, незнам зошто...
Ако денес немав закажано на фризер, немаше да излезам од дома и пак некои работи ќе ги одложев "за утре". И за прв пат после година и пол одев пешки секаде каде што требаше да поминам без ниту еднаш да помислам да се јавам за да ме однесат, километри се во прашање. А верувам дека два пати повеќе не сум уживала вака во градот. Беше облачно и уште рано од сабајле морав да излезам, па немаше луѓе и беше баш свежо. Забележав со колку поинакви очи сум го гледала градов и сѐ околу мене. Цел свет сум обила во сиво. Во право бил кога ми рече дека повеќе ништо не ме задоволува и сум го очекувала најлошото. Сама си ставав решетки околу себе. Се потсетив на работите кои ги сакав и на фактот каква енергетска бомба сум била, Уживав кога во ретките моменти кога носам спуштена коса, ветрот ми ја дуваше во очи и уста исто како што уживав и тогаш, воопшто не. И случајниот одраз кој ќе го фатев во некој излог кој даваше претстава како да ме удрила атомска бомба во моменти кога немам време ниту да се погледнам, ниту да се досредам после 11 часа во трчање. Секогаш нешто ми фалеше во изгледот, тогаш и сега. И брзањето, потребен ми е позантиот тајм прешр за да функционирам како што треба. И сите ситници што сугерират на мене. Повторно сакам, со една разлика- знам што правам. За на крајот баба ти кога ќе те види да ти каже дека си одбрала бапски бои и личиш на стара баба. Не дека ми е битно мислењето, работата е во тоа што таа носи бела коса веќе 20 години. И не сфати дека делумно оваа фризура е таква каква што е, симбиоза од она што го сакам и она што е практично, за да ги снема белите влакна кои од ден на ден магично се повеќе ги има, а генетички ми се "дадени" токму од нејзе.
Најмногу боли кога оној што го сметаш за многу близок ќе ти го забоди ножот в грб.Болат зборовите,боли лицемерието,болат лагите. Ти била најдобра другарка, всушност повеќе од сестра,сте делеле и арно и лошо.Во прв момент на твоја слабост, "сестрата" заборава што се си направил за нејзе и се претвора во чудовиште.Се прашувам: Дали воопшто ја познавав личноста со која се дружев? Бог да ме чува од такви лицемери и слаткоречиви во иднина. И пожелувам се најдобро,и нека го сквернави нашето заедничко време-само си ја комплетира сликата за себе.Среќа што имам семејство кое стои зад мене и прави се за мојата среќа,па полесно зацелува раната. *** Поминав прекрасна вечер во друштво на позитивни луѓе.Се чувствувам исполнето и мирно.Чувството на опуштеност ми ја стопли душата. Добра ноќ
Вие во тоа нотесот со желби што сте запишале за ладно време, ај фино лепо во Исланд да си одите, ќе ве молам. Два месеци да не се можело да се издржи на жешко. Па само тие ни се Биометео=кравче сака зелени ливади, а не мрачно небо. Малку така ме фаќа носталгија за лето уште незаминато, особено кога утрово мислам со мразулци некој како да ме маваше по лице. Енивеј... Што имаме ние, освен самите себе? Се трудам постојано да се ослободам од предрасудите, неверојатно е тоа колку добро ми одеше. Но... си дозволив пред некој ден да се опуштам и изустам некои генерализации. Сфаќам, проклето лесно е. Ете, и вас ќе ве разберам. Мене всушност воопшто не ми се зборува за банални работи. За тоа дали на некој газот му ѕирка од шорцот, дали слуша турбо фолк, дали излегува во кафани или дискотеки... Во ред е. Леб треба уште многу да се јаде. Мене ми се зборува повеќе за тоа колку ми го почитуваш личниот простор, домот, мене, моето време. А овие првите често ми крадат од истото за да разговараме за такви баналности. Ама мене навистина не ме интересира дали снаата им кажува на комшиите добро утро или си гледа во земја. Ти дојде ненајавен во мојот дом, без интерес за мојата ситуација и ме замараш со глупости. Знаете ли дека простиот народ преовладува моментално на земјава? Премногу луѓе сме. Прашање на време е кога ќе почнеме да се јадеме едни со други. Пукање со пиштоли, гласна музика во ниедно време, огномети, ѓубре... од тие истите што велат дека оние другите се вакви. Никакви сте! Не ве сакам. Позитивна мисла? Трчајте. Нема подобра болка од онаа после физички умор.
Никогаш немој да се срамиш да се однесуваш така како што другите се однесуваат кон тебе. Нема тука лутење, тоа се вика самопочитување.
Човек кога нема здравје,нема ништо.Дефинитивно од што сме толку замаени во овој 21 век,ама ич не обрнуваме внимание на здравјето.
Не сме ни свесни колку пополека го обесчовечува и дисфункционализира системот она познато советување и туркање на младите да учат и целат кон факултети и професии само заради дефицитарноста, парите и/или угледот што го нудат, членови на семејството во таа фела и слични фактори. Еден куп намуртени и дрски доктори кои наместо да им е целта самите да помогнат колку што можат - едвај чекаат да ги откачат луѓето и да ги препратат на друг дел од тој лавиринт; нетрпеливи и арогантни наставници/професори кои не внимаваат воопшто на тоа дека со нивниот начин на пренесување знаење ја намалуваат самодовербата на деца во развој, а уште помалку пак им е гајле за булинг меѓу децата за кои се одговорни... Кога избирате да учите и работите (чувствителна и хумана) професија со луѓе, којашто не ја сакате самите и ги немате потребните предиспозиции и емоции за истата - не само што самите се осудувате да бидете неисполнети, туку и на многу други луѓе можете понатаму да им наштетите.