Кога спомените од минатото ќе чукнат на врата, не останува ништо освен да им ја отвориме.. Колку и да боли..
Мечтаам да живеам далеку од тука, во град кадешто има добра музика, редовно се прават журки со музика од 80те, нема модни трендови и хипстери, нема политика. Една временска машина добредојдена е
Луѓенца мои златни,само да ве поздравам и да ви кажам дека сум подобро. Благодарна сум ви на сите кои ми пишавте убави зборови во ЛП,многу ми значи поддршката искрено. Ок,малку излажав кога реков сум подобро..не сум многу,ама реков овој пат нема откажување,направив 100 анализи и повеќето се ок,освен што излезе дека сум анемична,железото ми е пре прениско,калциумот исто,ете затоа сум се онесвестувала често и не ме држеле ни раце ни нозе Ќе бидам уште некој ден на болница,ќе примам инфузии и железо. Офф,само да ме видите колку ми се сини двете раце кај вените,ама ако,за ум ми е Ми се јавуваат роднините и другарките,а исто и на посета кога доаѓаат и ми велат се ти е на психичка база,ќе ги задавам Каква психичка бре Уште поболно ми е кога зад грб на моите им зборуваат да не сум имала епилепсија Ете,се изнервирав пак,а реков дека нема Знаете само што ме радува? Во овие неколку денови,и покрај тоа што сум слаба јас им помагам на бабичките што се со мене,им давам вода,ги носам до вц и слсе чувствувам корисно и хумано Исто ме смее и тоа што како да сум некој феномен,сите ме прашуваат како ти толку млада меѓу стари болни си,што ти е,како ти е Ве сакам сите,се читаме во подобри денови П.с сите спијат,само јас роварам низ болница
Во 5-6то одд ми предаваше една наставничка по биологија, што на сите ученици ни имаше оставено впечаток дека навистина премногу си го сака сопругот. (по тоа беше позната) Секогаш за пример го земаше него...При секоја прилика го спомнуваше колку е добар доктор, сопруг и татко...Често се навраќаше во минатото споделувајќи со нас спомени од нив двајца. Пола час предавање, пола час пофлби за сопругот. Премногу го мешаше приватниот со професионалниот живот. Беше една од повозрасните наставници....На повеќето ученици ни беа слатки сите тие приказни и ја викавме заљубената, а некои ученици и се смееја. И ден денес мислам дека не постои нејзин бивш учник што не ја памти како заљубена. Прееска пред мене случајно забележав постар пар. Како се приближуваа сфатив дека жената е истата таа наставничка. Таа како права дама, тој како прав господин...Под рака фатени и полека си шеткаа по улица. Покрај нив воздухот зрачеше од љубов и блискост. Иако не ми се блиски луѓето, сепак осетив топлина и пријатно чувство кога ги видов. И после толку време таа е заљубена и среќна. Во ова лажно време каде што скоро и да нема вистинска љубов и пријатели, кога ќе видам постар пар заљубени и среќни како првиот ден, ми иде да скокнам од среќа покрај нив и силно да ги гушнам.
Исто! Само би додала и 70ти и 90ти. Без модерна технологија, само седење во парк или во двор кај некој, со гитара и пиво. Шетање низ Европа во комбе, одење по рок концерти.
Можеби сум во хаос во последно, и ништо не ми оди од рака, ама тоа ми е мотивација да одам понатаму и да се борам.. Фала му на бога што сите околу мене се здрави и живи, се што треба ќе си дојде.. И едно што секогаш го посакувам.. Да имав можност да живеам во понапредна држава, оќеј, не дека ни е толку лошо.. Само да можеше човек да има малце интимност, приватност.. Да си живее живот каков што сака без другите очи да му копаат.. Тоа ми фали, малце мир од сите што се замараат со мене.. Не велам за тоа што оговараат, секогаш има такви... Само нека не се мешаат во туѓите животи ради својата беда и очај..
Ем реков више не пијам вино се откажувам, и пак дрмнав една чашка Ама ако, баш убаво ми дојде на душичкава...
Секогаш ова време кога почнува да мириса на есен...ме тера да размислувам. Која е целта на животот. Зошто има толку злоба во луѓето? Зошто има толку превари? Хмм изгубив многу луѓе што ги сакав....можеби таму некаде на небото им е и подобро од тука, каде што секој гледа да е над некој, каде што секој гледа на крај сепак да те повреди. Некогаш бев тажна, сега сум само разочарана. Од друга страна сум среќна како самохрана мајка, среќна што на едно дете сум и мајка и татко. Среќна што имам една другарка која што е стално тука за мене, а останатите се пријатели со резерва. Среќна што моето семејство е мојата најголема подршка во животот. Се друго е и помалце битно ама и болно. Сакам да живеам во свет на чиста љубов. На сите во минатото што ми згрешиле сум им простила искрено и од срце.....секој греши.
После убава и забавна ноќ со мојата златна другарка можам комотно да си легнам во својот кревет. Благодарам на сите што ги споделивте мислењата околу работата, мило ми е што слушнав различно мислења но ситуација во нашата мала држава ни става до знаење дека не сме во ситуација да избираме работни места и кога ни се нудат прилики да се прифатат. Заборавив да пишам дека се мислам меѓу рецепционерската професија и дикталографската професија. Сепак утре е клучниот ден за одлуки.
Не можам, а да не се согласам со ова. Да се надоврзам, денес бев сведок на еден настан каде млада девојка од 17 години, што се вика уште дете, дозволува дечко и да и го контролира животот. Сакаше кармин да си купи девојчево и тоа со нејзини пари, не е барала од него и овој кога и свика, навреди, пцуења... Не можам ни да замислам како ќе и е подоцна штом уште сега му дозволува така да ја навредува. Ама битно било да има дечко, а не каков е. И жално е што еден голем процент од девојките денес размислуваат така. Подобро е сами, отколку со некој што не ве почитува и се однесува со вас како со ѓубре.
Вчера со другарка ми поминував покрај една книжара каде многу ми се допаднаа неколку покласични книги кои сакав да ги купам. Влеговме во книжарата и другарка ми збунето ме погледна со купот книги во рацете и ми рече : " Па веќе имаш цела библиотека од книги дома. Буквално! " - Мојот одговор :
Последниве месеци кога ќе се погледнам во огледало ја гледам само среќата во моите очо,понекогаш загриженоста дали се ќе биде во ред,ама никако моите недостатоци.
Ги замолувам сите пешаци и поискусни возачи да не истрчуваат и да попречуваат намерно кога ќе видат возило на авто школа. Па тој кандидат внатре тек се учи, не му создавајте ситуации кај што само страв ќе му влезе и ќе напраи некоја белја што не е по негова вина. Прееска возам на паркинг, ете ти некој човек со дете и тоа во раце, трча побрзо, ќе му избега тротоарот од другата страна, и на пола метар од мене, упорно пред колата иде. А прво далеку беше, ќе поминев да одеше нормално. Мислев ќе го удрам После возам по улица право, од лево глеам полициско комбе, без сирени и светла. И како што си возам, комбево од нигде никаде убрза и се испречи пред мене. Среќа го избегнав. Така да, не очекувајте тој во тоа возило дрифтови да прави и да вози според тоа како ви текнало вас да се престроите или да му излегувате одеднаш пред него. Имајте малце почит.
СДК...Положив за кола Многу сум среќна, после 3 неуспешни полагања, конечно да положам. Толку трема мислам во животот сум немала како пред полагање Да ве почастам
Опкружете се со луѓе покрај кои ќе се развивате, кои ќе го извлечат најдоброто од вас и ќе ве направат подобра и посилна личност. They matter.
Секој што ќе го сретнеш бие битки за кои не знаеш ништо. Затоа биди љубезен... со секого... секогаш...