Е ова е свекор. Дојди земи да јадеш ми вика. Уште и ми нагласи "пази" ако идеш у швалерај лук и кромид има. Ма топ е човекот
Сита сум од денешново таканаречено новинарство. Значи немам асален пост прочитано,туку само: "Погледнете како ужива Елена на Миконос","Што прави ќерката на Тамара","Погледнете како Сања му честиташе роденден на Слаткар","Каков е вереничкиот прстен на Каролина" и слични глупости.
Исто Плус и некогаш не знам споено го имам напишано , се така до пред неколку месеци кога @LollySky ме начека во една тесна мрачна тема и ме искара , ме изнатепа со зборови зашто така сум правел и пишувал. Моето его беше скршено , мојата чест изгубена, моето здравје нарушено.... Ми требаше неколку недели да се вратам во нормала После тој ден секогаш кога пишувам нешто и ќе дојдам до зборовите не знам и кој/кои застанувам , па проверувам два пати дали све е точно, па продолжувам со пишување. Големи трауми ми остави..... Ама ете сега сум научен , а викаат не можело ништо да се научи од форуми пффф..... Денеска се чуствувам Spoiler П-Р-Е-К-Р-А-С-Н-О И Ш-А-Р-М-А-Н-Т-Н-О
Ми се спие многуу сакам да се оптегнам да ја гушнам перницата и да заспијам како бебе,али работава ми вика ќе си работиш денес до 15 часот. Одамна ми се јадеше симит и денес ми се исполни желбата ах како го јадев како прв пат да гледам јадење
,, -...тука е мирно, нема шиптари..“ -тетко јас сум шиптар. -ако сине, има и добри и лоши, јас на бајрам колку одам кај Агим од Студеничани...,, Не е виц, вистина е.
Сте приметиле како богатите луѓе оние со примања 40 000 до 60 000 и над се преголеми циции.Има разлика од економичност и штедење ама ова е претеризам.Искачаат во ново отворено кафич и се штедат со 150 ден сакаат да поминат.Гладуваат и жеднуваат само да не дадат 20 ден за шише вода на 50 степени.25 ден за кроасан им е многу кога се гладни.Не можам да разберам стварно...Се бунам зошто мене ми барале голтка од шише само зашо се циции јас со 100 ден у џеб они со 2000 јас да им плаќам храна и вода
Не размислиле дека кога ке дојде денот за на другиот свет,таму не се носи ништо и тамо се сите исто.Ама тоа е такви се шпараџиите.
Ќе се надоврзам на ова што го кажа. Познавам брачен пар со едно детенце. Директорска плата. А циции невидени. Ќе се фати детето за мастики чунга лунга и кога ќе му свикаат. Не смее да побара ништо. Се случи еднаш бара чипс и ајде таткото нешто ептен беше расположен и ајде ќе купи. Кога слушна 25 ден за чипсот рече да знаев колку е немаше да ти го купам. Е тука веќе ми пукна филмот и културно му реков Ах бе човек, па ова дете сега ги има овие потреби, сега ако не му дадеш, кога? Што не бараш сега ти, или што не барам сега јас? Тој ми вели еее се и е дадено ете и на одмор ја водевме. И морав да се насмеам. И му велам што разбира ова дете од одмор? Можеби не требаше да му ги кажам овие нешта, ама толку ми стана жал за детето а се гледа дека имаат ама пуста скржавост... Па сиромашните повеќе даваат, можеби затоа и немаат.
Од кај знаете кој колку плата зема и за што штеди на пример, па да им го правите есапот? Ама за брцкање у туѓ џеб први сме.
Се прашувам дали господ ме слуша дека ми е потребен? Ја изгубив борбата за смисла за живот немам сили веќе да се борам,ах да можев да ја земам болеста на некое дете за да се спаси тоа ама и јас. Каде си господе ,толку сум беспомошна ,толку многу ми фали дедоми да ме чува од се да ми дава смисла за живот аххх Изгледа повторно ќе почнам да пијам апчиња за да имам насмевка на лицево и да не осеќам болка во душава ...
се иде на полошо и полошо ,среќа што одам на работа па заборавам на се неможам стварно немам сили веќе . Се тешев ќе биде подобро ќе биде ама не е се ми се руши врз глава за се што бев среќна до денес и со душа го чекав веќе не ни сакам да помислам на тоа
СДК...и јас нерадо купувам мастики и чипс на дете Не 25 денари и 2 денари да е ,се нервирам зашто сум ги дала за да му овозможам на детето да грицка маснотии , емулгатори,сол и вештачки бои Купувам тогаш кога малото ќе дигне галама,па од срам од народот,ќе ги купам смоките од 8 ден од Кам...за да не рече некој "еве ги ОООлкави плати земаат а едни смоки од 8 денари не му купуваат на детето"
Седам и се обидувам да си дојдам на себе а во позадина емисија за машка и женска долна облека. Да не речам гаќи. Е за женските видови,танги и манги знам,ама за машкиве танги богами подзинав. Види вака,во најмала рака танга на машко изгледа како онаа торба цегер .во која си натрпал овошје и зеленчук и си го оставил да виси на онаа кука во маркет.И тој така виси ли виси ..освем тоа мажите се пошумени од нас жените,тоа што кај нас е гол рид кај нив е ливада,тоа што кај нас е ливада кај нив е шума.И сега замислете го маченикот кој облече такви гаќи и излезе на ранде ву, а лијаните од шумата му се замотаат околу онаа трака,а тој упорен да се покаже и докаже во еротична амбалажа,и почне да влече и тегне...а лијаните не пуштаат,во најмала рака може да заврши на ургентен...е тој богами ни танго повеќе не би играл а не да облече танга. Мажи оставете ги тангите на жените,чисто за ваше добро ви кажувам.
Се фативте за чипсот и мастиките кои беа дадени како пример. Ефтин пример. Јас само сакав да кажам дека греота е на детето да му се кратат некои нешта поради скржавоста на родителите. Греота е сите деца да јадат, а некое од страна да гледа. Не е само чипсот и мастиките, многу други нешта се. Ако можат родителите пиво и цигари да си купуваат секој ден, па заслужило и едно дете некогаш да добие нешто, а не со зината уста да гледа во другите деца кои јадат...
СДК,америчките драми со тек на време ми станаа синоним за . Пример:..влага дома таа со дете во рака,дома СВЕТИ.Го остава детето во хранилка,тоа ќути. Оди накај маж и,се гушкаат и бакнуваат,дете уште си седи.. Паралела: Влагам дома со дете ,испотена,јас го влечкам тоа пишти -неќе дома. Влагам дома-лом.. Оставам дете,тоа пека-сакам сок,сакам сок,сакам сок.. Тргам накај Рефо и лом се правиме зошто не се симнал пред зграда да подземе дете. Златно хорор си гледав до сега..