Сдк, од кај температури и глупости, па и некое брумче ќе ти излезе на жлебина. Сдк, убаво е да го излижеш шеќерчето на дното од шоља чај. Сдк, ја гледам темата „со кој сакате да имате секс денес“ и не можам да се одлучам, денес ќе се ставам на пост и само контрола
Кога се роди, мило мое, една мисла имав во мене - кога јас ќе бидам 32 години, ти ќе имаш 3 години и пол....уште малку и ќе дојде и тоа. Времето лета, а јас само можам да се надевам дека ќе бидам најдобрата мајка на целиот свет. Те сакам, синче мое.....
Многу е смешно кога ужасно се трудиш да импресионираш некој и на крај ќе заебеш работа. Секогаш ми се случувало ова ама сега кога сум од другата страна... Еден дечко буквално сите ѕвезди и планети се труди да ми ги симне со денови и така денес чоекот си мислел дека ми е роденден, па сабајле цел реферат ми изнапишал во чет и дури “да си фатиш еден најдобар дечко како што ти доликува“. Кај шо ми е утре роденден, па дали и се смета за најдобар... Битно за да не се осети глупо морав да компензирам “иако утре ми е роденден, нема врска, па прв ми честиташ, баш ти фала“. Иако знам дека сега потонува од срам, бидејќи јас си знам кога сум пробувала да се пуштам вака на некој и коа ќе сум си се обрукала...
Косава ми е баш ваква скратена, напред подолго назад пократко. Повеќе не одам на фризер, сум била сега и никогаш повеќе. Сама ќе си ја кратам косата како умеам и знам, што ми пречи ќе си сечам. Вистинскиот хорор тек започна од како ја измив и ми се навитка цела, уште толку скакна нагоре, џабе ја скратив ако сега треба нон стоп да ја пеглам за биде средена и изгледа на нешто.
Не сме сопственост на никого,имаме целосно право сами да одлучуваме без никој да меша прсти и да паметува. Оние кои мудруваат наоколу и сакаат да влијаат врз секого на било кој начин треба да застанат и малку да се запрашат дали таквото однесување е во ред.
Сите денес гледаат да се засолнат дома од дождот, само јас излегувам надвор и му се радувам. Нема нешто што ми дава повеќе мир.
Најлошо е да работиш со луѓе. Предноста е што не се замараш физички али затоа психички те убиваат дебили. Да седнеш со дрво да се разбереш, побрзо ќе се разбереш него ли со некои пациенти. Дури и дрвото ќе ти кимне со главата, ќе се насмее и ќе ти посака да имаш убав ден.
Една е мајка, и уморна кога е доага секаде со тебе, не те остава никогаш Единствена моја те сакам највеке
Сум била сведок на разни методи за воспитување на деца, ама ова што го видов последно мислам беше едно од најбудалестите. Не го гушкаат детето и не му обратуваат внимание пошто било машко Требал да расте силен, јак и да е ги искажува многу емоциите...пошто бил машко. Не требал да се учи на гушкање и лигавење пошто бил машко. Колку повеќе не му покажуваат љубов дома, толку повеќе детенцето се гушка и се гали со кого стигне...Буквално кој да појде кај нив на гости, детето трча полно со љубов и ги гушка сите гости...Има само 3 години, зар заслужува така сурово да се однесуваат кон него за да станел прав МАЖ? Во кој век сме? Што е ова еве не знам. Дај Боже секој што си сака дете да си добие....За мене нема разлика машко или женско, има да го гњавам, да го гушкам, да го бакнувам, да го опсипам со љубов, па какво сака нека стане во иднина.
Однотификации ан фб најмногу се радувам кога ќе ми стигне колаче на среќата, секогаш си кликам да видам што пишува.Би сакал да има такви колачиња на среќа и кај нас по кафичиве, со кафе да даваат, да биде интересно. Едно време имаше и по маркети даваа т.е на фискалната сметка пишуваше мудрости. Вечерва планирам да се легнам поранопа да видиме дали тоа ќе се случи и дали сон ќе ме фати.