Луѓе, некоја чаре како да се преживее саботата и недела на работа и то во продавницата во Мол? При што се менуваат 2 автобуси. Мислам како да преживеам во ова Скопјево со еден слободен ден?!
Неделното одбројување до годишниот одмор започна уште вчера. После толку изминати години конечно да си приуштам едно европско патување. Basel, just you wait!
Оваа ноќ ми беше полна со изненадувања.Прво другарка ми ме запозна со нрјзиниот другар во кој е заљубена а дечкото на мене ми се пушташе Многу ми беше непријатно.Потоа ја сретнав мојата прва љубов и се скаменив а тој ми се насмевна и ми кажа здраво ја у земја пропаднав бидејќи му пишував љубовни писма во прво одд На крај отварам фб и гледам ми реагирал еден на слика,јас го избришав од фб пред некоја недела а и пишувавме пред некое време па ме изнервира што бара на мојот профил. ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е
И одеднаш една година постара(ваљда и попаметна). Кога тргнував во градинка, кога еве 16 години ги напраив. Си лета времево. Мислам вечно да се остануваше вака млад немаше да има проблем, но секоја доба од животот си е добра. Овој роденден нема да посакам ништо материјално, но ќе си посакам да не бидам веќе толкав баксуз и помалце шпански драми во животов. А сега повелете сите на торта кај мене, како што е редот
Za 50 minuti treba da stanam, a uste ne sum ni legnala Sekoja vecer si vetuvam deka porano ke legnuvam, ama toa nikako da se sluci...Me ceka dolg i naporen den, se nadevam ke izdrzam taka nenaspana
Девојченце убаво ти штотуку ги наполни најубавите години. Најсрекен нека ти е роденденот, само убавини да те следат во твојот живот, биди најсрекна на овој ден. Од се срце ти поскувам се најубаво
Добро утро добри човечиња. Нека денот ви биде баш онаков како што сакате да биде. Ако денот по утрото се познава, мене би требало да ми биде прекрасен. Само што стигнав на работа, случајно падна муабет за друга работа. Многу поубава, многу подобро платена. Убаво е кога некој ќе те упати каде до го бараш чарето. И од рано наутро се ставив на мисла. Ќе се растрчкам во скоро време. И дај Боже да успеам.
Сакам да кажам дека сум најголема будала. Ако се сомневавте која е најголема будала, немојте, затоа што тоа сум јас. Пак со женски проб. и пак му не сакав ама ете се отвори сторито од бившиот.
Никогаш не заборавајте дека сите ние сме родени за големи нешта. Не спуштајте поглед пред наметнатите норми на општеството. Не се повлекувајте веднаш штом замрачи. Не вртете грб на новите изгрејсонца! Денеска, ти можеш се што ќе посакаш! Нека будењето секој ден ти почнува со таа моќна мисла!
Гледам кој стигнал потрчал факултет да запише. Ги разгледав листите со примени кандидати, поточно погледнав во насоката одделенски наставник и се чудам кому утре ќе си го доверам детето да ми го учи. Примени кандидати со 35 поени. Ќе си заврши со врски, ќе си зема солидна плата пак со врски. Зошто бе си ја трескав главата од книга, зошто видот си го покварив? Што фајде видов, кога врски немам. Ееее живот... За некого мајка, за некого маќеа.
Немој да мислиш вака за себе! Порани или подоцна на секому ќе му се наредат коцките!! На секому, верувај паталец!!
Сакам да кажам ова е еден од тие денови во кои се чувствам добро уште на старт и денот тече со прекрасно флоу. Би сакал секој ден да ми е ваков и на секој околу мене. Колку само грижи некогаш си создаваме безпотребни во умот и се блокираме од целосно искуство на среќата и убавината на животот. Колку само омраза некогаш кон некои личности без да ги разбереме целосно не знаејќи ја нивната моментлна ситуација. Нека овој ден ги однесе сите тие стари рани и нека биде нов темел на градење на поубав и посреќен живот.
Срам да ми е како сум го шкртнала претходниот пост во темава, ама шта чеш се брзав да се одјавам оти ако заседнев на форум пак без сон ќе си останев. На чекор до уште една зацртана цел која треба да ја постигнам останува Божја милост и волја да биде на моја страна и секако среќа да ме послужи да се покажам во најдобро светло и мозочниве ќелии да ми бидат функционални на еден магичен начин. Јас сум од оние на кои им годи самотија. Утрово ја намаше мајка ми по дома да ме гњави со секојдневни глупи муабети па мирно си го испив првото кафеја средив цела куќа, си доручкував во мир со себе, сторив и друга корисна работа за себе, си се наполнив со позитивна енергија. Времево прекрасно сонце ѕирка ама сепак ми ја грее душава. Музика, кафе, малку тишина од бучни луѓе, самотија и нови цели се поставуваат за постигнување и се бараат начини за нивно реализирање.
СДК Денес ми е роденден Не сум толку возбудена и среќна како што бев некогаш, 23ката ми беше лоша бројка, но со убави и мили луѓе околу мене знам дека еден ден сѐ ќе биде подобро @Dream-Girl @referentka @Someonespecial @Luminary @_minnie благодарам за убавите желби, сѐ што ми посакавте да ви се врати и на вас Spoiler: Како што е ред
Пред некој ден некаде прочитав дека ако некоја девојка излегува со дечко кој е понизок од неа или имал стомак, девојката се понижувала себе, немала ич самодоверба, како не ѝ било срам да излегува со таков, итн... Значи не сакате никој да ви кажува што да правите во животот, ама затоа ќе исмевате некој што засакал некој кој наводно не му одговара физички. Или пак вие совршените избирате совршени луѓе како вас? Разбирам дека секој има критериуми за партнер/ка во поглед на физички изглед, имам и јас некои. Ама не значи дека јас ќе покажувам кон некој пар со прст и да им се потсмевам зошто истиот дечко не би го избрала јас на пример. Може не ја привлекол на прв поглед ама низ муабет сфатиле дека се еден за друг. Пак ќе речете она "изгледот привлекува на прв поглед". Ама љубов е многу повеќе од убаво лице и згодно тело.
Сдк Жал ми е.... Но истовремено и ладна ... Мислев дека најстрашното нешто е кога тој што го сакаш пред твој очи се жени за друга , а јас сум само странец... Но така било пишано , секој по својот пат , нас не ни бил патот заеднички и исти , не ни било судено ! Сега сме само странци кој ке живееме во различни континенти , никогаш нема да се видиме .... Тоа е таков е животот ... Не ни било пишано...
Некои вредности, квалитети и вештини неизбежно ги носиме со нас и ги покажуваме секаде каде што ќе оставиме впечаток... Ако си писмен – нема да ти биде тешко да пишуваш правилно и уредно и на официјален документ, и на интернет. Ако имаш културни манири и воспитување – однесувањето и обраќањето ќе ти биде пристојно и во официјални прилики во сериозни институции, и со блиски и познаници, и на улица и во коментари на социјални мрежи или анонимен форум. Ако си човек – ќе бидеш човек со секој изговорен или напишан збор...
Ако зае*ам во животот, знам дека секогаш ќе ми бидат отворени вратите во метеоролошка станица. Во пакет ќе одимеод дома. Две од три вечери око не се склопува. Секоја коска ме боли, главата ќе ми прсне. И безразлика колку кесички магнезиум ќе испијам, ништо не помага. Да не зборувам дека погадно нешто од течен колаген нема, вкус на кој не се навикнуваш колкава историја и да имаш со него. Не било вака отсекогаш.