Не знам што ви е со постовиве за септември и училиштето. Не знам зошто сите сте попалени на Ајфони. И да, летото за некого асоцира море, плажа, авантури, секс. Мене ме асоцира на she said yes и свадба е голема. Нормално ова со хаштаг. Добро утро.
Dosadno mi e,smacheno mi e od izleguvanje,sakam samo filmchinja da si gledam.I vo posledno neshto mi se vrti vo glava da si zapoznaam nekoja po forumive kolku onaka da si ubivame dosada pa zoshto da ne izvinete shto pishuvam so latinica nemam na mobilniov kirilica :/
А што мислиш, за Нова година, таа нема ли да вика yes? Само летото не е за тоа, чинам тој период понесени од празниците уште повеќе се обединуваат. Така да, stay tuned.
Денес нешто пак животот ми бега кон дисбаланс, но си ветувам дека успешно ќе го задржам под контрола и дека нема да се препуштам на нервозите од минатото и да им дозволат да ми навлегуваат и управуваат со иднината. За почеток се ќе потиснам со напорна работа, а потоа ќе се дружам со луѓето на форум.
Посветено веќе со месеци работам на еден проект. Не знам дали ќе биде доволно евалуиран, но се надевам дека макотрпната работа, трудот и вложеното време на него нема да бидат залудни, и ќе вродат со плод. Проектов ме кошташе и време и здравје, и многу би ме разочарало доколку не се оствари мојата замисла. Ама поминав многу, и знам дека доаѓа време на промени. Промени кои не ме засегаат исклучиво само мене, туку и други луѓе на кои морам и сакам да помогнам. Постов нека ми служи како потсетник за неколку месеци од сега.
Сигурно сите сте прочитале за случката со возачот од ЈСП и старата жена на која и помогнал.Споделено е и со слики на социјалните мрежи. Она што ме плаши е следново:Зошто еден човечки гест е нешто што треба да се потенцира,да се потсетува и да се аплаудира?Кога луѓето престанаа да бидат луѓе па сите да се изненадени од еден хуман човек,нешто што треба секој да го поседува,нешто што се добива од најмали нозе,домашното воспитување? До толку ли е отиден светот што луѓето во вистинска смисла на зборот скоро и да ги нема?
Некои луѓе едноставно не знаат и не можат да размислуваат со своја глава. Не можат да го превземат својот живот во свои раце. Мораат да имаат некој до нив. Целиот живот им е потребен тој некој што ќе ги води, некој што ќе им кажува како треба да постапуваат, па дури и како да го живеат секојдневието... Тој некој може да биде родител, сопруг, пријател... Ама без него се губат. Не знаат што со себе. Не знаат на каде тераат, не знаат кои им се целите во животот ако оној што ги води не им го каже или наложи тоа. Ја имаа изгубено својата индивидуалност. Прво родителите им се водилка, па потоа сопругот/сопругата. Изгубени во свемирот. Да ви кажам искрено од вакви бегам, на дистанца, ептен ако морам да контактирам службено или роднински сме поврзани, чисто два реда муабет и гледање со резерва. Јас ваквите не можам да ги проценам што личности се, што да очекувам од нив, што навистина мисли, што навистина планира, кои му се вистинските лично негови/нејзини желби, кои му се размислувањата на одредени секојдневни теми, каков карактер е навистина, кои му се пријатели???За тие личности знаеш дека го прават само она што друг им го налага и што на друг е желба. Ваквите се најопасни и нај за жалење. Имам неколку вакви околу мене што целосно се имаат претопено во личноста која ги води, што се имаат заборавено себе. Звучат и размислуваат како таа личност, не можат на ништо да одговорат без да ја погледнат. Многу чести се ваквите личности, насекаде се околу нас, лесно ќе ги препознаете. Е кога на ваквите ќе им ги одврзеш ланците и ќе им дадеш целосна слобода, гледај го циркузот и нивното вистинско лице.
Овие карактеристики се типични за луѓе кои се "перфекционисти" да не згрешат за нешто,па кога ќе се најдат во нешто,мора да се посоветуваат со цел свет,па што ќе се случи,па како,зошто и сл.се плашат да не направат некаква грешка.Барем јас така ги разбирам.
карактеристики се типични за луѓе кои се "перфекционисти" да не згрешат за нешто,па кога ќе се најдат во нешто,мора да се посоветуваат со цел свет,па што ќе се случи,па како,зошто и сл.се плашат да не направат некаква грешка.Барем јас така ги разбирам. [/QUOTE] Грешка си,овие тип на луѓе се со ниска самодоверба па чекаат други да им каже што е најдобро за нив.