Слика од фрижидер полн овошје и зеленчук. Демек на диета. Јас мојот празен да го сликам, да видите што е диета.
СДК една од причините зошто да не грицкате прсти или нокти е таа што ќе ви потече крв од мевцето и притоа ќе ве пече при миење на садови. Ова од искуство ви го кажувам за да знаете што не треба да правите. Плишковциве ми се ко деца немирни, ме пукнаа. Едно гладно ме каса по нозе ко куче, друго мкне, си игра пердиња, трето ми го грицка кабелчето за интернетот. Во ниедно време шкрткам низ тетратка забелешки, се обидувам да се присетам на дел од изминатите искуства, се спремам, чувствувам трема и паника ко деновите кога бев на факултет.
Треба некој ова да ни го каже, да ни го шепне, а ако треба и да ни го истетовира по телото... За наше добро.... затоа нека си трепка тука!
Еј, од ова ако излезе приказна со среќен крај, навистина ќе биде сценарио за книга, па и за филм. Бестселер, ненадминлив трилер, љубовноеротски, тензичен.
Сакам да кажам дека "не можам" е одговор не доволно добар, кој ретко е во наша полза. Дали било тоа неможност да се направи нешто, или неможност да се собери доволно волја, храброст, тоа е само недостаток на мотивираност и желба да се надмине дадена ситуација, или можеби и мала надеж дека нешто само ќе се смени на подобро, колку и да е неизвесна ситуацијата. Надежта е добра и без надеж за подобра иднина нема да се стремиме кон истата, но согледување на реалноста и реалните ситуации ни помага да бидиме вистински спремни за она што доаѓа. На крај, балансот е речиси одговор на се. Се што не е ни премногу, ни премалку е речиси совршено. Држењето на т.н. "златна средина" е клуч да не очекуваме премногу, но не и премалку, туку доволно. Да не бидиме пресреќни и да не сме способни да искусиме малку несреќа, туку и среќата и несреќата да бидат релативно блиску и ние да сме спремни да се справиме со секоја ситуација лесно.
Pod impresii od knigata sto ja procitav vcera... SEUSTE. Mnogu tazna mi se vide i mi predizvika blagorodni cuvstva... ne mislev deka ke si najdam druga omilena, tolku bev razocarana od ona sto se nudi.
@stetoskop јас према тоа што го имам увидено кај повеќе луѓе низ годините со кои сум зборала, било во смисла на изговор за "не". Камо да беше кај повеќето обидување пак.
Спомените ги чуваш толку долго само заради тоа што... тие се единственото нешто што нема да се промени... иако ти се менуваш.
Можеби испаднав похрабра од сите. Можеби навистина суперхеројот живее во мене. Додека чекав друг да стави крај, јас го ставив. Додека чекав друг да прежали, јас прежалив. Додека чекав друг да направи прв чекор, јас направив. Додека некој го поминува животот во чекање, јас изгледа го живеам. Така викаат...
Викаат дека болката споделена со саканите личности, болела помалку .. Како не ... Споделив ... болеше .. веројатно реакцијата ќе биде - мех, ништо..живот иде даље... Тешко е да успеат луѓето да те разберат, затоа што не е нивна болка ..
Ми доаѓа да потонам во еден длабок сон. Да се разбудам откако грижите и нервозите ќе заминат далеку од мене. Годинава ужас ми е. И денес толку многу сум нервозна што не можам да се поднесам ни самата себе.
Две недели боледување...дома досадно..некој од Скопје расположен за кафе или пиво низ кеј,парк или прошетка едноставно. Раката у завој уште
Импресивно е како создреваме, како раснеме без да забележиме. На прагот на 30тката а ете ме похрабра од кога било да кажам што чувствувам во лице, погорда од било кога на себе, на се што сум сторила сама, поодлучна од било кога да имам тоа што сакам, и поцврста од било кога да знам што заслужувам... Раснеме...ама кој ти знаел
Септември... Надвор ладно, внатре топло. Дома се шетам по фустанче и чорапи. Со висока несредена пунѓа. Тој на секое поминување ме бакнува и ми вели дека сум најубава така. Реалноста е дека изгледам ко после цунами. Кафе пијам на тераса, на празниот желудник му смета и веќе почнуваат да ми се тресат нозете и да имам тахикардија. Ставам пиперки да се печат, да јадеме макало со многу лук и сирење. А вечер топло какао или несквик, и филм кој што е спремен уште од сега. Мачката и нејзиното маче стуткани едно до друго, еден повик до дома чисто за да ми дојде душата на место. И сфаќаш дека во море сивила и проблеми, здравствени и психички, сепак имаш идила и свој мал рај. Не е многу, веројатно не е ништо за некој, мене ми значи се!