Луѓенца,мислев,мислев и размислив...имињата на нашите села можеби нас ни звучат смешно,но кога ќе размисли човек поубаво,преведено на англиски тие имаат звучност...онака јака звучност нешто како топ си кисче мва Еве примери: Коњари-Horseboys Кравари-Cowboys Кривогаштани(гашта-гаќа/гаќи)-Wrongpants Братиндол-Brothervalley Подмочани-Underpee Мала речица-Little river Кукуречани-Ofofriver Цапари-Camoney Карамани-(кара на турски е црно,а мани на битолски дијалект е удри)-Blackhit Прдејци-Fartboys
Nekoi lugje kolku i da sme gi smetale za stabilni, kako duvne veter taka menuvaat mislenje. A jas mislev sum labilna..
Сдк кога го гледам брат ми како спие како маченце ми се иде да му се стуткам и да почнам да му мјаукам. И ќеф ми е што по цел ден спиеме во иста соба се создава убава енергија и топлина. Како маченца кога легнат во кошничка. Штета што не е таков да сака да се гушка. Братче мое како испадна толку нежно детенце, со нежна кожа, плави очиња и косичка. Душичка моја гордост моја, 5 години си помал, а мускули 5 пати поголеми од моите... mwa mwa mwa порасна сеа и се осеќаш ко геј коа те бакнувам и гушкам, а нема потреба бато те сака најмногу на светот, ти си најубавото нешто што ми се случило сонце мило... ооо те гушкам ооо сонце златно... знам дека ти идам на живци ама мјау мјау. Ми текнува јас 5 години го донесоа во плава кошничка, цела соба мирисаше на бебе и пудро и бекутан... ја прашав мајка ми може да го бакнам братчето? - Може бе сине... ми одговори... па еден ден фати сипаница и ми забранија да го бакнувам... ееех ... 2000та година...
На мојата дланка ги држам своите петнаесет години. Во мојот ум, владее минатото, а размислувањата патуваат некаде кон иднината. Погледнувам во огледалото и ја забележувам сегашноста. Да, мојата сегашност е овој момент, мојата сегашност е мое царство изградено од минатото, а сè уште недовршено, бидејќи ја чека иднината! Јас сум израз на човек чија насмевка го отсликува недопреното срце во мене, чии мисли кажуваат многу, а сепак за некој толку малку... јас сум тоа што сакам да бидам, девојче чии чекори ќе бидат богат вез на патот послан со златен килим, но девојче кое секојдневно ги слуша своите мечти, кое сака да ги протолкува своите скриени тајни и кое... кое танцува по грапавиот под од својот живот под влијание на лаежот од веќе одамна разбудениот пес во него... Дали за вас длабочината би претставувала само недофатна замисла чие дно ниту можете да го видите, а најмалку да го допрете? Ете, за мене длабочината само претставуваше поим кај кој секојпат го гледав дното, се загледував во празнината и наеднаш стапнував во студенило, но сепак тоа беше крајот, а новиот почеток веќе беше видлив за мене на хоризонтот. Но сега кога на мојот пат се издигнаа повеќе згради, кога некои од деловите на патот се обоаја во сиво... јас знам!... Знам дека секоја длабочина има свој крај, но за нас крајот е тешко достапен. Златните скали за нас се појавуваат дури после низа размислувања, во нашата градина почнуваат да цветаат црвените рози со својата жаркост за живот, дури откако после решеното се стави упорноста! Мојата душа наликува на тунел... мојата глава е мрачен лавиринт. Понекогаш во него блеснуваат некои молњи што осветлуваат некакви ходници... но... никогаш не дознавам зошто правам одредени работи... Го слушам лаежот, го следам... сакам да го протолкувам... Ох, само колку ме измачува оваа секојдневна иста песна!!! Ја отворам вратата на мојата душа, внатре само празни одаи од кои бликнуваат вресоци на незадоволство и спомени, на прозорците застанати скриени тајни се обидуваат да излезат на слобода... копнеат по тоа да бидат откриени, желни се за совет од друг, но никако не си допуштаат да го стават клучот во клучалката и конечно да ја состават загатката. Не мислев дека мојата душа би можела да претставува толку долг ходник, тапо чекорам по него, а никако да постигнам доволна брзина за да стигнам до влажниот ѕид, чии пукнатини ќе претставуваат мое писмо, а кое писмо... хе... кое писмо ќе го запре лаежот во мене, ќе ги отклучи сите затворени врати и прозорци... односно ќе направи животот да ми биде ден, дури и во ноќта! Бледникавата светлина која се јавува пред мене, на мојот пат, во тој куп од прашина ми открива само едно единствено нешто... пред тој влажен ѕид .. пред тоа за мене сè уште непознато писмо... одекнува лаежот, а песот никаде го нема. Околу мене само ѕидови, а пред мене исто така огромен ѕид, на кое пукнатините испишале: „Не дојде на овој свет за да бидеш поразена! Не ги прекривај своите очи со премрежје кое само може да те збуни ... помисли на стореното но не се казнувај, само потруди се грешката да не ти се повтори. Затоа што јас, твојата совест упорно лаам во тебе, бидејќи ти мене ме разбуди од мојот сон, а сега кога си го пронајде своето Јас остави ме да заспијам, за да не бидам само здодевен пес кој те буди наутро и кој ти го донесува сонот навечер!“ Овие зборови се залепија врз моето срце, како мува на леплива лента. Во главата ми кружеше слика обојана од моите грешки, платно од петнаесетгодишен колорит, започнат со плач, следен од детски смев, а издигнат во расудувања и замисли... Сфатив дека само половина сме будни во споредба на она колку треба да бидеме, затвораме врати на нешта кои можат да нѝ донесат победа, а клучот го даваме во погрешни раце кои можат да нѝ изградат крај! Затоа, да се предадеме на упорноста и да го убиеме здодевното лаење на совеста во нас... да истраеме за да успееме! Spoiler: copyright Струшка12 (не можам да ја тагнам).Во тема состави Мене ова ми се допадна ептен,можеби е копирано од друго место.Ама ете...
Сакам да кажам дека во основните училишта, наставниците и другите надлежни, треба да обрнуваат повеќе внимание на оние мирните дечиња, што не зборуваат многу, што седат сами во клупа и трпат секакви навреди од соучениците. Ни криви ни должни страдаат, нема кој да ги брани, нема никој на нивна страна. Немаат храброст сами да се спротивстават на насилниците. Многу често кријат во себе се што им се случува и немаат храброст да се пожалат кај наставник, бидејќи се плашат да не стане уште полошо. Истите тие деца подоцна стануваат анксиозни и депресивни, се плашат од луѓе, се плашат да зборнат, да не бидат повторно јавно понижени и отфрлени. Се плашат да излезат во сабота невечер, да не сретнат некои од насилниците, по улица да им довикуваат со секакви навредливи зборови. Гнасно е што се' се случува низ училишните ходници, а останува незабележано од страна на возрасен. Не е се симптом на пубертет. Можеби се нерасположени и депресивни бидејќи со страв одат на училиште, можеби се преправаат дека се болни за да избегнат уште еден ден со насилници.. Знам како е да се биде тоа дете, затоа што сум била. Цели 9 години. Никогаш не успеав да се вклопам. Се дружев со две-три девојки со кои многу често се каравме, и тоа беше се. Сега учам со прекрасни деца, во прекрасен клас и училиште, ама ќе излажам ако речам дека не ги чувствувам последиците од тие пеколни години. Мора нешто да се промени, бидејќи има многу невини деца што секојдневно страдаат. Никое дете не заслужува детство исполнето со нервоза, страв и плачење.
Гледам премногу нови луѓе и мило ми е што форумот сеуште функционира. Случајно одлучив да се логирам после цела година и сфатив дека јас на форумов сум цели 7 години! Па си поминав низ еден времеплов низ годините и навистина ми недостигаат сите тие ликови кои ми беа секојдневие. Еве, ветувам дека почесто ќе посетувам иако ќе ми треба сега време да видам што се случува тука и да бидам во тек со настаните За сите што не ги знам јас сум Синтија, мило ми е. А за тие што ги знам, ако случајно ме читнете, добро ве најдов и ве гушкам најсилно, ми фалевте и потајно проверував кога имав можност дали сте активни
Ова! Освен сексуално образование, мора да се погрижат и за овој конкретен проблем. Поттикнување на самодоверба каде што недостасува. И тие насилни деца треба да бидат строго казнети... И јас сум тоа дете што беше исмевано и понижувано. И уште сум. Никогаш не научив како да се одбранам од тие насилници. А ги има и денес.
Ја гледам темата со фотографии од вашата чанта, па ја погледнав мојата, како прв пат да ја гледам. Паломи, апчиња, ибупрофен крем, магнезиум, б6, ханзапласт... се почувствував доста постара Не можам да се снајдам во големи чанти, никогаш не ми биле јасни. Треба да има џепчиња и прегради, да биде уредно, не ставам леб и млеко па да можам лесно да ги најдам. Ме фрустрира кога ќе се изгубам во чантата. Добро утро патем, добри? Се губам во моменти, како да се набљудуваш себеси од страна и се прашуваш кој по ѓаволите е овој човек?! Можеби премногу се анализирам себеси. Признавам, имам страв. И не знам како да го победам. Од друга страна, убавини. Не биднува ништо само од себе, само работа и трпение. Ужасно многу ми се патува Кафето се испи дур да штракнам два три реда. На работа, на труд! Убав ден дечки
НЕ НЕ СЕ ПЛАШАМ ДА СУМ САМА, СМАЧЕНО МИ Е ДА СУМ САМА!!! Ама ти си во врска ми велат, ако раскинеш ќе си сама. Да ако раскинам ќе сум навистина сама и ќе отворам простор да се појави некој кој навистина ќе ми е посветен. Ама сегашниот е прекрасен. Да вистина е така прекрасен е, но не е до мене туку на стотици километри од мене, години се во прашање. Години ветува дека ќе бидеме заедно , години ветува дека ќе заспиваме и ќе се будиме заедно, но веќе ми е сеедно. Како тоа си оладила кон него? Така едноставно кога некој не е со тебе физички долго време ти останува близок колку ВИП секретарката... Се претвора во глас што ти кажува неколку пати на ден, дека те сака , дека му значиш , дека му недостигаш... Ама се е џабе ако не се презема ништо да се промени. И џабе кога душата ти е празна...
Сакам да кажам, изгледа другар ми има мака...ама во право е А да...оглас ќе беше ова ... Продавам бикови .. за кога мажите не ви се дома .. За кравата од погоре
Она кога ќе се сетиш на времето кога на час по биологија во петто наместо "организам" велевте "оргазам" притоа немајќи поим што значи тоа,којзнае колку и е било непријатно на наставничката,абе детство,денешниве деца се знаат,јас си бев муле на пример,и така....