Постои ли подобро чувство од тоа да се извежбаш нозе во теретана. Да јадеш регуларно и да се отспиеш добри 8 саати. Да се разбодиш додека сонцето ја осветлува твојата соба, а од прозорот да гледаш шуми и да слушаш како децата излегуваат од одмор на школо. Ех... слушајки го тој детски глас одма се вратив низ мислите како го зафркавав наставникот дека брчките на челото му се петолиние, кога тој на час по музикчко ме прашуваше „Даерн бе, што ме гледаш, пеј! Немам на челото петолиние јас“
Конечно добрите вести кои сакав да ги слушнам.Сега се полесно. Конечно, агонијата која прогонуваше 10 дена,ја нема. Лесно се осетив во душата.
Никогаш нема да ја имаме совршената информација пред да донесеме главна одлука. Не/оправданоста на постапката станува појасна по соочувањето со ситуацијата.
Често по тротоарот пред мојот дом минува еден татко кој за рака го води својот син кој има ментална попреченост. Детето, по претпоставка, има не повеќе од 17 години. Шетаат. Ги гледам и размислувам за чувствата на тоа дете. Секако, што и да ми падне на памет, сигурно е далеку од вистината. Се прашувам колку му е потребно на тоа дете за да биде среќно. Зошто некои луѓе кои се и физички и психички здрави, не го ценат тоа што го имаат? Зошто некои луѓе се толку алчни за повеќе и не го гледаат своето богатство? Но животот е таков што, секогаш, ќе најде начин да научи секого да го цени она што го има(л).
Прекрасен ден, уште по прекрасни луѓе. Времето најдолго го поминав убедувајќи ги моиве да не се мачат да го поправаат рутерот бидејќи кога не овластено лице ќе им бркне во џигерот на тие мали нешта, толку од нив. Вчера бев заплеткан со интернет кабли, денес изигравав хаус мајстор, на крајот се заврши океј. Борбата беше да се спасат 600 денари за сервис, знаев дека ќе успеам и успеав. Секогаш треба првин добро да го набљудуваме проблемот и да се увериме дали е навистина проблемот во тоа што мислиме или во нешто друго, потоа да дејствуваме.
Едвај ја чекам есента да пристигне, посебно периодот блиску до Ноќта на Вештерките... гледам филмови од типот на Адамс фемили, Хокус Покус, Каспер и ми е најубаво да се стуткам во кревет со ќебето врз мене, Есента е преубава и во естетска смисла (но тоа важи и за зимата, онаа зима со снег). Добра ноќ феминки
Мора да избереме да бидеме оптимисти и покрај сите трагедии во животот. Дури и во твоите најтемни моменти можеш да избереш да ги гледаш нив како нешто што те направиле посилен.
Се зачленив у групана на фејс ,, Женски домаќински муабети ( емотикон од фламенко плесачица ) ,,... Некоја 30 годишна што исто така се зачленила, објавила онаков статус со позадина со срциња ,, Благодарам за приемот во групата ,,...Има два лајка... Добро е, има бетер и од мене... Се зачленив у групана за Хроно што е српска или хрватска, сеедно... Луѓе објавуваат рецепти, прашуваат за совет или предлог за оброк...или ставаат слики од напредокот, и се тоа писмено напишано...Добро е, има надеж и за Балканов... Се зачленив у Хроно групана за Македонија...Да разберев шо пишуваше, и ќе прокоментирав нешо.Лошо е, нема бетер од нас...
Green Day, Simple Plan, Nickelback, Aerosmith, The Fray, Linkin Park, Oasis, Daughtry, Three Days Grace, Scorpions, Iris, Red Hot Chili Peppers, Bon Jovi, R.E.M, Evanescence, и животот е подобар!!
Семејството не го сочинуваат само оние со кои сме во крвно сродство .Го сочинуваат и оние кои не држат за рака тогаш кога ни е најпотребно.
Извини за тоа што го правам. Има оган во мене кој долго гори и неможам да го запрам. Воедно, фала ти што си секогаш тука за мене. Твојата утеха ми е неопходна.. не сакам ни да замислам што би правела ако те немам....
Боли што сите си заминуваат. Што молчиме на телефоните, откако се ќе си кажеме, ама не сакаме да спуштиме. Затоа што зборовите не ги доловуваат недостигањата, не ги дополнуваат празнините. И се довикуваме, кој да дојде, кој да отиде, еднаш, едвај два пати во годината. И ќе се случи нешто убаво, и се радуваш, ама не можеш убаво да го споделиш, затоа што ги нема да ги гушнеш, да им ги видиш насмевките, затоа што допирот е енормно важен. И така доста често, ќе ги кратиш случувањата, за да не боли што не се тука, што не сме таму... Еден по друг... колку многу збогувања. За убаво нека е.
Градот Скопје е како во шише од 2 литри да ставаш 3 литри вода хаус мајсторе. Е толку е нема место отвори задна мајсторе Битно згради се градат Имајте Убав ден
Секогаш бидете свои, уникатни, а не да се претопувате во она што го гледате околу вас. Не се губете себеси туку бидете најдобрата верзија од себе, секој ден.
Дека членовите на овој форум се прекрасни и секогаш спремни да ти помогнат за разлика од некој што го гледаш секојдневно, браво девојки одлични сте!