Секогаш постојат личности кои го посакуваат мојот неуспех,но се обидувам секојдневно да ги разочарувам.
Во последно време како да станува тренд во јавноста, кој се пренесува и во приватните односи со луѓето во секојдневието - многу личности после нешто сериозно погрешно кажано, да се „погрешно разберени“. Ќе треснат нешто полно со злоба и на многу нивоа погрешно, ќе навредат некого, ќе си го погазат угледот и сето она позитивно што луѓето го гледаат во нив или пак длабоките лични чувства со блиски познаници - и на крај се погрешно разберени... жртви, или пак можеби и на повисоко ниво на интелигенција од тие што се навредиле и кои не умеат правилно да им ја разберат (непостоечката) различна суштина на глупостите што излегле од нив. Е па, не може така другари... Понекогаш и само една реченица е доволна да ја издигне сликата за тебе до небо, или пак да те избрука максимално. Кога се осмелуваш да чепкаш длабоко по нечии чувства и принципи, после треба и да си подготвен на последиците. Зборовите се најмоќното оружје. Не им ја потценувајте моќта за да ја избегнете одговорноста за нив
Уф колку ги сакам овие луѓе од крв и месо... им се вика - викаат им се плаче - плачат лути се - врескаат тоа ни треба во овој пластичен свет во кој сите глумат лудило, емоции, вистински силни емоции!
Има ли смисла да се живее овој бесмислен живот?? Повторно сум една безживотна марионета, фрлена во темен прашлив подрум...безнадежно чекам некој да дојде и да ги земе конците, да ме размрда и оживее, да ме разигра, да ми даде сила, воља....што беше тоа, зошто толку голем напор треба, толку сила за да ја поттикнам крвта повторно да ми тече во вените, да ми се врати енергијата... Ах, пуста депресија, повторно ме кутна во длабочината на твоите депонии...повторно ќе чекам некој да дојде и да го стисне копчето на ОН, да ми вклучи програма за да можам нормално да функционирам....зошто неможам сето тоа сама да го сторам
Четири часа со лепотите на вујна, срце полно! Дечкото е пораснат и се заљубил веќе во имењачка. A дамава со она слатко "уаууууу" кога ќе и покажам нешто, 2 забчиња како бисери и она невино трепкање кога ќе направи беља.... Живот продолжуваат.
Не знам дали имам пишувано дека станувам рано за да го `фатам` денот. Се уште ги сакам утрата, кога цел ден го имаш пред себе за што и да треба. Во последно време, седеjки и гледаjки серии до ниедно време, гледам дека и нокта си има своja убавина. Така и оваа вечер, со чаша бело вино до себе, е исто убава како и претходните.
Неможам да спијам, те мислам до каде си стигнат, уште колку време ни оатанува за да се гушнеме и повтоено да бидеме семејатво.
Ќе почнам нова книга да читам "Ако не постои утре" ( сакав кафе да си направам ама испадна какао, немаше кафе)
Покажувањето емоции и барањето помош не се показатели на слабост, туку на сила. Поентата не е сокривање и бегање, туку соочување и споделување.
Следењето на фотографските содржини на интернет порталите и обидите да се копираат нечии постапки и дела, поголеми се шансите да се изгуби личниот идентитет отколку да се биде верна копија на оригиналот. Зарем трансформацијата во непозната личност повеќе може да го исполни егото???
Сонце, кафе, прошетка со драги луѓе. Насмевки. Позитивна енергија. Малите нешта ме прават најзадоволна.
Едно е да го почнеш денот со кафе и цигари, а сосема друго е кога денот ќе ти почне со чаша лимонада и лажица мед/маџун. Исто како што има разлика дали прво во стомак ќе ставиш паштета и виршла, или јаболко и банана. Често се правдаме дека сабајле бразме и немаме време за таков поздрав начин на почнување на денот, ама тоа е само обична лага...Правење лимонада одзема неверојатна 1 минута, а банана и јаболко може по пат да ги каснеш. Пробуваш еден ден така, па втор, па трет...И веќе забележуваш дека ритуалот ти станува навика, па самото тело ти бара витамини сабајле, а кафето и цигарите не ти се толку потребни. Многу позитивно влијае и на расположение, и на здравје, и на енергија. ХраниСеЗдраво-ЖивејЗдраво
Случајните фотографии се најубави. Ама оние навистина случајни. На кои ниту позирате ниту местите вештачка насмевка. Фотографиите на кои сте навистина среќни. Фатени додека со најчистите емоции се вложувате во некоја работа. И гледате колку сте навистина убави. И дека ниедна шминка не би можела да го долови тој ефект.