Почнав поактивно да вежбам од вчера, ама на блиските им реков дека вежбам подолго време и ги замолив да ми кажат дали се приметува разлика кај мене...Кажувајќи лага, им направив мал тест за да видам кој е искрен. Домашните беа сурови ама реални: - Па не се приметува баш дека си вежбала. - Што знам..Нема разлика...Ама продолжи да си вежбаш. - Мене ми изгледаш буквално исто. - Може не вежбаш правилно. А другари/ките беа добри ама ме излажаа: - Леле јас те приметив деновиве дека задникот ти изгледа поцврст. - Навистина се гледа дека си вежбала. - Дома вежбаш или почна да одиш некаде? - Ќе ми ги кажеш вежбите? Се гледа дека делува убаво и свежно на тебе. Не знам дали општо луѓево несвесно го гледаат она што ќе им речеш (ко таа приказната кога на некоја здрава жена сите и викале дека е бледа, па таа навистина се разболела од грижи)...или намерно во лице те лажат за да не им се налутиш. Како и да е...По вакви мали ситници, ќе им го видиш вистинското лице за поголеми работи во иднина Детектив левел....
Денес е роденден на жената што ми дала живот. Жената што најмногу и безусловно ме сака. Што се радува, а и плаче со мене. Среќен роденден мајко моја најсакана. Насмевката никогаш да не се тргне од твоето лице. Биди ми најсреќна.
Иронија е кај сум моментално и кај го пијам првото кафе. Иронија е животот. Иронично е како панично бегаме од "јас тоа никогаш не би го сторила" а уствари трчаме накај него. Понекогаш замижувам и го живеам животот најдобро што можам, но утре? Како утре? Утре е понеделник. Понеделник беше и тогаш еднаш кога изгубив се. Затоа ги мразам понеделниците.
Koga ke ti donesat pojadok na vrata ,da te zablazat malku i da vidat da ne ti treba nesto...edinstveni se ....
Ќе те даде Бог жена, па ќе ти даде куп роднини женски, па ќе ти даде најдобри другарчиња жени, па ќе ти даде баба феминистка, па ќе ти се „затруе“ крвта со толку емотивност и поврзаност, па згора на се и ќе ти се даде работа со жени и нивно офрабрување, па еднаш ќе изезеш и ќе слушаш како сите тие патат по некој кој им го ископал срцето, па ќе ти дојде да сакаш да иим кажеш на сите мажи: „Мигот не се повторува, а сите ние жени сакаме да сме „доминирани“, однносно научете се да слушате, да прашувате, да тешите и земате в прегратка, а веднаш после ваквите долги разговори добро да ебете... Научете те се да го корирстите мигот и да изградите бликост и доверба и комуникација“ Зошто време е да се прекине маѓичиот круг на „што ќе беше да беше“ и на мигот „зошто не зборевме пред 10 , 7 , 5 години“ и на мигот „премолчено те сакам и ми требаш“ Ајде мажи, бидете мажи и покажете слабост, дрскост и решителност! Само храбро!
Индискретно зјапање во насока на туѓ телефон додека непознат до тебе (во автобус, на пример) си чепка и чита на истиот, би требало да е слично општествено неприфатливо колку отварање писма на рандом непозната личност.
Треба да напишам есеј на тема како ја замислувам иднината во 2050 година. Од сега тоа се + 33 години кои не се малку... Пишувањето на ваква тема не ми создава позитивни чувства, туку напротив, страв од иднината. Секој може да седне и да напише најидеален состав, да замисли прекрасна иднина... Но, ние не знаеме што ни носи утрешниот ден, секој ден е се понепредвидлив... Не сакам да размислувам и да пишувам за иднината за да не се разочарам. Сакам да и се посветам на сегашноста и на поблиската иднина (под поблиска иднина подразбирам максимум 5 години). Не сакам долгорочни планови, сакам сегашноста да си ја направам убава.
По синоќешната забава се разбудив доцна. Прекрасна забава беше тоа со најмилата до тебе и ја гледаш нејзината среќа. Среќа - најсреќа. Мене ваквото спиење ми штети, јас сум ранобудник. А времево, времево само за филм и пуканки. Имајте подобро попладне од мене.
Кога денот ќе ти тргне за нигде... земаш кафе да те направи посреќна... а ни тоа не си го погодила... бараш нешто цело време, те прашува некој што бараш? Како да кажеш дека си го бараш трпението...
Мирисот од старото шишенце истрошен парфем повторно ме враќа во оние волшебни денови. Мислев дека на среќата и` нема крај. Бев речиси безгрижна. Да, во мене живееше стравот од загуба, стравот од самотија. Но не размислував за ударите што може да ми ги приреди животот. Од тие височини да ме прати на дното. Мирисот од парфемот не избледува. Го користев тогаш, кога во еуфорија се дотерував, за да и` бидам убава на една личност, само на една личност. Ставав само парфем, сјајот во очите и насмевката како сами да ми се цртаа на лицето. Спомените во мене се толку живи... Љубовта уште пожива, станува се` посилна од ден на ден и ме потсетува дека не смеам ни да помислам да се откажам. Дека имам за кого да се борам. Ова го посветувам на сите оние што чекаат некого. За сите оние што ги бројат деновите на календарот до нешто ветено, до среќата што се чини толку далечна, а сепак е толку блиску. Не ни помислувајте да се откажете. Се` ќе се исплати, штом љубовта живее во вас.
Солзите сами течат. Сакам да ги запрам. Не можам. Боли. Многу боли. Уште една млада душа ги затвори очите засекогаш. Моја сограѓанка, моја генерација... Зарем многу и беа годините? Животе зошто???
Несмасна сум. Често ми го кажуваат тоа. Како што го скршив огледалото, така и тие очи, во кои губев осет за простор и време, кои беа мојата омилена дрога. Сега се иста боја како онаа што се криеше зад огледалцето. И сѐ уште не знам како ги скршив, кога целта ми беше спротивна.
Јас сум од онаа група на луѓе на кои им е здосадено од излегувања,од гужви,па мрза ме фаќа и да се шминкам и облекувам...ама затоа штом ќе излезам враќање до сабајле нема дома,и притоа задолжително мора мало опивање,да не речам пијанчење да има
Ако си физички уморен, ќе легнеш да поспиеш, кога ќе се разбудиш си како нов човек, но ако си психички уморен, колку сакаш спиј, ама кога ќе се разбудиш уште ќе ти се спие и ќе се чувствуваш како да те прегазил товарен воз.