Каков ден дури сега се прибирам и имам сила и за вежбање и кога ќе дојдам од таму креветот златен и толку му е. Супер ден барем резултатот е среќен крај.
Што е подобро,искреност која боли,ама онака да те повреди толку силно како да ти ги скршиле сите коски од телото,или ладно игнорирање? Никогаш не ја научив вистинската разлика,ама и двете работи сум ги осетила и двете ме болеле...
Ако може една желба само да ми се исполни од сите, Ако може една молитва само да ми е услишена од сите, Ако можам магија да сторам или волшебно стапче да украдам - верувај се би направила само да ни си здрав. Ете само тоа го сакам. Ништо друго. Ништо друго на овој свет.
Осетливоста е битна карактеристика и еден од повисоките облици на интелигенција. СДК дека е без корисно да се обидуваш да им ја објасниш на оние кои ја немаат.
Кога сме веќе кај коли и горива јас да си кажам дека го обожавам мирисот на бензин, од било која кола.
Сабајлево се уверив колку само децата стварно имаат чиста душа. Брат ми, 9 годишен е ама е 5то одделение, порано е запишан и додека другите се по 10-11 години кај него, он си се понаша баш ко за годините и мило ми е што за разлика од мене, што исто сум најмала и тоа по 2 години од некои у клас, барем не дозволи да порасне и созрее побрзо. Јас бидејќи бев во таква средина, никогаш не размислував баш ко за моите години, секогаш постаро размислував. Ама добро различни карактери сме ваљда и различно ни влијаат работите Имал домашно по општество, бидејќи учеле тема за политика нешто, да напише состав “јас сум пратеник“. И сабајлево си станал, си пишувал и доаѓа ми вика „дада, ај види текстов дали ти се допаѓа“. Го читам и гледам пишувал: Јас сум пратеник, но пред се сум едно обично дете. Викендите сакам да си ги поминувам со другарчињата и да си играм, но за народот сум достапен цело време, да ги ислушам проблемите нивни и да им помогнам. Ништо не ми менува тоа што ме избраа за пратеник, бидејќи после 4 години јас пак ќе си бидам истото дете и затоа нема да дозволам тоа што сум пратеник да ме промени. Камоли да размислуваа сите политичари вака. Изгледа државава, а и светов ќе беше подобро место за живеење.
Вечно име тато, јас ќе ти посакам пред се здравје бидејќи тоа е најважното од се. Се да ни помине во најдобар ред и да бидеме мирни. Да си ми жив и здрав, ти си ми се, мојот најдобар пријател и доверител. Те сакам.
Секогаш сум позитивна за све сакам и таква да останам,еден ни е животот треба да најдеме убавина во секоја ситуација и најтешките мигови да ги поминеме и на крај да останеме силни...секое лошо за добро е