И да знам каде да кажам да ми биде полесно,а никого да не отежнам...и да знам каде главата да си ја потпрам да се исплачам...и да знам да бидам силна да можам да ја поднесам болкава во градиве која е чудна и тлее,да можам да бидам силна да ги проголтам восочните лица...сила да допрам студени раце. Сега знам колку проклето многу си виновен што постојам и колку ми е празно во душава. 30 Септември, 2009 И денес ми фали...еднакво. Во низата спомени кои месециве ги роварам, ми излезе ова. Сум го напишала да ми олесни. И еднакво боли како тогаш. Тогаш само 20 години... како вчера да било.
Еден дедо ми даде предност у банка, да не сум чекала он си имал цел ден пред него. А редицата беше бааги голема. (Нормално му кажав дека не се брзам за никаде и му ја оставив предноста)
Да се чудиш, никако не им одговара на луѓево. Кога не си опуштен пред нив муабетот е што се срамиш, ајде збори, човек ќе помисли немаш мислење и такви муабети ќе ти редат. Ќе дојде момент ќе се опуштиш пред истите и како секој нормален во даден момент ќе се нашалиш при дадена можност. Се разбира без да навредиш некој. Таква личност сум, која сака да се зеза и обожава сарказам. Секој што ми е поблизок и сум опуштена пред него сакам да се зезам. Опуштена сум со луѓето кои ми одговараат и сакам да има добро расположение во друштвото. Ме нервира моментот кога ќе ми кажат дека не можат да ме сфатат сериозно дека цело време се зезам. Се извинувам, но кога имате проблем и ви треба некој да ве сослуша одма трчате кај мене. Знаете дека ќе ве сослушам и ќе ви дадам совет за таа ситуација како јас би ја решила. Ме барате само кога треба да ве развесели некој. Не може тоа така. Чест на исклучоци кои секогаш биле тука до мене. Сте ме виделе во најлошото затоа и сум опуштена со вас. Се додека вие ме разбирате дека се зезам и не бегате од мене се ќе биде во ред. Редно е со некои луѓе да си расчистам.
Нека овој ден ни подари среќа,мир и хармонија,нека е за многу години св.Архангел Михаил. Среќна слава и именден на сите што слават
Го слушам Зајко како прича срПски.... Јаооо братееее, као да је из Лесковац. Али малку обоен... Страшно!
Премногу е студено. Студот ми навлегува во сите коски, а ветрот е див и суров и не ги остава на мир есенските лисја и маглата е тука да ја направи атмосферата уште поморничава. Зимата е на прагот, а мене уште сега ептен ми недостигаат летните денови, долги и светли и неуморното сонце кое печеше по цел ден.
Кој и да има било каков проблем, се обраќа кај мене... Секогаш сум тука да го ислушам, да му дадам совет. Во друштвото ми викаат дека сум била прав психолог... Но како да се утешам себеси? Не можам повеќе, душата ми е изедена, срцето ме боли.. Јас сум само еден мртовец на кој му работат органите. Ништо повеќе... Не можам повеќе во овој хорор, па да бев куче поубаво ќе живеев. Отсекогаш сум била силна личност, се сум трпела, низ се сум минувала со крената глава. Повеќе не можам, немам сила, немам волја за живот. Имам само една мајка која срцето ми го кине кога ќе ја видам како скришно плаче...
СДК дека многу сум осамена, кога на 20 години ти си црна точка дека немаш дечко, според другите ти не си интересна и неможеш да најдеш друшто да излезиш на кафе дека сите седат дома и дремат на фб или се со дечковците 24/7 и ако дојдат со тебе на кафе еднаш во двата месеци е ко тебе да ти прават ќејф, а всушност тоа е некој рандом момент кога нивните дечковци се зафатени .. fuck
Ајде де мислев имаат идеален брак, а тој се налути бидејќи дошол со колата да ги земе детето и жена му, а филм гледал Чудни се луѓето
Која им е функцијата на теткициве по фб до со селфиња каде што муцката им е нашлапана до нос и продаваат лажен морал. До кога бе небитните ќе бидат тие што баратаат по општествово и ќе се прават паметни. Ми се гади од гнасиве.
Во една од групите на фејсбук мајка постирала оброк за дете и во опис 36+ . 3 години не е исто, или поубаво звучи?
Тоа е зошто мајките не сакаат да го прифатат фактот дека нивните чеда не се повеќе бебиња, туку растат и полнат две, три, четири години. Броењето месеци е како мала утеха.
Ги мразам ваквите ладни утра. Мразам што морам да станам од кревет. Што морам од топло да излезам на ладново. Уште како дете постојано се разболував. Ама тогаш седев дома на топло и настинката побргу минуваше. А сега колку и да не ми е добро морам да бидам на работа. Кашлам, кивам. Се чувствувам толку ужасно. Ниту ми се зборува, ниту ми се работи. Ама кој ме прашува. Кога мораш, мораш...