Одсекогаш сум била решителна личност. Но еве сега ризикот ме плаши. Стојам на раскрсница и не знам каде да тргнам, дали лево или десно...
Не ми се верува дека уште една година доаѓа при крај. Зошто му даваме мерка на времето, безобразно притиска. На работа, на љубов, на внимание, на семејство, на достигнување, на пари, на забава... време. Имам уште многу важни работи да завршам, пред да го напишам оној финалниот, срцепарајуќи годишен пост, каде ќе се исповедам што крава бев во претходнава година. Кога ќе излезат зборовите на површина, не е полесно. Не знам на кого му е полесно. Зборовите им даваат некоја форма на емоциите, на состојбата, на стравовите и тие стануваат реални. Зборувам, и потешко ми е. Не сум научена на ова. Глупости. Цела глупава. И така.. Барем ми помогна да увидам дека не сум истата таа. Ајде да направиме еден ден без време, без часови, минути, години, ден или ноќ...да нема концепт, да нема разбирање за време. Ај вондер, ај вондер...
Сите маркетинг трикови лесно палат кај ``осетливи ``категории како деца и трудници. На каса што попрво. Дали пазарлук да оставаме на лентата и да гледаме што побргу да почнеме веќе касираните продукти да ги враќаме во количка дали да пазиме киндер јајца да не има на дофат на малите детски рачиња од мадам моја . Паметните тие ставиле и плишани играчки, па мм да и одвлечел внимание од киднер јајцето и понуди плишана играчка. Ама стар ворс било, па и баш Јода го бендисала, нека се радувало детето. Е ај оди сега земи и го. На крај си плативме и јајцето и Јода. Не дека јас нешто поарна. На пат накај супермаркетот на радио рекламаза кфц. Толку ми требаше мене. Па ај, се натоварив со две покавања копанчиња за тоа да печам денес. Ги ставив под фолија. Има да крцкаат
Одвај чекам да ја накитам елката. Денес на уште една шопинг турнеја за најуникатни лампиони. Ќе свети со украсни сијалички,скромничка ама за мене најголемата и најубавта елка на цел свет. Полна ми е душата со најубавите новогодишни спомени.
Кога бевме мали,сите другарки заспиваа со омилените кукли и мечиња,само јас бев исклучокот,да не речам изродот Имав многу кукли,ама не ги сакав воопшто,па затоа ги "малтретирав" им ја корнев косата,им ги сечев градите сега,кога се присетувам на ова,се чувствувам како некое мало прикриено психопатче
Кога некој ќе почне да ми кажува дека живеење порано било поубаво, сакам да го мавам по глава со авионските карти од 40-50 евра за низ Европа. Се’ имаме, секаде можеме да шетаме и авионска карта до Париз е дупло поевтина од автобуска карта до Белград. Сакам да кажам, искористив попуст од визер и ќе одам на зимување во Париз.
Еден саботен ден (сега брзо), бевме собрани кај баба ми на гости. Правевме муабет, ама за момент настана тишина и само одеднаш од тв се слуша: - Тестостерону мој...Ти си мое подвижно тестостеронче...Дојди да те бакнам. (Од некоја серија) Сите се смееме и не можеме да поверуваме што слушаме, а баба ми се вмешува од позадина: - Ќутете не слушнав...Каков тостер бара? Со такви серии им е потполнето времето на пензионерите...Кога слушнале, кога недоослушнале Битно да се гледа нешто.
Порака од Филип Тројачанец: Дечки Фала ви за се За жал почина Во вардар Ако моѓе да избиршете се Фала Жалосно навистина.. Преку ноќ како можат да се сменат некои работи. Затоа следен пат, чим видите нешто сумљиво кај човек застанете го, пријавете во полиција нешто направете било што. Да ја сопреле тие неколкумина што ја виделе мислам дека ќе беше жива.. Лесна и земја.
Се замолуваат тие кои живеат во странство и сакаат да глумат поголеми Холанѓани од самите Холанѓани да не мислат дека ако се во Холандија дека Господ го фатиле за м**а и да не мислат дека треба рајава во Македонија што живее да им се поклонува и да ги пречекува со распослан црвен тепих. Зошто обично истите овие „фаци“ тука само глумат дека се некој и нешто а таму горе се кријат под мидерот на баба им и јадат паштета. Секоја чест на исклучоците де.
Од секогаш како малечка сум верувала дека дедо мраз постои, и сум посакувала желби да имам под елката многу пакетчиња, а денеска посакувам да можев да го вратам мојот ангел чувар, и моето семејство да ми е живо и здраво, секогаш да гледам насмевка на нивните лица, и мир и срека во нашиот дом, и нашите срца
,, Гош, баш си кучка.,, - рече една особа со намера да ме навреди ( ко демек ја не знам ). И се убацуваат ко у хор неколку особи у позадина ,, ali i dalje je zele ,,. ПоздраФ!
Жално е што само трагични случаи на самоубиства, и на славни личности низ светот па сега и сограѓанка, се тригер да се поттикнува нормален (не револуционерен, туку нормален!) поглед на депресијата, на психичките болести. Повторно истите емпатични и информирани личности ќе напишат статус за подигнување на свеста, па во тој момент под влијание на трагичниот настан на сите ќе им проработат емоции, ама за ден-два пак многумина ќе си продолжат со истата песна и свест на ниво на амеба која за жал не е искоренета - гледање и коментирање на нечија посета на психијатар како на нешто чудно, „занес“, „ненормалност“. И ќе продолжат да придонесуваат светот често да се чини како место на кое најлесно и најубаво е во умот на површните, нискосвесните и бесчувствителните...
Се прашувам зошто живеам, тоа прашање ми е ставено во главата уште од мала зошто баш јас ваков живот да имам зошто баш јас вакви родители да имам зошто сум се родила ако цел живот го поминам во плачење од мала плачам за се и сешто за секоја ситница повеќето е било за поголеми работи ама пак зошто, зошто баш јас. Викав си не сакам да бидам како мајка ми не сакам да станам како неа ама изгледа јас ќе бидам побетер од неа не знам, млада сум и секогаш си се тешев со тоа утре е нов ден и викав сакам да живеам за да видам што ќе се случе до каде ќе ме одведе животот судбината. И така изгледа затоа живеам за да гледам како другите живеат оти јас не знам како да живеам.